Променливо облачно уште денес, во петок и сабота сончево и топло


Времето ќе биде променливо облачно, во утринските часови во источните делови со врнежи од дожд. Околу пладне и попладне пообилни врнежи ќе има во западните делови, каде ќе биде и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Попладне во источните делови облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието на места засилен […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 18 мај 2023 година, 138-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 227 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 11 минути, а ќе зајде во 19 часот и 50 минути. Денов трае 14 часа и 39 минути. Месечината која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во […]

ГИ ТОЦ: Скопскиот и белградскиот аеродром „центри за нелегални активности“


Балканските аеродроми се ранливи на организиран криминал, а аеродромите во Скопје и Белград се регионални центри за недозволени активности, се вели во извештајот на Глобалната иницијатива против транснационалниот организиран криминал (ГИ-ТОЦ). Оваа невладина организација со седиште во Женева, меѓу криминалните активности на аеродромите во Скопје и Белград, ги наведува и криумчарењето мигранти и стоки, трговијата […]

Град Скопје: Мостот „Беласица“ се вештачи


  Во однос на различните тврдења околу неодамна опожарениот мост „Беласица“ Град Скопје информира дека во овој момент се работи на вештачење на неговата состојба со цел утврдување дали воопшто има структурно оштетување и дека во наредните денови ќе се врати во употреба веднаш, или пак ќе има било каква интервенција пред да се стави […]

За првпат ќе има македонски национален штанд на саем во САД


Министерот за земјоделство Љупчо Николовски вечерва изјави дека за прв пат ќе има македонски национален штанд на саем во САД. -Единствени од регионот со Италија и Шпанија учествуваме на саемот Bellavita Chicago. За прв пат имаме македонски национален штанд на саем во Америка. Очекуваме дирекни средби со дистрибутери и потпишување на договори за извоз на […]

(Во живо) Прво полуфинале на Евросонг во Ливерпул


Вечерва, од 21 часот, е првото полуфинале на 67. Евросонг во Ливерпул, организиран од Европската радиодифузна унија (ЕБУ) и британскиот сервис Би-би-си. Годинава на Евровизија ќе учествуваат 37 земји, под слоганот„Обединети од музиката“ (United By Music) , односно три помалку од минатата година, откако покрај Македонија, учеството го повлекоа и Бугарија и Црна Гора. Првите […]

Џаро ѕвезда на Саемот на книгата: Како станав крал на југословенската естрадна и спортска сцена


Татко и ќерка, тој менаџерска легенда, таа новинарска ѕвезда, вечерва, на штандот на издавачот „ТРИ“ на Саемот на книгата во Скопје, се здружија за фановите, семејството, пријателите и колегите, за промоцијата на автобиографијата „Живот на коцка“. Велибор Џаровски – Џаро во „главната улога“, а Милица Џаровска, како автор и промотор. Се кажуваа досетки, се евоцираа […]

Половина од планетата ќе има поинаква клима до 2100 година


Планетата е на работ на неколку пресвртни точки кои еднаш ќе поминат, но зад себе ќе остават каскада од еколошки промени. Екстремните топлотни бранови, суши, поплави и бури стануваат се почести, а сега новата студија која ја симулира иднината на Земјата до 2100 година покажува како суштински промените во температурата и врнежите можат да ја […]

Роберт де Ниро откри дека „штотуку добил бебе“ на 79 години, сега е татко на 7 деца


Актерската легенда Роберт де Ниро стана татко на седмото дете.  Во интервју за ET Canada објавено денеска, 79-годишниот актер отворено зборуваше за родителството додека ја промовираше претстојната комедија About My Father. Новинарката Бритни Блер почна да поставува прашање, изјавувајќи: „Знам дека имаш шест деца“, на што актерот интервенираше, одговарајќи: „Седум, всушност“. „Само што добив бебе“, […]

Лина Ќостарова- Унковска: Нема насилство без причина


Нема насилство без причина и без состојба на умот. Луѓето не се раѓаат со насилнички склоности. Насилството е вид празнење на наталожен, често  неподнослив товар од повреди, болка, стравови, закани, несигурност, хаос, што „нема кој“ да ги разбере. Во сите нив се вградени човековите уверувања, умешности и влијанија, неговиот поглед за тоа кој/а е, каков сака и […]

