Убиството го сметаат за оправдано, па донираат за Луиџи Манџоне


Во деновите откако Луиџи Манџоне беше обвинет за убиство на директорот на американско здравствено осигурување, илјадници луѓе донираа пари онлајн за негова правна одбрана, а објавени се и пораки за поддршка, од кои некои дури го слават злосторството. Во Њујорк се појавија плакати со лица на различни директори со натпис „Се бара“. Веб-страници продаваат стока …

Убиството го сметаат за оправдано, па донираат за Луиџи Манџоне Read More »

Македонија денеска ги дознава своите ривали на патот кон Светското првенство во 2026 година


Фудбалската репрезентација на Македонија денеска ќе ги дознае своите ривали во квалификациите за СП 2026 година во САД, Мексико и Канада. Жрепката ќе се изврши од 12:00 часот во Цирих. Светското првенство за две години ќе има рекорден број учесници – 48. „Црвено-жолтите“ ќе бидат во третата урна заедно со Шкотска, Словенија, Ирска, Албанија, Грузија, …

Македонија денеска ги дознава своите ривали на патот кон Светското првенство во 2026 година Read More »

Во Федерацијата Босна и Херцеговина почнува забраната за пушење во сите затворени објекти


На територијата на Федерацијата Босна и Херцеговина денеска ќе се применува Правилникот за забрана за пушење во сите затворени објекти во овој ентитет на Босна и Херцеговина. Правилникот стапи во сила пред шест месеци, но им се остави простор на угостителските објекти да се адаптираат половина година. Законскиот предлог предвидува дека правните лица кои нема …

Во Федерацијата Босна и Херцеговина почнува забраната за пушење во сите затворени објекти Read More »

Израел им нареди на војниците „да се подготват да останат“ во сириската тампон зона за време на зимата


Израелскиот министер за одбрана Израел Кац и нареди на војската да се „подготви да остане“ во текот на зимата во тампон зоната меѓу израелските и сириските сили на стратешката Голанска висорамнина, каде патролира ОН. „Поради ситуацијата во Сирија, од критична безбедносна важност е да го задржиме нашето присуство на врвот на планината Хермон, и мора …

Израел им нареди на војниците „да се подготват да останат“ во сириската тампон зона за време на зимата Read More »

Украински функционер: Европски контингент може да биде една од гаранциите за иден мир


Распоредување европски воен контингент во Украина може да биде „една од гаранциите“ за идниот мир со Русија, изјави денеска неименуван висок украински функционер за АФП, додека прашањето се повеќе се споменува во Европа, јави Бета. – Претпоставуваме дека прекин на огнот нема да биде доволен за да се реши проблемот. (Рускиот претседател Владимир) Путин секогаш …

Украински функционер: Европски контингент може да биде една од гаранциите за иден мир Read More »

Штипски „Стипион“ за наредната година ќе набавува нови автобуси за градскиот превоз


Зголемен број на термини, линии до приградските населби, меѓуопштински превоз на патници до карбинските села и задоволни граѓани е исходот од функционирањето на градскиот линиски превоз во Штип, истакна денеска директорот на Јавното претпријатие „Стипион“-Штип, Панче Стефановски. Тој посочи дека за повеќе од една година набавени се нови возила, со кои граѓаните полесно и побрзо …

Штипски „Стипион“ за наредната година ќе набавува нови автобуси за градскиот превоз Read More »

Словенија испраќа војници во Бугарија за засилување на источното крило на НАТО


Министерството за одбрана на Словенија денеска соопшти дека ќе испрати 20 војници во Бугарија, во составот за зајакнување на источното крило на НАТО. Интеграцијата на словенечката армија во борбената група на НАТО во Бугарија, во која заедно со водечката земја Италија, редовно и периодично ќе учествуваат и сојузниците – Северна Македонија, Албанија, Црна Гора, Грција, …

Словенија испраќа војници во Бугарија за засилување на источното крило на НАТО Read More »

ЈСП во катастрофална ситуација, триесетина автобуси денес останаа паркирани поради немање метан


Продолжува катстрофалната ситуација во Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје. Потпретседателот на синдикалната организација при ЈСП, генерален секретар на „Спајс“, Меџит Идризи за МИА вели дека триесетина автобуси денеска не сообраќаат поради немање метан. Идризи, кој работи во ЈСП, појасни дека разбрал од колегите дека се повлекуваат во гаража, бидејќи немале метан. Според неговите информации проблемот …

ЈСП во катастрофална ситуација, триесетина автобуси денес останаа паркирани поради немање метан Read More »

 Ќе се реконструира дворот и игралиштето во ООУ „Кочо Рацин“


Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на одбележувањето на 80 години од постоењето на ООУ „Кочо Рацин“ најави низа реконструктивни зафати за училиштата, планирани за 2025 година, според нацрт-програмата усвоена на 42. Седница на Советот на Општина Центар. „Во текот на наредната година, во ООУ ,,Кочо Рацин” се предвидува партерно и хортикултурно уредување на дворот, …

 Ќе се реконструира дворот и игралиштето во ООУ „Кочо Рацин“ Read More »

Магазинот „Тајм“ ја избра личноста на годината


Доналд Трамп е личност на годината на магазинот Тајм. Тејлор Свифт беше прогласена за личност на годината минатата година, а интересно е што минатата година меѓу кандидатите беа и обвинетите на Трамп. Трамп веќе беше личност на годината во 2016 година кога првпат беше избран за претседател на САД. Илон Маск и Кејт Мидлтон беа …

Магазинот „Тајм“ ја избра личноста на годината Read More »

Се гради објект за старите автомобили на колекционерот Пашлаков за кој беше снимен и филм


