Средношколецот што донесе сребро по хемија од Ријад, утре со тимот на прием кај Сиљановска-Давкова
Прилепскиот гимназијалец Петар Мирчески на земјава ѝ го донесе сребрениот медал од Олимпијадата по хемија што од 21 до 30 јули се одржа во Ријад, Саудиска Арабија. Целиот македонски тим на оваа Олимпијада покажа завидни резултати: Марио Ванчоски и Иван Костевски од Гимназијата „Славчо Стојменски“ од Штип и Елена Живаљевиќ од „Јахја Кемал“ од Скопје. …