Скопје домаќин на „BEAUTY EXPO ’23 “ – прв саем за козметика, коса и естетика во Македонија


„BEAUTY EXPO ’23 “ – Првиот саем за козметика, коса и естетика во Македонија  ќе се одржи од 12-14 мај 2023 година во Хотел Лимак, Скопје.

На саемот ќе земат учество 40- тина изложувачи кои на посетителите ќе им ги претстават новитетите од светот и пазарот на beauty индустријата согласно 2023 година. На саемот се добредојдени сите козметичари, фризери и естетичари како и секој краен потрошувач кој сака да се информира или набави производи за домашна, лична употреба по промотивни цени и саемски попусти.“BEAUTY EXPO ’23 “ќе ви овозможи да присуствувате на Public Spot едукативни презентации, да набавувате производи по промотивни цени и саемски попусти, да уживате во богата, едукативна и забавна програма, а домаќин и водител на саемот ќе биде  Миа Костова.

На штандовите на саемот ќе има богата понуда, како :

Препаративна козметика за нега на кожа и за професионална и домашна употреба;
Препаративна козметика за нега на коса за професионална и домашна употреба
Производи за нега на раце и стапала, педикир, маникир
Опрема за салони за убавина (козметички,фризерски,wellness и спа центри)
Wellness производи
Декоративна козметика
Парфеми
Фармацевтски производи
Диетски суплементи
Естетски ординации
Дерматолошки ординации
Школи и едукативни центри за нега и убавина

Дополнително ова е одлична можност за стекнување на знаење за производи и третмани преку бесплатни презентации и обуки.

ДЕТАЛНИ ИНФОРМАЦИИ И ПРОГРАМА

Петок -12.05.2023
Саемот ќе се отвори во петок во 17ч за посетители.
Во 20ч ќе има официјално отварање со богата програма.

Сабота-13.05.2023
Саемот се отвара за посетители во 09ч – се затвара во 21ч.

Недела-14.05.2023
Саемот се отвара за посетители во 09ч. – се затвара во 20ч.

Влезниците се со цена од 200 ден.

Во соработка со туристичката агенција Voyager Ви организираме превоз од повеќе градови во Македонија како и соседните земји.

Организатори на саемот се Арт Школа за убавина и Во Бело.