 Се гради објект за педесетина стари автомобили на колекционерот Дионис Пашлаков за кој беше снимен и филм. Оваа информација ја потврди денеска за МИА, неговата сопруга Грозданка. Таа појасни дека по четири години од неговата смрт, семејството Пашлакови го исполнува неговиот аманет и гради современ музејски простор од околу 450 квадратни метри. – На едно …

Се гради објект за старите автомобили на колекционерот Пашлаков за кој беше снимен и филм Read More »

Ѓорѓиевски: Немам прецизна информација дали на Градот ќе му бидат одземени ингеренциите за ЈСП Скопје


Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски нема прецизна информација дали Владата планира да му ги одземе ингеренциите на Град Скопје за јавното сообраќајно претпријатие ЈСП Скопје.  -Знам дека претседателот на Владата го изјави тоа. Знам дека размислуваат сериозно на таа тема затоа што ги засега сите скопјани и тоа не …

Ѓорѓиевски: Немам прецизна информација дали на Градот ќе му бидат одземени ингеренциите за ЈСП Скопје Read More »

Синот на Трамп објави монтирана снимка од неговиот татко како го клоца Зеленски во главата


Доналд Трамп Јуниор, најстариот син на новоизбраниот претседател Доналд Трамп, објави видео на Инстаграм како одговор на најавите дека неговиот татко ќе биде прогласен за личност на годината од магазинот Тајм. На почетокот на видеото е прикажана насловната страница на Тајм од 2022 година на која е украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тогаш една нога го …

Синот на Трамп објави монтирана снимка од неговиот татко како го клоца Зеленски во главата Read More »

Радомир Макеларски кум на „Бадник 2025“, здравичар Атанас Петров


Кум за Бадник 2025 година е Радомир Макеларски, стар скопјанец, економист по професија кој кариерата ја завршува во семејната фирма на неговиот брат „Макпримат“, а здравичар е Атанас Петров, дипломиран архитект и сопственик на фирмата „Торус инженеринг“. Од Одборот за традиционална прослава на Бадник денеска најавија дека традиционалното собирање на бадниковите гранчиња ќе се одржи …

Радомир Макеларски кум на „Бадник 2025“, здравичар Атанас Петров Read More »

Изгласани законски измени за забрзување на изградбата на делниците на коридорите 8 и 10д


Собранието денеска изгласа законски измени со кои треба да се овозможи забрзана изградба на автопатските делници на коридорите 8 и 10д, со решенија со кои се уредува начинот на исплатата на работите поврзани со експропријацијата. На продолжение на 22. седница, со 64 гласа  „за“ беше усвоен Законот за изменување и дополнување на Законот за утврдување …

Изгласани законски измени за забрзување на изградбата на делниците на коридорите 8 и 10д Read More »

ЗЕЛС предлага глобите за диви депонии да бидат од 4.000 до 6.000 евра


За сите оние кои несовесно исфрлаат ѓубре на несоодветно место, со што се создаваат депонии, се предлага глобите да се зголемат од сегашните 50 до 200 евра, на 4.000 до 6.000 евра. Дополнително, се предлага општините, кои ќе фатат граѓанин кој исфрла отпад на несоодветно место, да може да го запленат и возилото. Но, на …

ЗЕЛС предлага глобите за диви депонии да бидат од 4.000 до 6.000 евра Read More »

Еврокомесарот за енергија најавува план за целосен прекин на увозот на енергенси од Русија во ЕУ


Европскиот комесар за енергија и домување Ден Јоргенсен најави амбициозен план за целосен прекин на енергетските врски меѓу Европската Унија и Русија, оценувајќи дека ЕУ се колеба околу целите за замена на руските со енергенси од други извори, па затоа се потребни чекори за „враќање на работите на вистинскиот пат“.  Тој смета дека самото намалување …

Еврокомесарот за енергија најавува план за целосен прекин на увозот на енергенси од Русија во ЕУ Read More »

Производите на прехранбените гиганти поттикнуваат зависност кај децата, поднесена тужба во САД


 Група прехранбени гиганти, вклучувајќи ги Крафт Хајнц, Монделез и Кока-Кола, се под лупа во САД поради наводно дизајнирање и промовирање на „ултра-обработена“ храна која предизвикува зависност кај децата и промовира развој на хронични болести. Тужбата пред судот во Филаделфија ја поднел Брајс Мартинез од Пенсилванија, кој тврди дека конзумирањето на производите на компанијата предизвикало развој …

Производите на прехранбените гиганти поттикнуваат зависност кај децата, поднесена тужба во САД Read More »

БИРН: Србија увезува опрема за масовен надзор на мобилните комуникации


 Во изминатата деценија Србија увезе повеќе од 20 IMSI „Кечери“, уреди што овозможуваат собирање податоци од сите мобилни телефони во одредена област. Експертите предупредуваат дека нивната употреба не е законски регулирана, јавија српски медиуми пренесувајќи анализа на БИРН. IMSI (International Mobile Subscriber Identity-Catcher), имитираат легитимни базни станици за мобилните оператори, ги идентификуваат и лоцираат корисниците, …

БИРН: Србија увезува опрема за масовен надзор на мобилните комуникации Read More »

По 20 години затвор за деветкратниот убиец од Србија, Урош Блажиќ и неговиот татко


Деветкратниот убиец, 22-годишниот Урош Блажиќ беше прогласен за виновен откако минатиот мај уби девет и рани 12 лица во селата Дубона и Мало Орашје. Дваесет години затвор доби  Блажиќ, кој на 4 мај 2023 уби девет и рани 12 луѓе во српските села Мало Орашје и Дубона, објави Специјалниот суд во Белград. Во исто време …

По 20 години затвор за деветкратниот убиец од Србија, Урош Блажиќ и неговиот татко Read More »