ДЗР со неповолен извештај за Министерството за култура: 318 милиони денари исплатени за културни проекти, без јасно дефинирани критериуми


 Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Министерството за култура за 2023 година. Во денеска објавените конечни ревизорски извештаи на Министерството за култура, се посочува дека се утврдени состојби, неправилности и неусогласености кои влијаат на издаденото неповолно мислење на овластениот државен ревизор во однос на реалноста и …

ДЗР со неповолен извештај за Министерството за култура: 318 милиони денари исплатени за културни проекти, без јасно дефинирани критериуми Read More »

„Стив“ и „Кузман“ ќе бидат обновени до 2026 година, другите седум студентски, за четири години


  Реконструкцијата на девет студентски домови (четири во Скопје) и останатите во другите градови ќе придонесе за подобрување на услловите за едукација и престој за македонските студенти, како една од мерките во напорите младите луѓе да се задржат дома. Активностите за етапна реконструкција на студентските домови се во тек, а во моментот се реализираат во …

„Стив“ и „Кузман“ ќе бидат обновени до 2026 година, другите седум студентски, за четири години Read More »

Робот извади први примероци на радиоактивно нуклеарно гориво од реакторот Фукушима


Компанијата за електрична енергија Токио (ТЕПКО), која управува со нуклеарната централа Фукушима Даичи, употреби џиновски робот за да ги извади првите примероци на гориво од реакторот. Овој момент се случи 13 години по разорниот земјотрес и цунамито кои предизвикаа топење и истекување на радиоактивен материјал во електраната. Роботот тежи 4,6 тони и има рака долга …

Робот извади први примероци на радиоактивно нуклеарно гориво од реакторот Фукушима Read More »

Кометата последен пат видена од неандерталците се забележа и на небото над Скопје


  На небото над Скопје граѓаните можеа да бидат сведоци на една појава што ретко се гледа. Имено, вчеравечер на ноќното небо и во Скопје можеше да се забележи комета со официјално име Ц/2023 A3 Цучиншан-Атлас, а она што е интересно за неа е што неодамна беше откриена. Нашиот фотограф Борис Грданоски го забележа нејзиното …

Кометата последен пат видена од неандерталците се забележа и на небото над Скопје Read More »

Даниел трет од семејството Малдини со настап за Италија


Напаѓачот на Монца, Даниел Малдини, дебитираше за италијанската фудбалска репрезентација на синоќешниот натпревар од Лигата на нации против Израел (4:1). Фудбалерот влезе како замена во 74. минута од натпреварот наместо Џакомо Распадори. Даниел е третиот фудбалер од семејството Малдини кој настапува за репрезентацијата на Италија. Неговиот дедо Чезаре одигра 14 натпревари за националниот тим помеѓу …

Даниел трет од семејството Малдини со настап за Италија Read More »

За една недела Царината заплени златен накит, лекови, облека, цигари…


 Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани златен накит, лекови, облека, електроинсталациони производи, цигари и фалсификати. Како што соопштија денеска од Царинската управа запленети се 19 парчиња златен накит и еден златен рачен часовник, откриени при контрола на автобус со турски регистарски таблички …

За една недела Царината заплени златен накит, лекови, облека, цигари… Read More »

По оваа забрана Прага нема да биде иста: Ќе разочара илјадници туристи


  Прага, еден од најпознатите европски градови по својата богата историја, архитектура и, се разбира, пивото, воведе нова забрана која може драстично да го промени начинот на кој многу туристи го доживуваат ноќниот живот во градот. Локалните пратеници одлучија да забранат организирано „лазење“ во пабови, тури со водич кои ги носат туристите од бар до …

По оваа забрана Прага нема да биде иста: Ќе разочара илјадници туристи Read More »

Во 37 држави почна предвременото гласање за претседателските избори во САД, досега гласаа пет милиони луѓе


Во 37 сојузни држави веќе почна предвременото гласање за претседателските избори во САД, а тоа право до синоќа го искористија речиси пет милиони гласачи, кои гласале по пошта или лично. Во следните пет дена ќе започне предвременото гласање во три од седумте клучни држави – Џорџија, Невада и Северна Каролина. Предвременото гласање стана широко распространета …

Во 37 држави почна предвременото гласање за претседателските избори во САД, досега гласаа пет милиони луѓе Read More »

„Не биди соучесник – пријави обид за корупција“ – Кампања за спречување корупција на Агенцијата за катастар на недвижности


Преку превентивната кампања „Не биди соучесник – пријави обид за корупција“, Агенцијата за катастар на недвижности ќе работи на подигнување на свеста за спречување корупција во институцијата. „Корупцијата во државните институции претставува сериозна закана за нивниот интегритет и го поткопува јавниот интерес. Таа создава атмосфера на недоверба, нееднаквост и неправда, кои негативно влијаат врз институциите. …