Одложено повтореното судење за „Организатори за 27 април“, ќе се бара амнестија


  Повтореното судење за предметот „Организатори на 27 април“ денеска беше одложено, откако обвинителот рече дека од вкупниот број на поднесоци, три се однесуваат на примена на Законот за амнестија и нагласи дека по тие барања во моментот не може да се произнесе. Претходно, Апелацискиот суд ја укина пресудата за овој предмет, со образложение дека […]

„Набуко“ од Верди вечерва ги отвора 51. „Мајски оперски вечери“


Со премиерната изведба на „Набуко“ од Џузепе Верди во Националната опера и балет во Скопје на 9 мај, во 20 часот ќе биде отворено 51. издание на меѓународниот фестивал „Мајски оперски вечери“. Оваа година фестивалот се вклопува со годишнината 2010 години од раѓањето на Џузепе Верди. Фестивалскиот оган за време на свеченото отворање ќе го […]

Сѐ за кралската одежда на Кејт Мидлтон


Лондон– Идната кралица носеше традиционална сина тоалета за да го отслика нејзиниот статус како постар член на кралското семејство.  Во Обединетото Кралство имаше многу шпекулации за тоа што принцезата од Велс, Кејт Мидлтон ќе облече на крунисувањето на кралот Чарлс и кралицата Камила – но практично никој не предвидуваше дека таа ќе пристигне во традиционална […]

Идентификувани пет лица кои учествуваа во упадот на изложбата на Сергеј Андреевски во Солун


Атина – Полицајците од Одделот за борба со расистичкото насилство на грчката полиција во Солун идентификувале пет лица кои пред две седмици упаднаа на изложбата на македонскиот ликовен уметник Сергеј Андреевски во општинската галерија во Каламариа, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопштија од полицијата, идентификувани се четворица грчки државјани на возраст од 19, […]

Годинава на аџилак ќе заминат 2.030 верници од Македонија


Од Република Северна Македонија на аџилак годинава ќе заминат 2.030 верници, што е повеќе од двојно повисока бројка од минатата година, кога во светите места беа 919 верници, изјави за МИА, Ирсел Јакупи, генерален секретар на Исламската верска заедница. – Бројката е пополнета согласно квотата што ја одреди Министерството за хаџ на Саудиска Арабија и […]

Прво полуфинале на Евросонг во Ливерпул


Ливерпул– Вечерва, од 21 часот, е првото полуфинале на 67. Евросонг во Ливерпул, организиран од Европската радиодифузна унија (ЕБУ) и британскиот Би-би-си. Би-би-си ќе биде домаќин на 67-то издание во име на Украина. Тоа е само прв пат од 1980 година натпреварот да не се одржи во земјата победничка. Ливерпул вечерва станува шестиот британски град […]

Скопје домаќин на „BEAUTY EXPO ’23 “ – прв саем за козметика, коса и естетика во Македонија


„BEAUTY EXPO ’23 “ – Првиот саем за козметика, коса и естетика во Македонија  ќе се одржи од 12-14 мај 2023 година во Хотел Лимак, Скопје. На саемот ќе земат учество 40- тина изложувачи кои на посетителите ќе им ги претстават новитетите од светот и пазарот на beauty индустријата согласно 2023 година. На саемот се […]

„Слика во Фокус“ – самостојна изложба на Хајруш Фазлиу во Чифте амам


„Слика во Фокус“ е насловот на самостојна изложба на косовскиот ликовен уметник Хајруш Фазлиу која ќе биде отворена вечер во галерискиот прсор на Чифте амам во Скопје. Како што соопштуваат од Националната галерија на Северна Македонија, Хајруш Фазлиу, со децении останува неприкосновен на уметничката сцена во Косово, но и пошироко на албанската уметничка сцена. Докажан […]

Зголемениот внос на сол е опасност за развој на атеросклероза и кај луѓе со нормален крвен притисок


Упсала – Зголемениот внос на сол во телото е значаен фактор на опасност за развој на атеросклероза, дури и кај луѓе со нормален крвен притисок, посочува ново истражување спроведено во Шведска. Солта е штетна и пред развој на висок крвен притисок, вели написот објавен во интернет-журналот „Јуропијан харт“ (European Heart Journal Open). Испитувањата опфатиле 10.788 […]

Петнаесет години од отворањето на Лекторатот по македонски јазик во Риека


Лекторатот по македонски јазик на Филозофскиот факултет во Риека, Хрватска, одбележува 15 години од отворањето и досега настава следеле над две илјади студенти.  -Токму на овој лекторат, во текот на првите децении на 21 век, најголем број студенти посветено ги изучуваат македонскиот јазик, литература и култура, надвор од нашата држава. Од 2008 година до крајот […]