Сиљановска Давкова на комеморацијата за Стојан Андов: Тој беше либерал – најдобар писател меѓу политичарите
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се обрати на Комеморативната седница по повод смртта на Стојан Андов, првиот претседател на Собранието на самостојна Република Македонија. Изразувајќи сочувство по повод смртта на првиот демократски избран македонски функционер по осамостојувањето, претседателката Сиљановска Давкова истакна дека Андов беше државник, политичар, економски експерт, дипломат од висок ранг, политиколог, новинар, публицист, …