Сончево, попладне со дожд


Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови претежно во планинските региони ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, краткотрајно поројни и со услови за ретки грмежи понекаде особено на југот. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до […]

Астрономски календар


Денеска е четврток. 20 април 2023 година, 110-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 255 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 46 минути, а ќе зајде во 19 часот и 20 минути. Денов трае 13 часа и 33 минути. Месечината која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во 5 часот […]

„Знам“- Калиопи сними дует со Жељко Самарџиќ (видео)


Поп-ѕвездата Калиопи Букле и српскиот пејач Жељко Самарџиќ четири децениското пријателство го крунисаа со дует наречен „Знам“, а денеска во Белград се одржа промоцијата на истиот. Текстот за песната го напиша нејзиниот поранешен сопруг Ромео Грил кој е воедно и композитор на музиката и аранжер, а додека зборувала за создавањето на песната, Калиопи дури и […]

Арон Картер случајно се удавил во када поради опијати


Лос Анџелес– Пејачот и рапер Арон Картер случајно се удавил во када поради седативи што ги земал и гас користен во спрејовите за чистење што ги вдишувал, се вели во извештајот на патологот објавен денеска. Картер, кој имаше 34 години, беше пронајден мртов во кадата на неговиот дом во Ланкастер, Калифорнија, на 5 ноември. Во […]

САД ги повикаа Турција и Унгарија да го одобрат влезот на Шведска во НАТО пред јули


Стокхолм – Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин денеска ги повика Турција и Унгарија да го ратификуваат влезот на Шведска во НАТО „што е можно поскоро“, поточно пред следниот самит на Алијансата на почетокот на јули, што ќе се одржи во Литванија. -Ние брзаме наскоро да ја примиме Шведска како 32-та членка. И да бидеме […]

Ковачевски – Дрекслер: Јасна германска поддршка за следниот чекор кон ЕУ


За европската перспектива на Северна Македонија се потребни заложбите и поддршката од сите политички чинители во државата. Евроатлантскиот развој на Република Северна Македонија е фактор за стабилност за целиот регион и за Европа. Ова е констатирано на денешата средба на премиерот Димитар Ковачевски со Петра Дрекслер, амбасадорка на Сојузна Република Германија во земјава. Како што […]

Рекордно високи температури во Азија, има и жртви


Њу Делхи – Делови од Азија овој месец ги зафати бран многу жешко време, а во Кина се регистрирани рекордни температури. Во Индија од горештините починале неколку луѓе. а во некои места се затворени и училиштата. Претходните години Индија често беше изложена на екстремни временски услови, а експертите стравуваат дека ситуацијата оваа година може да биде уште полоша. Топлотен бран во април […]

Ќе чекаме европски пари за да градиме пруга до скопскиот аеродром


Ќе се чека на одлука од Европската Унија за обезбедување средства за изградба на ветената пруга до скопскиот аеродром и за воспоставување на железничка линија од Транспортниот центар до Меѓународниот аеродром Скопје. Од Министерството за транспорт и врски за Мета.мк објаснуваат дека Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ ќе треба да аплицира за […]

Внимавајте каде аплицирате за ЕТИАС, Фронтекс предупредува за 50 различни веб страници


Европската агенција за гранична и крајбрежна стража (ФРОНТЕКС) ги предупредува граѓаните дека постојат 50 различни веб страници на Системот за информации за патување и овластување на ЕУ (ЕТИАС) кои се на повеќе јазици, при што не сите се безбедни за користење за граѓаните. Како што е познато, ЕТИАС ќе стартува во 2024 година и ќе важи […]

Од денес сите издавачи можат да аплицираат за наградите на МАИ за 2023 година


По седми пат оваа година, Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) за време на Саемот на книгата, ќе ги додели наградите на МАИ. На Саемот на книгата, кој ќе се одржи од 4 до 10 мај, МАИ ќе додели признанија за најдобрите изданија, автори и издавачки проекти кои го одбележаа периодот од саемот минатата година до […]

