ФАА нареди проверки на 2.600 авиони Боинг поради проблеми со маските за кислород


Американската федерална управа за авијација (ФАА) вчера соопшти дека има маски за кислород во околу 2.600 авиони Боинг прегледани поради проблеми. ФАА соопшти дека дефектот „може да резултира со неможност да се обезбеди дополнителен кислород за патниците“. Наредбата за инспекција доаѓа по повеќе извештаи од патници дека единиците за маски за кислород се изместиле од …

ФАА нареди проверки на 2.600 авиони Боинг поради проблеми со маските за кислород Read More »

Изумрени риби во долниот тек на река Брегалница во Делчевско


 Изумрени риби попладнево се забележани во долниот тек на река Брегалница во Делчевско. За појавата алармираа сточари кои вршат испаша на домашни животни во атарот на селата Драмче и Бигла во близина на реката Брегалница. Самостојниот општински инспектор Љупчо Симоновски, во изјава за МИА, посочи дека се работи за рибокрадство. -Логично ваквата појава е од …

Изумрени риби во долниот тек на река Брегалница во Делчевско Read More »

Санчо одбил сериозна понуда, ги чека Јувентус


Крилниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Џејден Санчо, одбил многу сериозната понуда што пристигнала во клубот за него бидејќи претпочита да го чека развојот на настаните околу интересот на Јувентус за него, тврдат неколку италијански новинари. Англичанецот како сериозен приоритет го дефинираше влегувањето во редовите на „старата дама“. Различни извори тврдат дека од „Олд Трафорд“ се …

Санчо одбил сериозна понуда, ги чека Јувентус Read More »

Без вода утре корисниците од улица „Мирче Ацев“


Корисниците од улицата „Мирче Ацев“, утре од 7.30 часот ќе останат без вода за пиење, соопштија од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Како што се појаснува во соопштението, вода за пиење ќе нема поради изведување водоводен приклучок на улицата „Мирче Ацев“ без број. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности.

Екстремна идеја: Вселената да ни ги чува податоците!?


Можеби ќе биде до 2036 година, но Европа размислува како да испрати центри за податоци во вселената на одржлив начин. Откако започна генеративната вештачка интелигенција (ВИ), побарувачката за центри за податоци вртоглаво се зголеми, но со недостаток на земја и потреба од електрична енергија, Европа размислува да испрати центри за податоци во вселената во обид …

Екстремна идеја: Вселената да ни ги чува податоците!? Read More »

Кривична за петмина вмешани во бесправно изнајмување на Олимписки базен


Единицата за корупција во Секторот за криминалистички истраги при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во соработка со Одделот за криминалистичка полиција на 05.07.2024 до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против: Д.Д.(55), М.Г.(32), М.М.(64), К.В. (58) и А.Д.(29), сите од Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената …

Кривична за петмина вмешани во бесправно изнајмување на Олимписки базен Read More »

Цените на чајот во Индија значително се зголемија поради намалениот род


Цените на чајот во Индија нагло се зголемија и најверојатно ќе останат високи поради топлотните бранови и поплавите на врвот на сезоната на жетва во клучните региони за производство, предупредуваат лозарите и трговците. Порастот на цените може да му помогне на заболениот сектор, кој се бореше со зголемените трошоци за производство во последните десет години, …

Цените на чајот во Индија значително се зголемија поради намалениот род Read More »

Локализиран голем пожар на територија на општина Прилеп


 Рeгионалниот Центар за управување со кризи – Прилеп информираше дека е локализиран опасен пожар зад објектите на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ). Спасени се една фабрика и околни објекти во реон на пожарот, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК). – Преку 112 во ЦУК, добиен е повик за опасен пожар во Прилеп, а освен …

Локализиран голем пожар на територија на општина Прилеп Read More »

„Вартекс“ оди во стечај


Компанијата Вартекс дефинитивно оди во стечај. Надзорниот одбор даде согласност на менаџментот да покрене стечај, а денеска се одржа состанок со работниците, кои едногласно ја поддржаа одлуката. Ова за ХРТ го потврди Стјепан Чајиќ, косопственик на „Вартекс“. Директорот Карло Копрек рече дека за работниците е подобро ако „Вартекс“ самиот прогласи стечај. „Веќе во петокот им …

„Вартекс“ оди во стечај Read More »

Јаневска: Секој универзитет кој работел спротивно на законот, ќе биде затворен


Многу скоро ќе направиме ревизија на легалното работење на бројни универзитети и како што секогаш сум истакнувала, тие што работат спротивно на Законот, нема да можат да постојат и понатаму, додека тие што работат легално и продуцираат квалитетен кадар да не се плашат и понатаму ќе можат да работат. Ова го истакна министерката за образование …

Јаневска: Секој универзитет кој работел спротивно на законот, ќе биде затворен Read More »

Езерската полиција спаси две малолетни лица кои со кајак се превртеа во Охридско Езеро


