Еди Марфи доби награда за животно дело, па се пошегува со Вил Смит


САД– Глумецот-комичар Еди Марфи, на доделувањето на „Златните глобуси“, го прими спацијалното одличје „Сесил Б. Демил“ за животно дело… И, во својот говор по тој повод, тој советуваше: Не кажувај го името на сопругата на Вил Смит! Со својата шега, Еди Марфи алудираше на минатогодишното доделување на „Оскарите“ кога по шегата за Џејда Пинкет-Смит, доделувачот […]

„Фу фајтерс“ продолжуваат без починатиот Тејлор Хокинс


САД – Американскиот рок-бенд „Фу фајтерс“ ги најави своите следни настапи, без трагично починатиот тапанар Тејлор Хокинс минатата година, јави Би-би-си. Составот, предводен од Дејв Грол, ќе свири на три американски фестивали ова лето – „Бостон колинг“ (Boston Calling) и „Соник темпл“ (Sonic Temple) во мај, а потоа и „Бонару“ (Bonnaroo) во јуни. И во […]

Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка – најмногу дожд во Крива Паланка


Најстудено утрово било на Попова Шапка каде се измерени -5 степени. По него следуваат и Берово и Крушево со -3 степени, -2 степени во Прилеп, Маврови Анови, -1 степен во Охрид, Претор, Битола, 0 степени се измерени во Крива Паланка, Тетово, 1 степен во Скопје-Петровец, Демир Капија, Виница, Дебар, 2 степени во Скопје-Зајчев Рид, Штип, […]

Газираните сокови придонесуваат за ќелавост кај мажите


Кина – На сѐ поголем број мажи им опаѓа косата, покажуваат новите истражувања. Меѓутоа, наводите посочуваат и дека прекумерното консумирање засладени пијалоци е поврзано со машката ќелавост. Наодите се на научници од Универзитетот Цингхуа во Пекинг и нивните наводи велат дека ќелавоста е речиси 30 пати почеста кај мажите кои пијат по еден газиран пијалак, […]

Бајден: Изненаден сум поради доверливите документи


Мексико – Претседателот на САД Џо Бајден изјави дека не е запознат со содржината на доверливите документи од времето кога тој беше потпретседател, пронајдени во една од канцелариите што во меѓувреме ги користел. „Бев информиран за откритието и бев изненаден кога дознав дека владините документи се однесени во оваа канцеларија. Но, не знам што има во […]

Улогата на диригент ѝ донесе „Златен глобус“-  Кејт Бланшет се изедначи со Бергман, Фонда  и Стрип


САД– И Златен глобус за најдобра женска улога во филм – драма оди за… Кејт Бланшет за Tár. Во вторникот, за време на 80-тото доделување на наградите на Здружението за странски печат на Холивуд, 53-годишната актерка ги победи Оливија Колман (Империја на светлината), Виола Дејвис (Кралот на жената), Ана де Армас (Русокоса) и Мишел Вилијамс […]

Избор песни од Стефан Марковски објавени во естонското списание „Академија“


Песни од македонскиот писател Стефан Марковски се објавени во првиот број за 2023 година од естонското списание за литература, наука, историја, култура и филозофија „Академија“ (Akadeemia), кое излегува на месечно ниво во универзитетскиот центар Тарту. Песните кои се извадок од објавеното творештво на Марковски се препеани на естонски јазик од Јури Талвет, емеритус професор по […]

Костадиновска-Стојчевска: Синдикатот да биде гласен за своите права, институциите да работат по закон 


Институциите за култура треба да работат според Законот за култура затоа континуирано ќе се вршат инспекциски надзори, ќе се укажува до нив и ако треба ќе се казнува, беше децидна министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во синоќешното гостување во Топ тема на Телма телевизија.  – Правилник за реаудиција треба да има и не е притисок, […]

Златен глобус 2023: Листа на добитници во главните категории


САД – Трагикомедијата „Самовилите на Инишерин“ (The Banshees of Inisherin) и серијата „Основното училиште Абот“ (Abbott Elementary) освоија по три „Златни глобуси“ на доделувањето што се одржа синоќа во Лос Анџелес. Меѓу нивните одличја се и оние за најдобар филм и најдобра серија, соодветно, во делот „Комедија или мјузикл“. Филмот „Самовилите на Инишерин“ го освои и […]