„Не биди соучесник – пријави обид за корупција“ – Кампања за спречување корупција на Агенцијата за катастар на недвижности Read More »

Агенција за животна средина на ЕУ: Здравјето на европските води не е добро


Имајќи предвид дека само 37 отсто од површинските води се во добра или многу добра еколошка состојба, Европа мора подобро да управува со своите водни ресурси за да им гарантира на граѓаните снабдување со квалитетна вода, предупреди Европската агенција за животна средина (ЕЕА). Агенцијата на ЕУ со седиште во Копенхаген посочи дека постои итна потреба …

Агенција за животна средина на ЕУ: Здравјето на европските води не е добро Read More »

Македонија помеѓу земјите со најлош јавен превоз во Европа


Одењето од точка А до точка Б можеби не е исто искуство низ цела Европа. Јавниот превоз има големо влијание врз целокупното задоволство на жителите од градот во кој живеат се вели во истражувањето на „Еуроњуз“. Седум од 10 жители во Европа се генерално задоволни од јавниот превоз во нивниот град, се вели во извештајот …

Македонија помеѓу земјите со најлош јавен превоз во Европа Read More »

Полската влада ќе разговара за планот за укинување на правото на азил


На денешниот состаок полската влада ќе разговара за времено укинување на правото на азил, како и стратегија за контрола на илегалната миграција, јави ДПА. Во саботата, премиерот Доналд Туск објави дека планира барем привремено да го суспендира правото на азил. „Земјата мора да ја врати стопроцентната контрола врз тоа кој влегува во Полска“, рече тој …

Полската влада ќе разговара за планот за укинување на правото на азил Read More »

Зеленски: Северна Кореја се приклучува на војната


Украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео обраќање до нацијата вечерва рече дека Северна Кореја се приклучува на војната во Украина. Зеленски во обраќањето објавено на социјалните мрежи зборуваше за неговите активности. „Меѓу главните работи денеска беше извештајот на разузнавачките агенции за намерите на Русите за есенскиот и зимскиот период. Сè е многу детално. Практично зборуваме …

Зеленски: Северна Кореја се приклучува на војната Read More »

Сахара под вода – формирано огромно езеро (фото/видео)


Дводневните врнежи од септември во неколку области на регионот Сахара во југоисточниот дел на Мароко ги надминаа годишните просеци и предизвикаа поплави, објавија властите на тамошната метеоролошка агенција. Тагунит, село на околу 450 километри јужно од главниот град Рабат, забележа повеќе од 100 мм (3,9 инчи) врнежи за 24 часа, објави Гардијан. Сателитски снимки на …

Сахара под вода – формирано огромно езеро (фото/видео) Read More »

Од Нова Градишка почна ултрамаратонот во чест на Тоше


 Во Нова Градишка, Хрватска попладнево започна 17-от ултрамаратон во чест на Тоше Проески. Четиринаесетте маратонци ќе трчаат низ Хрватска, па преку Србија, низ Македонија, сѐ до Крушево каде треба да стигнат напладне в среда, 16 октомври, на годишнината од смртта на нашата и балканска музичка ѕвезда, Тоше Проески. Тоше загина на 16 октомври 2007 година …

Од Нова Градишка почна ултрамаратонот во чест на Тоше Read More »

Франција пак го реформира имиграцискиот систем, претходниот обид доведе до колапс на владата


Новата влада на Франција, предводена од премиерот Мишел Барние, ќе донесе нов закон за имиграција, иако пред само неколку месеци претходната влада направи значителни промени во овој систем, со што за малку не беше урната владејачката коалиција. Портпаролката на владата на Барние, Мод Брегеон, рече дека „На Франција и треба нов закон за имиграција“ и …

Франција пак го реформира имиграцискиот систем, претходниот обид доведе до колапс на владата Read More »

Телото на последната жртва од поплавите пронајдено во Јабланица, уште едно лице се бара во Коњиц


Спасувачките екипи во соработка со полицијата и другите надлежни служби го пронашле телото на последниот загинат во поплавите во Доња Јабланица, потврдија за порталот „Аваз“ од полицијата. Телото е пронајдено во близина на браната на ХЕ Грабовица, со што вкупниот број на жртви од оваа катастрофа во Јабланица се искачи на 19, додека во Коњиќ …

Телото на последната жртва од поплавите пронајдено во Јабланица, уште едно лице се бара во Коњиц Read More »

Над 14.000 граѓани пријавени во првите три дена за бесплатна вакцинација против сезонски грип


Министерството за здравство објави дека на веб страницата – vakcinacija.mk, каде пред три дена почна пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип за ризични групи население, веќе се пријавени над 14.000 граѓани.  „Предвидено е вакцинацијата да почне во текот на следната недела. Набавени се 70.000 дози четиритипна вакцина против сезонски грип. Министерството континуирано го зголемува бројот на …

Над 14.000 граѓани пријавени во првите три дена за бесплатна вакцинација против сезонски грип Read More »