Актерската елита на премиерата на„Нешто слатко“ со Коцев и Јованова


Фото: Process K

Актерската елита од Македонија присуствуваше викендов во „Синеплекс“ на македонската премиера на словенечкиот филм „Nekaj sladkega“ (Нешто слатко) со македонските актери Сашко Коцев и Јелена Јованова Периќ која специјално допатува од Загреб каде живее и работи. По премиерата во февруари во Љубљана, Словенија, од 6 мај се прикажува во „Синеплекс“ и во сите кина ширум Македонија. 

Сашко Коцев со сопругата со која ретко се појавува на гала настани

Двајцата блеснаа во елегантно издание, позираа со многу свои пријатели, меѓу кои и Миа Костова, Никола Ристановски и Миланка Рашиќ.

Сашко на црвениот тепих се појави и со својата сопруга, докторката Смиљана, која во црн стајлинг блесна со елеганција покрај него.

 

Станува збор за филм кој е романтична комедија со многу пресврти и забавни случки, во кој има и маркетинг гуру од Македонија. Сашко во ова филмско остварување има и улога на копродуцент и косценарист. Во филмот се појавува и македонскиот актер Александар Микиќ.

Филмот е во режија на стенд-ап комичарот Тин Водопивец.