Зеленски го назначи Алексиј Морозов за шеф на Управата за државна безбедност


Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го назначи Алексиј Морозов за шеф на Управата за државна безбедност (СДА). Соодветниот декрет е објавен на веб-страницата на претседателот, пренесува Укринформ. „Олексеј Володимирович Морозов е назначен на позицијата шеф на Управата за државна безбедност на Украина“, се наведува во документот. 

Најмалку 47 лица го загубија животот во поплави во јужна Кина


Најмалку 47 лица го загубија животот во поплави и лизгање на земјиштето поради обилните дождови во јужна Кина. Поплави ја зафатија провинцијата Гуангдонг, а властите денеска предупредуваат на нови поплави во другите делови на земјата. Во округот Пингјуан има голема материјална штета, објави ЦЦТВ. Најобилниот дожд наврна од неделата до вторникот. Патот кој води до …

Најмалку 47 лица го загубија животот во поплави во јужна Кина Read More »

Без струја Тирана и повеќе други градови


Без електрична енергија од пладне е Тирана и повеќе градови во Албанија, како Корча, Елбасан, Скадар, Драч, Поградец, Лежа и Кукс. -Илјадници семејства останаа без струја во топол ден кога температурите достигнаа 41 степени Целзиусови и кога денешниот ден е еден од најтоплите денови. Недостигот на електрична енергија предизвика хаос  во сообраќајот поради неработење на …

Без струја Тирана и повеќе други градови Read More »

Таравари во понеделник ќе ги разреши економските директори од Клиниките


Арбен Таравари вети дека во понеделник ќе ги разреши сите економски директори во Клиничкиот центар, кои и онака во голем процент се В.Д., на денешната конференција на коалицијата ВЛЕН. Како министер за здравство меѓу останато, рече дека ќе се заложи итно да се реши проблемот со компресорите во опрационите сали во Клиничкиот центар „Мајка Терза“, …

Таравари во понеделник ќе ги разреши економските директори од Клиниките Read More »

Меџити: Балансерот ќе се замени со закон за правична застапеност, нема Иван што ќе го промени тоа


Балансерот ќе биде заменет со закон за правична застапеност, ќе има прв вицепремиер, а населбите да не изгледаат како од третите земји, се целите на коалицијата ВЛЕН, претставени на денешната  на која беа претставени програмските столбови и новиот владин тим, како и предизвиците во наредните четири години. Како што кажа претседателот на Демократското Движење, Изет …

Меџити: Балансерот ќе се замени со закон за правична застапеност, нема Иван што ќе го промени тоа Read More »

ОЛАФ откри како се украдени повеќе од милијарда евра од ЕУ


Истрагата на Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) откри дека повеќе од милијарда евра од парите на даночните обврзници на ЕУ треба да се вратат бидејќи биле злоупотребени. Инспекторите открија и измама со 209 милиони евра пред тие пари да бидат неоправдано потрошени, објави ОЛАФ. Покрај откривањето на фондовите на ЕУ кои завршија во …

ОЛАФ откри како се украдени повеќе од милијарда евра од ЕУ Read More »

Цела Црна Гора остана без струја, но и Далмација, БиХ, Албанија и Грција


На температури близу и над 40 степени целзиусови повеќе Балкански земји денеска останаа без струја поради оптоварување на електро-дистрибутивниот систем. Според регионалните медиуми, оптовареноста на црногорскиот систем предизвикало избивање на далноводите, па без струја е поголем дел од Црна Гора, Далмација, делови од Славонија во Хрватска, речиси целата територија на Босна и Херцеговина, северниот и …

Цела Црна Гора остана без струја, но и Далмација, БиХ, Албанија и Грција Read More »

Во вторник ЕУ ги почнува преговорите со Украина и со Молдавија


Дваесет и седумте земји на ЕУ потврдија дека пристапните преговори со Украина и Молдавија ќе започнат во вторник, соопшти белгиското претседателство со ЕУ . На состанокот во Луксембург, министрите за финансии на ЕУ формално усвоија преговарачка рамка со двете земји кандидати, потврдувајќи го начелниот договор постигнат од нивните претставници минатата недела. Тој договор овозможува преговорите …

Во вторник ЕУ ги почнува преговорите со Украина и со Молдавија Read More »

Сестрата на корејскиот лидер е немилосрдна: Ќе ве затрупаме со ѓубре


Сестрата на лидерот на Северна Кореја, Ким Јо Јонг денеска навести дека ќе лансира уште балони со ѓубре во Јужна Кореја. „Природно е дека ќе има проблеми бидејќи тие повторно го направија она што им беше кажано да не го прават“, рече Ким Јо Јонг во изјавата што ја објави севернокорејската централна новинска агенција, укажувајќи …

Сестрата на корејскиот лидер е немилосрдна: Ќе ве затрупаме со ѓубре Read More »

Викендов натпросечно топло, од понеделник краткотраен дожд и грмежи


Викендов нашето подрачје и понатаму ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса од југ поради што времето ќе биде претежно сончево и натпросечно топло. Утре минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 23, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени.  Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, од понеделник …

Викендов натпросечно топло, од понеделник краткотраен дожд и грмежи Read More »

Роберто Баџо претепан, ограбен и заробен!