„Stolen moments“ – во КИЦ изложба на фотографии од Виктор Соколовски


Фотографот Виктор Соколовски ќе ѝ се претстави на публиката со деветтата самостојна изложба на фотографии, од 25 април до 4 мај, во салата Империјал 2, во Културно-информативниот центар. На оваа изложба се претставува со серија портретни фотографии од концерти. Соколовски е пасиониран љубител на музиката и фотограф што со децении фотографира на „Скопскиот џез-фестивал“, „ОФФест“ […]

Петок неработен за сите граѓани


Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 21 Април 2023 година (петок), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.    Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните од муслиманска […]

На Крит разбиена криминална организација која нелегално поседувала и продавала археолошки антиквитети


Атина – Грчката полиција разби криминална организација на Крит која нелегално поседувала и продавала археолошки антиквитети, при што уапсени се шест лица, а откриени и запленети се над 90 ретки археолошки предмети, чија вредност надминува еден милион евра, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчката полиција соопштија дека криминалната организација постоела најмалку три години, била формирана […]

Драмски театар гостува во Градско позориште Подгорица со претставата „Мојот маж“


Драмски театар со претставата „Мојот маж“ гостува в четврток на 20 април во Црна Гора. Во Подгорица од 18 до 24 април во организација на Градско позориште Подгорица се одржува црногорското издание на регионалниот театарски фестивал РУТА. Претставата „Мојот маж“ е колаж од расказите на Румена Бужаровска и авторски монолози. Режисер е Нела Витошевиќ, драматург […]

За овој балонер на кралицата Максима и во Милано се вртеа


Милано – По повод Неделата на дизајнот во Милано, изложбениот простор LAUFEN ја претставува изложбата „Како се осмелуваш“, еклектична фасцинантна инсталација поставена од миланското студио LYS за Fuorisalone 2023. Провокативниот наслов ја отсликува силата што фундаментално произлегува од експерименталното и игриво истражување од спојот на различни дисциплини како архитектура, дизајн и уметност. А името на […]

Охрид домаќин на 50. Европска регионална конференција на Интерпол


Министерството за внатрешни работи годинава ја има честа од 8 до 10 мај, во Охрид, да биде домаќин на Јубилејна 50. Европска регионална конференција на Интерпол – најголемата полициска организација по бројот на членство, во која членуваат 195 земји од светот, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил. – Организирањето на […]

Во Кривичен продолжи судењето за „Империја“


Со изведување на материјални докази од Обвинителството, во Основниот кривичен суд – Скопје денеска продолжи судењето за случајот „Империја“ против преостанатите две лица од предметот, по спроведената истражна постапка против 19 лица. Во овој предмет се обвинети Цветан Панделески за „злоупотреба на службена положба“, „перење пари“ и „измама“ и Јованчо Тасковски за „измама“. Според опишаните […]

Џо Бајден и неговата сопруга заработиле речиси 580.000 долари во 2022 година


Вашингтон – Американскиот претседател Џо Бајден и неговата сопруга Џил ја објавија својата даночна пријава, според која двајцата заработиле речиси 580.000 долари минатата година и платиле данок од 23,8 отсто. Тие донирале околу 3,5 отсто од својот приход, односно 20.180 долари за 20 добротворни организации, вклучително и една поврзана со Синдикатот на американските полицајци. Семејството […]

Презентација на Годишниот извештај за слобода на информирање на Западен Балкан


Во Скопје денеска ќе биде презентиран годишниот извештај на БИРН за слобода на информирање на Западен Балкан за 2022 година. Предвидени се две сесии, првата ќе биде посветена на презентација на извештајо, а втората е предвидена за дискусија за пречките и активностите во рамки на иницијативата „Отворено владино партнерство“. Ќе присуствуваат новинари од повеќе земји, […]

Работен состанок на вицепремиерката Грковска со шефот на Делегацијата на ЕУ во Македонија, Гир


Во Владата на Република Северна Македонија денеска ќе се одржи работен состанок во рамки на континуираното мониторирање на прогресот постигнат од страна на институциите вклучени во борбата против корупцијата, односно исполнувањето на препораките наведени во Извештајот од Европската комисија за 2022 година и Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси за 2021-2025. […]