Промоција на романот „Црвениот пат“ од Хусеин Мусли на Саемот на книгата


Фото: Б. Грданоски
 
Романот „Kızıl Yol“ во превод „Црвениот пат“ е вистинска приказна на еден млад скопјанец кој ја губи целата надеж за живот по големиот катастрофален земјотрес во1963 година. Тргнувајки од  мрачни денови кои му ги приредува судбината тој за себе почнува да трага по нова судбина.
Тој се наоѓа себеси на  пат кој го води до неговиот сон а това е спортот односно фудбалот. Па од тогаш единствен цел во животот на  Мусли ќе биде  да стане голгетер на Црвена звезда.
 
Главниот лик во романот е Селајдин Мусли кој уште од раната возраст ги следи фудбал натпреварите од радио и телевизиските преноси и се возхитува на играчите на клубот Црвена звезда. Неговиот стремеж кон фудбалот расте исклучиво брзо и за краток временски период успева да постигне добри резултати.
Покрај настаните со кои се соочува главниот лик во книгата се дава и широк опис за појавите на општествениот живот. Приказната почнува во Гази Баба која е една од најстарите населби на главниот град каде што луѓето живеат спокојно со сите нивни различности. Авторот детално ја претставува маалската култура, соседските односи, старите традиции итн.
На почетокот се става акцент на катастрофалниот земјотрес кој го погодува Скопје во 26 јули 1963 година. Моментот на земјотресот и наредните денови се опишува многу прецизно. Се изложуваат сите чувства на погодените од големата катастрофа.
Селајдин Мусли е еден од многуте млади кои ја губат надежта по земјотресот и бараат излез од морничавата ситуација. Минувајки низ тешките предизвици младиот Мусли наоѓа нешто што му ја враќа изгубената надеж и вербата на живот. Фудбалот станува неговото прибежиште од трауматичните сценариа кои ги доживеал. Секој миг му поминува жонглирајки топки. Одненадеж животот на Мусли се променува од корен. Неговиот најголем сон е еден ден да го облече црвено белиот дрес на Црвена звезда и да постигнува голови на стадионот „Маракана“ каде чука срцето на Југословенскиот фудбал.
Зборот црвен во насловот претставува две основни работи за содржината на оваа книга. Првото значење на зборот црвен во насловот ги симболизира соништата на главниот лик кој со години се труди да ги претвори во реалност. А тоа е еден ден да го облече црвено-белиот дрес на Црвена звезда која во тој период е еден од најуспешните фудбалски клубови на Југославија и пошироко. Второто значење на насловот го претставува периодот во која се развиваат настаните односно периодот од почетокот на 60тите па се до крајот на 70ите кога владее социјализмот на овие простории. Вториот збор во буквален превод од турски значи пат која во насловот покрај основното значење се користи и со преносните значења. Патувањето на главниот лик од почеток па се до целта во целост се одразува во насловот.
 
Хусеин Мусли (1989, Скопје) е новинар со 14 годишно искуство во печатениот и електронски медиумот кој пренесува вести на турски јазик „Јени Балкан“.
Од 2016 година работи и како уредник во истата редакција. Од 2011 до 2015 година бил дописник за Македонија на државната новинска агенција на Република Турција „Анадолу“.
 
Книгата ќе биде промовирана в понеделник, 8 мај, во 16 часот, на Саемот на книгата во „Борис Трајковски“ во Скопје.