Се снима нова сезона на „Сенки над Балканот“, објави Бјелогрлиќ


Српскиот актер и режисер Драган Бјелогрлиќ на својот профил на „Инстаграм“ откри дека во тек е снимањето на третата сезона на серијата „Сенки над Балканот“ (Senke nad Balkanom). На фотографија објавена на социјалната мрежа, Бјелогрлиќ стои покрај неговиот син Алексеј, кој исто така глуми во серијата. – Сенките повторно стигнуваат на Балканот – напишал кратко […]

Доделување на наградата „Ацо Шопов“ на ДПМ


Во просториите на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) денеска ќе се одржи прес-конференција на која ќе биде соопштен добитникот на наградата „Ацо Шопов”. Оваа награда се доделува за поезија, а ќе ја добие авторот на најдобрата поетска книга објавена во 2022 година. Како што е најавено, на прес-конференцијата ќе бидат присутни претседателот на жири- комисијата […]

На 61 година почина Милан Завков, врвен хармоникаш и првенец на „Танец“


Со голема тага и во неверување ви ја пренесуваме жалната вест дека ненадејно, во 61-та година од животот, почина врвниот инструменталист и композитор, првенецот на Танец и долгогодишен раководител на оркестарот, Милан Завков, соопштија од матичниот ансамбл. Завков започнува да свири хармоника од 8- годишна возраст, а веќе на четиринаесет години станува член на оркестарот […]

Наутро многу студено, преку ден сончево со умерена облачност


Времето денеска наутро ќе биде многу студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието. Минималните температури ќе се движат во интервал од  минус 12 до минус три, а максималните ќе достигнат од минус три до четири степени. Во Скопје ќе преовладува сончево […]

Салман Ружди објавува нов роман, шест месеци по нападот


САД- Шест месеци по нападот, британскиот автор Салман Ружди во вторник ќе го објави својот нов роман “Град на победата” – „епска приказна“ за жена од 14 век која му пркоси на патријархалниот свет за да владее со градот. Линк до целиот текст тука

Десетина спортисти се водат за исчезнати во турскиот земјотрес


Турција – Турските медиуми јавија вечерва дека најмалку 16 спортисти се водат за исчезнати по разорниот земјотрес што денеска ја погоди Турција. Според истите извори, спасувачките екипи трагаат под урнатините во градот Хатаја по 14 одбојкарки од локалниот клуб. Одбојкарките се наоѓале во станбен објект што се урнал како последица на силниот земјотрес. Под урнатините се наоѓа и фудбалерот на турскиот прволигаш Хатајаспор, Кристијан Атсу. Хатајаспор […]

„Севда“ со Божо Вреќо и Васил Хаџиманов за Денот на вљубените во Филхармонија


„Севда“ е насловен концертот за Денот на вљубените во Филхармонија што ќе се одржи на 16 февруари во 20 часот.  Концертот кој традиционално се одржува по повод денот на вљубените,  годинава е во сосема ново руво. Ќе прозвучат најубавите балкански рефрени од љубовен карактер испеани од бисерните грла на Тома Здравковиќ, Јадранка Стојаковиќ, Нина Спирова, […]

Бијонсе во најатрактивната тоалета која не ја покажа на Греми


САД– Иако не ја понесе најпрестижната награда, онаа за албум на годината, Бијонсе дефинитивно беше главната ѕвезда на синоќешното доделување на Греми во Лос Анџелес. Поп ѕвездата синоќа испиша историја и стана најнаградуваниот изведувач во историјата на оваа награда, со вкупно 32 победи и дури 88 номинации. Иако триумфираше албумот Harry’s House на Хари Стајлс, […]

ФИНКИ и Факултетот за физичка култура ќе продолжат да се градат годинава, но не во барокен стил


Повеќе од единаесет години по основањето, најголемиот факултет во државата никако да добие свој сопствен објект. Бројот на студенти на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) од година в година се зголемува, а „туѓите“ простории што ги користи институцијата и за кои плаќа кирија, стануваат премали за да ги задоволат потребите. Тесно е […]

„Манескин“ ќе промовира нови песни на Сан Ремо 2023


Италија– Нила Пици – 1951 година, Ерос Рамацоти – 1986 година, Ана Окса – 1999 година, трио “Ил Воло” – 2015 година, група “Манескин” – 2021 година и Мамуд – 2022 година – ова се само дел од многуте победници на познатиот италијански фестивал “Санремо”, препознатлив во светот по канцоните и светските ѕвезди како гсти.  […]