Утрово, во 9.30 часот во Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ пријавено е дека во водите на Охридското Езеро, на плажата „Бафало бич“, се превртел кајак, сопственост на кајак клуб од Охрид во кој имало две малолетни лица.  По добиената пријава, полициски службеници од Езерската полиција со пловен објект се упатија на посоченото место …

Езерската полиција спаси две малолетни лица кои со кајак се превртеа во Охридско Езеро Read More »

Семејствата на заложниците апелираат до Нетанјаху да го одложи говорот во американскиот Конгрес


Групата што ги претставува семејствата на израелските заложници кои се држат во Појасот Газа денеска апелираше до израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да го одложи својот говор пред американскиот Конгрес додека не се потпише договор за ослободување на нивните роднини. Нетанјаху треба да зборува на заедничката седница на Конгресот на 24 јули. Израел и Хамас во …

Семејствата на заложниците апелираат до Нетанјаху да го одложи говорот во американскиот Конгрес Read More »

Прекин на сообраќајот на автопатот Прилеп – Битола поради сообраќајка


Од 15:48 часот затворен за сообраќај е автопатот Прилеп – Битола на излез од Прилеп према Битола кај ѓубриштето, поради сообраќајна незгода, информираа од АМСМ. Сообраќајот се пренасочува по стариот пат. 

Перински до градоначалниците: Искористете ги првите 100 милиони евра со добри проекти


Министерот Перински со градоначалниците од Скопскиот плански регион: Убеден сум дека општините ќе аплицираат со зрели проекти и првите 100 милиони евра од Владата наскоро ќе ги почувствуваат граѓаните со решавање на нивни приоритетни потреби Министерот за локална самоуправа, Златко Перински денеска имаше состанок со градоначалниците од Скопскиот плански регион. На состанокот се разговараше за приоритетите …

Перински до градоначалниците: Искористете ги првите 100 милиони евра со добри проекти Read More »

Израелската војска ги повика Палестинците да се евакуираат од неколку населби на градот Газа


Израелската армија денеска ги повика Палестинците да се евакуираат од неколку населби на градот Газа, на северот на Појасот Газа, кон таканаречените хуманитарни зони на југ и во централниот дел на енклавата. Армискиот портпарол за арапски јазик, полковник Авихаи Адраи, го објави списокот на населби што треба да се евакуираат – Сабра, Римал, Тел ал …

Израелската војска ги повика Палестинците да се евакуираат од неколку населби на градот Газа Read More »

Судскиот совет ја отфрли Иницијативата од ДКСК за утврдување одговорност на членови од Управниот одбор на АСЈО


Судскиот совет на денешната 492-та седница ја отфрли Иницијативата од Државната комисија за спречување корупција за утврдување на одговорност на членови на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители. Со девет гласа „за“ и два „против“ Советот донесе решение со кое ја отфрли Иницијативата на ДКСК како ненавремена. Од Државната комисија за спречување …

Судскиот совет ја отфрли Иницијативата од ДКСК за утврдување одговорност на членови од Управниот одбор на АСЈО Read More »

Одложено судењето за Мерко – одбраната бара застареност


Во Основниот суд во Струга одложена главната расправа во судскиот процес против струшкиот градоначалник Рамис Мерко за набавката на луксузниот автомобил Ауди А6 вреден 67 илјади евра, поради потребата од време судот да ги разгледа предлозите на обвинителот и одбраната. Судскиот процес ќе продолжи на 2 септември со сослушување на десеттина сведоци предложени од одбраната. …

Одложено судењето за Мерко – одбраната бара застареност Read More »

Автобус на ЈСП се качи на жардиниера кај „Мавровка“ – возачот и патник пренесени во болница


Несекојдневна сообрајќајна незгода се случи попладнево во Скопје, која двокатен автобус на Јавното сообраќајно претпријатие се качи на средишната жардиниера на булеварот „Гоца Делчев3, при што две лица се пренесени во болница. – Денеска во 14.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје, на булевар „Гоце Делчев“ автобус на ЈСП, движејќи се по …

Автобус на ЈСП се качи на жардиниера кај „Мавровка“ – возачот и патник пренесени во болница Read More »

Кривичен во целост го прифати обвинителниот акт за убиството на Вања и Панче – приговорите одбиени


 Основен кривичен суд Скопје денеска преку соопштение информира дека се одбиени како неосновани приговорите на одбраната на обвинетите за случајот со убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес и обвинителниот акт се прифаќа во целост.  -Советот за оценка на обвинителен акт со КООА 83/24 против обвинетите: В.М., Б.В. и …

Кривичен во целост го прифати обвинителниот акт за убиството на Вања и Панче – приговорите одбиени Read More »

Бензините поскапуваат за еден, а дизелот за половина денар за литар


Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и  ЕУРОСУПЕР БС-98 од ноќеска на полноќ се зголемуваат за еден денар за литар, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за половина денар за литар, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ).  …

Бензините поскапуваат за еден, а дизелот за половина денар за литар Read More »