Концертен спектакл на Сузуки и „Профундис” со визуелни ефекти во НОБ


Сценски визуелни ефекти во форма на 3Д мапинг и уникатна програма ќе бидат премиерно прикажани на концертниот спектакл „GROOVE“ (ГРУВ) на македонскиот камерен оркестар „Профундис“ утревечер во 20 часот на сцената на Националната опера и балет. Уникатноста на овој концерт е во спојот на музиката и визуелното волшепство, па така искуството на присутните ќе биде […]

„Кан не е лојален на никого“. Остлунд меѓу егото и создавање филмска историја


Мајорка– Шведскиот режисер Рубен Остлунд вети дека ќе го држи под контрола своето его како шеф на жирито во Кан, а исто така изјави за АФП зошто неговиот следен филм може да ја смени историјата на фестивалот. Остлунд зборуваше за АФП во градината на неговата куќа на шпанскиот остров Мајорка за неговата возбуда што ќе […]

„Отрове“- песна на Северина достигна 100 милиони прегледи на „Јутјуб“ (видео)


Песната „Отрове“, која Северина ја отпеа во дует со колегата Јала Брат, достигна 100 милиони прегледи на „Јутјуб“. Со ова достигнување се пофалија и двајцата со објава на „Инстаграм“. „Скромни 100 милиони“, напиша Јала Брат во објавата која ја сподели и Северина. Otrove е песната со најмногу прегледи на Јутјуб-каналот на хрватската пејачка. Следи песната Fališ која пејачката […]

Од Пикасо до Мартиноски: Во „Кунстхале Виена“ се отвора изложбата поттикната од солидарната колекција на МСУ


Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, вечер (20 април) во 19 часот ќе присуствува на свеченото отворање на изложбата на дела од вредната уметничка колекција на Музејот на современата уметност, која е поставена во еден од најголемите европски културни центри, пре­стиж­на­та га­ле­ри­ја „Кунстхале Виена“ (Kunsthalle Wien Museumsquartier). Изложбата има наслов „Ниедно чувство не е конечно. Колекција на солидарноста, МСУ – Скопје“ („No […]

Украдена бистата на Славко Јаневски, оштетени на Ацо Шопов и Сергеј Есенин во Струга


Бистата на македонскиот поет Славко Јаневски е исчезната од постаментот во склоп на алејата на поетите на кејот на истекот на Црн Дрим. При вообичаена проверка, на 19.04.2023 година (среда) беше утврдено дека бистата на поетот Славко Јаневски е откорната од постаментот, додека бистите на поетите Ацо Шопов и Сергеј Есенин беа видливо расклатени во […]

Финска гради ограда: „Видовме што се случи во Украина“


Бон– До пред неколку години, Русите беа добредојдени гости во финскиот пограничен град Иматра. Денес таму расположението е сосема поинакво. По должината на границата со Русија се гради одбранбена инсталација во случај Москва да ги премести војниците на запад. Финска долго време беше цел на хибридните напади на Москва, но сега работите стануваат уште посериозни. […]

Одземен медал на шкотска маратонка поради користење автомобил


Глазгов – Шкотската атлетичарка на долги патеки Јоасија Закрзевски (47) остана без освоениот бронзен медал на ултра маратонот во Ливерпул, откако е откриено дека за време на трката користела автомобил. Закрзевски на трката долга 80 километри од Манчестер до Ливерпул го освои третото место, но дополнително е утврдено дека за време на трката минала четири […]

Промоција на туризмот на Србија во Скопје


Промоција на туризмот на Србија ќе биде одржана денеска во Скопје во организација на српската Туристичка организација во соработка со Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во Северна Македонија. Промотивниот настан ќе ги собере на едно место претставниците на хотелската индустрија и на туристичките агенции од Србија и од земјава.  На работилницата ќе учествуваат 14 […]

Почнува петтото издание на „Златна рамка“


Вкупно 13 филмови ќе бидат прикажани на петтото издание на „Златна рамка“, ревија на македонски филмови во организација на Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ). Фестивалот ќе се одржува од денеска до сабота во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар и во Кинотека. Станува збор за филмови од минатогодишната продукција, од кои три долгометражни […]

Омаж за шпанскиот поет Хусто Хорхе Падрон во ДПМ


Во Друштвото на писателите на Македонија, во соработка со Шпанската амбасада, денеска на пладне ќе се одржи омаж во чест на шпанскиот поет Хусто Хорхе Падрон. Омажот е по повод двегодишнината од смртта на Падрон, кој беше добитник на „Златниот венец“ и почесен член на Друштвото на писателите на Македонија. За творештвото на Падрон ќе […]

