Армијата што помагаше во Турција ќе добие дополнителна плата


Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, ѝсе заблагодари на македонската Армија за пожртвуваноста и помошта што им ја дала на турскиот народ. Рече дека сите војници ќе добијат по уште една просечна плата, покрај редовната, во знак на благодарност.

„Одлучивме дека треба да ги испратиме најобучените за справување со ваква тешка задача, извлекување на она што можеше да се спаси. Ви благодариме што го спасивте малиот Сулејман и му дадовте шанса. Одлучивме, дополнително, и покрај сè што правиме, да ве наградиме и со дополнителна исплата на една просечна плата. Знам дека тоа не ви е достигнување и она што го имате во срцата не се купува. И затоа во секоја наредна мисија нè правите сè поголеми“, изјави Петровска.

Таа им честита за напорот што го вложија.