Клиничката болница во Тетово доби медицинска опрема набавена преку Светска банка


Министерот за здравство Беким Сали денеска ја посети тетовската Клиничка болница и заедно со директорот Амир Елези информираа дека се пристигнати медицински апарати во вредност од 3,5 милиони евра. Тетовската болница се опремува со овие апарати согласно голема набавка за 14 јавни здравствени установи, чија вкупна вредност е 13,6 милиони евра. -За Клиничка болница Тетово […]

Наградата „Гоцева мисла“ за Ристо Лазаров, Ненад Шапоња и Родољуб Ќориќ


 Меѓународната награда „Гоцева мисла“ годинава им се доделува на Ристо Лазаров (Северна Македонија), Ненад Шапоња (Србија) и на Родољуб Ќориќ (Црна Гора). Наградата ја доделува фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент“. Како што информира ДПМ, годинашните лауреати наградата ја добиваат за нивниот придонес во културолошката мисија, развојот и негувањето на културата, уметноста, науката и етиката, како и […]

Земјотресот во Турција нема да ја стресе Македонија, вели експертот Гаревски


Разорниот земјотрес во Турција нема да ја стресе Македонија, уверува професорот Михаил Гаревски, експерт за земјотресно инженерство. Тој за „Макфакс“ вели дека Македонија може да здивне бидејќи во следниот период од неколку месеци не се очекуваат потреси. Нагласува дека земјотресите не може да се предвидат, но земјотрес со поголема јачина не се очекува.

Бензините поевтинуваат за два, а дизелот за 1,5 денар за литар


Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денари за литар, а цената на дизел горивата се намалуваат за 1,5 денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,67 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува […]

Карневал во Венеција


Италија- Во еден од најубавите градови во светот почна традиционалниот карневал, којшто ќе трае до 21 февруари. Мотото на карневалот во Венеција оваа година гласи: „Оддели време за оригиналните симболи“, а организаторите со него сакаат да потсетат на почетоците на карневалските прослави во Италија. Историјата на карневалскиот фестивал во Венеција достига до средниот век, а […]

ХПВ вакцина: Лаги опасни по живот


Дезинформациите влијаат во сите сфери, но во здравствената засегаат човечки животи. Токму дезинформациите против ХПВ вакцината придонесоа таа и по 16 години од нејзината употреба да остане со најмал опфат во земјата. Линк до целиот текст тука

Која е Бони Раjт, музичарката која ги победи Бијонсе, Адел и Хари Стајлс?


САД- Едно од најголемите изненадувања синоќа на Греми н2023 во Лос Анџелес беше Бони Рајт, која ја однесе наградата за песна на годината. Номинирани во таа категорија беа Тејлор Свифт, Лизо, Хари Стајлс, Бијонсе и Адел, па јасно е од каде тој елемент на изненадување. „Just Like That“ на Бони ја победи конкуренцијата: „All Too […]

„Гајрет“ – концерт на Филхармонија со солисти од Македонија, Турција и Либан


Овој четврток, оркестарот на Македонската филхармонија ќе го одржи концертот насловен „Гајрет“ на кој како солисти ќе настапат македонската перкусионистка Мојца Седеу и гостите од Турција – Бурџу Карадаг (неи) и Ајкут Коселерли (перкусии). Диригент е Лубнан Баалбаки, а на програмата се Концерт во два става за солист на удиралки и оркестар од Љубомир Бранѓолица, Концертот за неи и оркестар „Хезафрен“ оп 39 […]

Адел го донесе холивудскиот гламур на Греми


САД- Адел испорача холивудски гламур за нејзиното враќање на црвениот тепих на Греми. По пауза од шест години од присуството на доделувањето на наградите, поп-ѕвездата актуелна со концертите „Викенди со Адел“ во Лас Вегас се врати како модна сила на Греми наградите  синоќа во Лос Анџелес. Иако не позираше на црвениот тепих, Адел зрачеше со […]

Мадона непрепознатлива на Греми


САД– Кралицата на попот стигна до Греми на синоќешното доделување во Лос Анџелес. Сите очи беа вперени во 64-годишната Мадона, ја најавуваше изведбата на Сем Смит и Ким Петрас и нивниот сингл „Unholy“, добитник на Греми. „Еве што научив по четири децении во музиката: Ако ве наречат шокантен, скандалозен проблематичен, провокативен или опасен, дефинитивно сте […]