Промоција на Избраните дела во пет томови од Блаже Миневски


Во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип денеска ќе се одржи промоција на Избраните дела во пет томови од Блаже Миневски. Овој издавачки проект е реализиран во рамки на јубилејот – триесет години од основањето, „Матица македонска“ од Скопје. Изданието го приреди Раде Силјан, а ликовно-графичкиот дизајн е на Кристи Георгиевски. Во првиот том […]

„Инвестираме во знаење – помагаме на планетата“ по повод Денот на планетата Земја


По повод Денот на планетата Земја, Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП)  денеска во Скопје организира настан „Инвестираме во знаење – помагаме на планетата“.   Како што информираат од МЖСПП, настанот ќе го отварат министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, в.д амбасадорот на САД Ерик Мејер и заменик координаторката на […]

 „Денови на Холандија“ во Ист гејт мол


На главниот влез пред трговскиот центар „Ист Гејт Мол“ денеска ќе биде отворена манифестацијата „Денови на Холандија“. Организатори се Амбасадата на Кралството Холандија, „European plants“ и „Ист Гејт Мол“.  На отворањето, како што е најавено, ќе присуствуваат холандскиот амбасадор во земјава Дирк Јан Коп, претставници на Холандската амбасада, извршниот директор на „Ист Гејт Мол“ Игор […]

Почнува Заедничката операција на Фронтекс во Македонија


Во Полицискиот тренинг центар во Ѓорче Петров, денеска на свечена церемонија ќе биде означено официјалното започнување на Заедничката операција на Фронтекс во Република Северна Македонија. На свеченоста ќе присуствуваат премиерот Димитар Ковачевски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, извршниот директор на Фронтекс Ханс Лејтенс, амбасадорот на ЕУ Дејвид Гир и Лена Дупонт – член на Европскиот […]

Роберт Ф. Кенеди помладиот почна кампања за претседател на САД


Бостон – Роберт Френсис Кенеди помладиот, член на Демократската партија, синоќа официјално ја почна својата кампања за претседател на САД. Синот на сенатор и јавен обвинител Роберт Ф. Кенеди и внук на поранешниот американски претседател Џон Ф. Кенеди, ја објави својата кандидатура на настан во хотел во центарот на Бостон, Масачусетс. „Мојата мисија во следните 18 […]

Поради Ковид-19, околу 67 милиони деца во светот пропуштија да добијат вакцини


Њујорк – Околу 67 милиони деца во светот делумно или целосно ги пропуштиле рутинските вакцини на глобално ниво помеѓу 2019 и 2021 година поради заклучувања и нарушувања на здравствената заштита предизвикани од пандемијата „Ковид-19“, соопштија ОН. „Повеќе од една деценија тешко стекнати придобивки во рутинската имунизација во детството се еродирани“, се вели во новиот извештај […]

Америка испраќа нова воена помош за Украина во вредност од 325 милиони долари


Вашингтон – САД ќе испратат дополнителна воена помош за Украина во вредност од 325 милиони долари, која вклучува огромна количина артилериски гранати и муниција, соопшти денеска Пентагон. И Белата куќа соопшти дека воена помош е пред испраќање, но не ја објави нејзината вредност. Како што пренесува Бета, светските агенции коментираат дека сето ова се случува во пресрет […]

Обновено снимањето на филмот „Р’ѓа“ на чиј сет Алек Болдвин ja застрела снимателката


Вашингтон – Во Јелоустонски филмски ранч во Монтана неделава се обновува снимањето на филмот „Р’ѓа“, соопшти претставник на Rust Movie Production, јави Си-ен-ен. Продукцијата на филмот беше запрена во 2021 година откако актерот Алек Болдвин за време на подготовка на сетот истрела од реквизитен пиштол и ја уби снимателката Галина Хачинс. Во истрелот беше ранет режисерот на филмот Џоел Соуза. Болдвин […]

Сончево, попладне со дожд


Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови претежно во планинските региони ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, краткотрајно поројни и со услови за ретки грмежи понекаде особено на југот. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до […]

Астрономски календар


Денеска е четврток. 20 април 2023 година, 110-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 255 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 46 минути, а ќе зајде во 19 часот и 20 минути. Денов трае 13 часа и 33 минути. Месечината која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во 5 часот […]