Легендарниот италијански фудбалер Роберто Баџо (57) преживеа „пекол“ додека го следеше ЕУРО. Во текот на кариерата Баџо играше за Виченца, Фиорентина, Јувентус, Милан, Болоња, Интер и Бреша. За Италија одигра 56 натпревари и постигна 27 гола. Многумина го гледаат како трагична фигура во финалето на Светското првенство во 1994 година со Бразил во пенали. Еден …

Роберто Баџо претепан, ограбен и заробен! Read More »

Даку моли за прошка откако срамно ги навреди Македонците на ЕУРО


Албанскиот репрезентативец Мирљинд Даку се извини откако ги навреди Македонците по мечот со Хрватска. По завршувањето на натпреварот со Хрватска (2:2), Албанецот роден во Гњилане истрча кон трибината на која се наоѓаа навивачите на Албанија и преку мегафон водеше срамно навивање против Македонците. Некои портали објавија дека тој ги навредувал и Србите на национална основа. …

Даку моли за прошка откако срамно ги навреди Македонците на ЕУРО Read More »

Дојава за бомба испратена до сите судови во Словачка


Судовите во Словачка денеска добија дојава за бомба, изјави портпаролката на регионалната полиција на Братислава, Јана Шимункова. Полицијата врши увид во сите судски згради, додаде портпаролката. Дојава за бомба има и за Врховниот суд на Словачка, јавија словачките медиуми. Пред еден месец дојави за бомби имаше во над 1.300 уилишта низ таа држава.

Со изненадувачки потег, Ерменија ја призна државата Палестина


Ерменија ја призна Палестина како држава во петокот наутро, јави руската новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на ерменското Министерство за надворешни работи. „Катастрофалната хуманитарна ситуација во Газа и тековниот воен конфликт се едно од примарните прашања на меѓународната политичка агенда што бара решение. Република Ерменија категорично го отфрла таргетирањето на цивилната инфраструктура, насилството врз цивилното …

Со изненадувачки потег, Ерменија ја призна државата Палестина Read More »

Прв случај на каснување од змија – бидете внимателни!


Итната медицинска помош во Скопје го евидентираше првиот случај на каснување од змија. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) редовно информираат за пријави за змии во населени места, а надлежните апелираат да се внимава во текот на летото, со цел граѓаните да се заштитат од влекачите. Доктор Драган Панов од Итната медицинска помош во …

Прв случај на каснување од змија – бидете внимателни! Read More »

Германската компанија „Рајнметал“ доби нарачка од 8,5 милијарди евра за оружје


 доби рамковен договор од Бундесверот, што вклучува испорака на артилериска муниција од 155 милиметри со бруто вредност  8,5 милијарди евра. Постојниот рамковен договор е значително проширен, а наредбата првенствено е наменета за зголемување на залихите на Бундесверот и неговите сојузници, како и за поддршка на Украина во нејзината одбранбена кампања. Испораките се планирани да започнат …

Германската компанија „Рајнметал“ доби нарачка од 8,5 милијарди евра за оружје Read More »

Холандски турист со скршена нога спасуван кај Елшани


Регионалниот ЦУК Охрид, известува дека Планинарска спасителна служба од 13.40 до 15 часот вчера, имала спасителна акција на територија на Општина Охрид. Извршено е извлекување на повредено лице од околината на с.Елшани, холандски турист, кое имало скршеница на нога и е предадено на екипа од Итната медицинска помош од Охрид. Лицето е пренесено во болницата …

Холандски турист со скршена нога спасуван кај Елшани Read More »

Од воздух ќе се гаси пожарот над Цер (Видео)


Во последното деноноќиео егистрирани се 15 пожари на отворено  и од нив активен се води само уште еден на место викано Рамнин. Конкретно, Регионалниот ЦУК Охрид известува дека пожарот на отворено, на место викано Рамнин, атар на с.Цер (Општина Кичево) каде што гори нискостеблеста деградирана шума, сува трева и смрека се води сè уште како активен. …

Од воздух ќе се гаси пожарот над Цер (Видео) Read More »

Бугари украле милиони евра од државна помош од Белгија – истото го направија и во Британија


Инспекторатот за труд во Брисел открил шема за измама со социјални бенефиции пренасочени кон Бугарија, објавија локалните медиуми. Се истакнува дека за случајот вчера биле приведени 17 осомничени, а штетата на буџетот се проценува на 1,5 милиони евра, пренесе БТА Претреси беа извршени во Брисел, Антверпен и други градови. Инспекторите пронашле 15.000 евра во кеш. …

Бугари украле милиони евра од државна помош од Белгија – истото го направија и во Британија Read More »

Се изнесува сметот во Куманово, општината и населението постигнаа договор


По два дена блокада на кумановска депонија Краста, жителите на Пчиња, Студена Бара и Вакв дозволија влез за камионите на ЈП ,,Чистота и зеленило”. Продолжи депонирањето на сметот. Месното население постигна договор со Општина Куманово. За понеделник е закажан состанок со градоначаникот Максим Димитривски и претставници на месното население, и надлежните институции, на кој ќе …

Се изнесува сметот во Куманово, општината и населението постигнаа договор Read More »