„Елвис“ му го донесе првиот „Златен глобус“ на Остин Батлер


  САД- Новиот крал е крунисан, а ѕвездата на „Елвис“ Остин Батлер ја освои наградата Златен глобус за најдобар актер во филм – драма, синоќа на гала доделувањето во Беверли Хилтон. . Актерот, кој беше првпат номиниран за Златен глобус, се соочи со силна конкуренција во категоријата, во која беа вклучени и Брендан Фрејзер („Кит“), […]

Спилберг славеше на „Златен глобус“- има најдобар филм и е најдобар режисер


САД– Во  „Фабелманови“ ( The Fabelmans) на Стивен Спилберг, млад аспирантен режисер ја користи својата моќна љубов кон медиумот за раскажување приказни за да ја отклучи вистината закопана под темните, скриени тајни кои неговото семејство ги поминало со години обидувајќи се да ги задржи во темнина. Како што рече, беше сосема соодветно филмот што ја слави […]

Украински војници ќе се обучуваат во Оклахома за ракување со „Патриот“


САД – САД ќе обучуваат украински воен персонал во воената база во сојузната држава Оклахома, во јужниот дел на земјата, како да се одржуваат и ракуваат со системите за противвоздушна одбрана „Патриот“, соопштги Пентагон. На крајот на минатата година, САД објавија дека ќе испорачаат такви системи на Украина, што Киев го бара долго време. Обуката на […]

Сообраќајот тековно по влажни коловози


СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни  коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување […]

Вицепремиерот Маричиќ во Атина на средба со Варвициотис


Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, денеска престојува во еднодневна официјална посета на Атина каде што ќе има средба со алтернативниот министер за надворешни работи на Република Грција задолжен за европски прашања, Милтиадис Варвициотис.   Македонските евроинтеграции, Западен Балкан, политика на проширување на ЕУ, енергетиката, војната во Украина и отворање нови […]

Извештајот од работната посета на Апелација денеска на седница на Судски совет


Судскиот совет на денешната 427 седница треба да го разгледа извештајот од работната посета на Апелационен суд Скопје. Работната посета треба да даде одговор за постапувањето на Апелација по предметите „Таргет-Тврдина“, „Трезор“, „Транспортер“ и „Алфа“ во смисла на почитување на законските рокови, преземените дејствија од страна на судијата и законитоста во одлучувањето во смисла на […]

На продажба запленетиот имот на поранешниот хрватски премиер Иво Санадер


Хрватска – По изрекувањето на правосилните пресуди во постапката против поранешниот хрватски премиер Иво Санадер, државата покрена постапка за наплата на отштета од околу десет милиони куни (околу 1,3 милиони евра).  Конфискуваниот имот на Санадер и неговото семејство, што се состои од недвижен имот, земја и вредни уметнички дела, ќе биде ставен на продажба, јавија хрватските […]

Почина поранешниот грчки крал Константин Втори


Грција – Поранешниот крал на Грција Константин Втори, чие деветгодишно владеење се совпадна со еден од најтурбулентните периоди во политичката историја на земјата, почина на 82-годишна возраст. Константин Втори, единствениот син на кралот Павле и на кралицата Фредерика од Грција, стапи  на тронот во 1964 година по смртта на неговиот татко, но неговото владеење беше обележано со […]

Со македонски пасош без визи во 125 земји


Македонскиот пасош е рангиран на 44. место според индексот на Henley Passport за 2023 година, и со него без визи може да се патува во 125 земји во светот. Северна Македонија бележи напредок од една позиција во однос на лани кога беше позиционирана на 45 место.   Од земјите во регионот, најдобро рангиран е грчкиот пасош […]

Поранешниот финансиски директор на организацијата на Трамп осуден на пет месеци затвор за даночна измама


САД – Поранешниот финансиски директор на организацијата на Доналд Трамп, Алан Вајсалберг, е осуден на пет месеци затвор поради даночна измама. Тој ќе мора да плати и парична казна од над 2 милиони долари. Вајсалберг се изјасни за виновен по 15 точки од обвинението за даночна измама што вклучува 1,76 милиони долари непријавен приход од […]

Астрономски календар


Денеска е среда, 11 јануари 2023 година, 11-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 354 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 7 часот и 1 минута, а ќе зајде во 16 часот и 22 минути. Денов трае 9 часа и 21 минута. Месечината која е во фаза на млада Месечина, нема да изгрее […]