Новогодишен и божиќен базар до 31 декември во Скопје
Новогодишен и божиќен базар од денеска до 31 декември годинава ќе се реализира под отворено небо на платото на амфитеатарот на трговскиот центар Ист Гејт Мол.
Од Ист Гејт Мол најавуваат настап на жонглери, новогодишна претстава, диџеј, а на официјално отворање ќе настапи Елена Ристеска. Ќе има детска и музичка програма со концерти и настапи на Ареа, Нокаут, ДНК, Дарио, „Златно славејче“ и други групи.
За посетителите ќе има повеќе придобивки, како бесплатен паркинг, чување на миленичиња до четири часа…