Посебен сообраќаен режим и безбедносни мерки за време на Преспа форум за дијалог во Струга


СВР Охрид и ОВР Струга преземаат соодветни безбедносни мерки и посебен сообраќаен режим во пресрет на одржувањето на годинашниот Преспа Форум за дијалог 2023 (ПФД-2023) што утре и в петок ќе се одржи во Струга. Активностите, како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, се насочени кон физичко и сообраќајно обезбедување на одредени објекти, […]

Лабораторијата Синлаб доби благодарница за посебни заслуги од Институтот за акредитација


Лабораторијата Синлаб  доби благодарница за посебни заслуги од Институтот за акредитација ИАРСМ, по повод 20 годишниот јубилеј на оваа институција, а како признание за долгогодишната соработка и одржувањето на квалитетот на лабораториските услуги во насока на подобрување на лабораториската дијагностика и зачувување на човековото здравје. Ова признание претставува вреднување на услугите на Синлаб, првата лабораторија […]

Безос ja покажа новата јахта во Портофино вредна 500 милиони долари


Портофино– Жешкото лето на јахта е во полн ек во италијанското монденско место Портофино. Серијата фотографии направени во понеделникот го прикажуваат Џеф Безос како се дружи со својата свршеница Лорен Санчез на брод на италијанската ривиера. Таа е видена како се потпира на столб од знаме и тестира различни пози додека Безос фотографира. Ќе ви […]

Соработка со банката на Португалија како дел од втората фаза од Регионалната програма финансирана од ЕУ


Во рамките на Втората фаза од Регионалната програма финансирана од ЕУ за зајакнување на капацитетите на централните банки од Западен Балкан, двајца експерти од Народната банка на Република Северна Македонија (НБРСМ) ја искористија можноста да стажираат во Банката на Португалија (БП), од 1 до 7 јуни 2023 година. Главната цел беше да се продлабочи знаењето […]

Од денеска и основците на распуст


Од денеска (14 јуни) започнува распустот и за основците во учебната 2022-2023 година, која ја обележаа недостигот на учебници за дел од учениците и губењето часови поради дојавите за поставени бомби во училиштата. Основците доучуваа бидејќи второто полугодие стартуваше неколку дена подоцна, откако зимскиот распуст беше продолжен со владина одлука. Почетокот на оваа учебна година […]

Тирана уживаше во настапот на македонски музичари на Фестивалот на класична и експериментална музика 


На покана од македонскиот Културно-информативен центар во Тирана, Албанија, на Фестивалот на класична и експериментална музика „Магична флејта“ синоќа настапија македонските музички состави „Трио Академико“ и „Македонски дувачки квартет“. Од КИЦ -Тирана информираат дека македонските музичари се претставиле со получасовна програма. „Последниот дел од концертот, македонските заедно со албански класични музичари, изведоа две нови дела од реномираниот […]

Градоначалничката на Тихуана се пресели во воена база по добиени смртни закани


Тихуана – Градоначалничката на мексиканскиот пограничен град Тихуана изјави дека решила да живее во воена база заради своја безбедност, откако добила закани. Градоначалничката Монсерат Кабаљеро ја објави одлуката откако потврди дека полицијата во понеделникот пронашла седум мртви тела во еден пикап. Полицијата соопшти дека го пронашла пикапот паркиран на бензинска пумпа во Тихуана со отворена врата. […]

Костадиновска-Стојчевска од Лешок: Новото откриено трослојно сликарство е мотив да продолжиме со инвестициите во заштитата


Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска ја посети црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Лешок, тетовско, каде се запозна со новото откритие на конзерваторите кои наидоа на постари слоеви и трослојно сликарство на фрескоживописот во овој значаен споменик на културата, што претставува вистинска реткост. Заштитата на оваа црква изминатите пет години е издвоен како приоритет […]

Европска куќа и во Струга


Утре, 15 јуни 2023 година во 11:45 часот, во Паркот на поезијата во Струга, амбасадорот Дејвид Гир, шеф на делегацијата на Европската унија, Рамиз Мерко, градоначалник на Струга и Слободан Трендафилов, вршител на должност директор на Сојузот на Синдикати ќе учествуваат на церемонијата на потпишување на официјалниот почеток на градежните работи за Европска куќа во Струга. Амбасадорот Гир и градоначалникот Мерко […]

Полициските кучиња добија нов објект


Делегација на Министерството за внатрешни работи, предводена од министерот Оливер Спасовски и делегација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, предводена од  амбасадорот Килијан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје ја посетија Единицата за службени кучиња во Хиподром каде присуствуваа на свечено отворање на 79. реконструиран објект на МВР- административната зграда на Единицата К9. […]

Џони Деп ќе ги донира парите од Амбер Херд на пет хуманитарни организации


Лос Анџелес– Амбера Херд, конечно, му ги исплатила парите на својот поранешен сопруг. Близок извор до Џони Деп сподели за „Ентертејнмент тунајт“ дека актерот ќе ги донира сите пари во пет различни добротворни организации и дека ќе им додели по 200.000 долари на секоја од нив. Тој избрал организации кои им помагаат на болните деца, […]

„Куќа во куќа“- промоција на новата стихозбирка од Гордана Михаилова Бошнакоска


Во паркот на книгата на Матица Ексклузив на 15 јуни (четврток) во 13 часот ќе се одржи промоција на стихозбирката „Куќа во куќа“ од Гордана Михаилова Бошнакоска. Изданието на познатата поетеса ќе го промовира д-р  Славчо Ковиловски, а стихови ќе интерпретира актерот Владо Јовановски. „Куќа во куќа“ е четиринаесета поетска книга на Бошнакоска, во која […]

„Македонскиот театар во меѓународната јавност“- врвни имиња од регионот на фестивалот во Прилеп


Мики Радојниќ, театролог, актуелен директор на „Стеријино позорје“, Милош Латиновиќ, директор на театарот и фестивалот „Битеф“, и Јанко Љумовиќ, театарски продуцент, професор, некогашен министер за култура на Црна Гора, се годинава членови на жирито кои ќе одлучуваат за наградите на 57. „Војдан Чернодрински“, најреномираниот и најстар национален фестивал на театарската уметност , кој е во […]

„Балконот“ на Албанскиот театар и „Женска гардероба“ на Театар Комедија на сцените во Прилеп


Со претставата „Балконот“, Албанскиот театар од Скопје вечерва во 19.30 часот ќе гостува во Прилеп, на официјалната програма на 57. МТФ „Војдан Чернодрински“. Терминот од 22 часот на шестиот ден на фестивалот е резервиран за Театар Комедија од Скопје, кој ќе ја изведе „Женска гардероба“ на сцената на Театарот „Војдан Чернодрински“. И денеска во 10 […]

Културната елита во МСУ- скопскиот земјотрес ги обедини уметниците од Вишеградската група


Во Музејот на современата уметност – Скопје синоќа, во присуство на бројни гости и почитувачи на уметноста, свечено беше отворена изложбата „Дефрагментација“ со дела од колекцијата на МСУ-Скопје, подарени од уметници од Чешка, Унгарија, Полска и Словачка. Изложбата е резултат на заедничката соработка на амбасадите на земјите од Вишеградската група и Музејот на современа уметност – […]

ЕЕА: Училиштата и болниците во европските градови се изложени на ризик од екстремни горештини


Брисел – Речиси половина од училиштата и болниците во европските градови се наоѓаат во урбани „топлински острови“, изложувајќи ги ранливите популации на опасни по здравјето температури, бидејќи влијанието на климатските промени се интензивира, соопшти Европската агенција за животна средина (ЕЕА). Околу 46 проценти од болниците и 43 отсто од училиштата се лоцирани во области каде што […]

Фестивал на улична храна во Скопје, пет дена кулинарска авантура зачинета со музика


Италијански пици и паста, мексикански такоси и американски бургери од најдобрите ресторани и бистроа за улична храна во Скопје, ќе бидат само дел од понудата на првиот Skopje Street Food Festival што почнува денеска, а ќе трае до 18 јуни. Фестивалот ќе се одржува на паркингот на „Театар Комедија“. Во работните денови љубителите на улична […]

Во МАНУ промоција на терминолошкиот речник „Филозофија“


 Во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска ќе биде промовиран терминолошкиот речник „Филозофија“, изготвен во рамки на макропроектот Македонска научна и стручна терминологија. По овој повод, обраќања ќе имаат претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев, раководителот на макропроектот Македонска научна и стручна терминологија, академик Витомир Митевски, како и професорите Ана Димишковска и Иван […]

„Празник на липите” во ДПМ


Во Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) денеска ќе се одржи годинашната традиционална меѓународна манифестација „Празник на липите”. Манифестацијата вообичаено почнува со интерпретацијата на песната „Липа” од Матеја Матевски, која годинава ќе ја прочита минагодишната добитничка на наградата „Книжевен жезол” – поетесата Гордана Михаилова Бошнаковска. Потоа, претседателот на ДПМ ќе ја отвори манифестацијата и ќе […]

Мирор: Манчестер јунајтед ќе биде продаден на банкар од Катар


Манчестер – Манчестер јунајтед ќе биде продаден на катарскиот банкар Џасим бин Хамад Ал Тани, пренесува „Мирор“. Понудата на катарски инвеститор за купување на клубот ја надминаа онаа на Џим Ретклиф. Според британскиот медиум, страните веќе се договориле, а зделката треба да биде објавена во блиска иднина. Во сезоната 2022/23, Манчестер јунајтед заврши на третото место […]