Обвинителите издадоа налог за апсење на поранешниот претседател на Боливија, Ево Моралес


Обвинители издадоа налог за апсење на поранешниот боливиски претседател Ево Моралес поради наводна врска со малолетничка. Моралес (65) тврди дека обвинението против него е „стратегија за блокирање на неговата претседателска кандидатура“ во 2025 година и дека тој е жртва на „брутална судска војна“ организирана од актуелниот претседател Луис Арсе, објави Гардијан. Јавниот обвинител во понеделникот …

Обвинителите издадоа налог за апсење на поранешниот претседател на Боливија, Ево Моралес Read More »

Студија: Повеќето американски тинејџери се воздржуваат од алкохол, цигари и марихуана


Во САД употребата на дрога меѓу тинејџерите не е зголемена по падот забележан на почетокот на пандемијата „Ковид-19“, покажуваат резултатите од големата годишна студија. Околу две третини од ученици од четврта година средно оваа година изјавија дека не користеле алкохол, марихуана, цигари или електронски цигари во изминатите 30 дена. Тоа е најголемата регистрирана апстиненција од …

Студија: Повеќето американски тинејџери се воздржуваат од алкохол, цигари и марихуана Read More »

Малолетниците во Грција осудени за блага деликвенција ќе се интегрираат преку спорт


 Спортот како поправна мерка за малолетниците на возраст од 12 до 18 години, осудени за блага деликвенција ќе се користи во Грција, а децата ќе бидат вклучени во аматерски спортски клубови во Грција со цел нивна интеграција, јави дописничката на МИА од Атина. Станува збор за иновативна мерка презентирана од надлежните грчки министри за спорт …

Малолетниците во Грција осудени за блага деликвенција ќе се интегрираат преку спорт Read More »

Нисан и Хонда преговараат за соработка, но тврдат дека нема да дојде до целосно спојување


Јапонските производители на автомобили Нисан и Хонда денеска потврдија дека ја разгледуваат можноста за блиска соработка, но негираа дека овие преговори вклучуваат спојување во една компанија. Претходно медиумите повикувајќи се на неименувани извори објавија непотврдена вест за спојување на три големи јапонски компании (Нисан, Хонда и Мицубиши), по што акциите на Нисан на токиската берза …

Нисан и Хонда преговараат за соработка, но тврдат дека нема да дојде до целосно спојување Read More »

Уапсен убиецот на рускиот генерал Кирилов – признал сѐ


Руската служба за безбедност соопшти дека 29-годишен државјанин на Узбекистан е приведен за убиството на високиот генерал Игор Кирилов и неговиот помошник во Москва. Генерал-полковник Игор Кирилов, началник на силите за нуклеарна, биолошка и хемиска одбрана (НБЦ), загина вчера рано утрото кога беше активирана експлозивна направа што се наоѓала на мобилен телефон. Руските безбедносни служби …

Уапсен убиецот на рускиот генерал Кирилов – признал сѐ Read More »

Суд во Авињон утре ќе донесе пресуда за Французинот кој овозможувал силување на неговата сопруга


Суд во Авињон утре ќе ја донесе пресудата за Доминик Пеликот и околу 50 други мажи обвинети за долгогодишно силување на Жизел Пеликот, сопругата на првообвинетиот, која стана икона на феминизмот со нејзината одлука да го одржи судењето отворено за јавно со цел да се сврти вниманието кон сексуалните злосторства врз жените ширум светот. Во …

Суд во Авињон утре ќе донесе пресуда за Французинот кој овозможувал силување на неговата сопруга Read More »

ОЈО Скопје бара од МВР распишување национална, па меѓународна потерница за Груби и за Бајрами


Основното јавно обвинителство Скопје (ОЈО Скопје) вечерва до Министерството за внатрешни работи (МВР) издаде наредба за објава на национална потерница и изјава за распишување на меѓународна потерница за двајцата осомничени во истрагата за проневера на Државна лотарија. Оттаму информираат дека оваа наредба е издадена до МВР по донесените решенија на Кривичниот суд Скопје со кое …

ОЈО Скопје бара од МВР распишување национална, па меѓународна потерница за Груби и за Бајрами Read More »

ОН: Не е препорачливо Сиријците во големи групи да се враќаат во татковината


 Директорката на Агенцијата на ОН за бегалци Ејми Поуп денеска изјави дека голем број Сиријци се враќаат во татковината по соборувањето на режимот на Башар ал Асад. – Луѓето имаат право да се вратат дома, но ние не советуваме да патуваат во големи групи бидејќи инфраструктурата не може да го поддржи тоа, посочи Поуп. Асад …

ОН: Не е препорачливо Сиријците во големи групи да се враќаат во татковината Read More »

Димна бомба фрлена во црногорскиот парламент, опозицијата обвинува за „уставен пуч“


 На денешната седница на Уставната комисија во црногорскиот Парламент, за време на расправата за избор на судии за Уставниот суд, беше фрлена димна бомба На инцидентот му претходеше жестока дебата, за време на која опозицијата предводена од Демократската партија на социјалистите тврдеше дека станува збор за обид за уставен пуч и државен удар во Црна …

Димна бомба фрлена во црногорскиот парламент, опозицијата обвинува за „уставен пуч“ Read More »

Кривична и за експремиерот Ковачевски и генералниот секретар Методија Димовски


МВР ги објави деталите од кривичната пријава која ја поднесе против осуммината за случајот „Лотарија“ меѓу кои е и поранешниот премиер Димитар Ковачевски и екс генералниот секретар на владата Методија Димовски. Според МВР, како третопријавен, Ковачевски, тогаш во својство на претседател на владата по претходен договор со првопријавениот Перпарим Бајарми, тогаш директор на Државна лотарија, …

Кривична и за експремиерот Ковачевски и генералниот секретар Методија Димовски Read More »

Во своите заклучоци за БиХ, Европскиот совет им даде предност на граѓаните пред конститутивните нации


Европскиот совет на денешната седница донесе заклучоци кои се однесуваат на земјите од Западен Балкан, а еден од овие заклучоци е индикативен во контекст на позицијата на Босна и Херцеговина (БиХ). Што се однесува до Босна и Херцеговина, освен задачите што треба да се извршат за усвојување на преговарачката рамка и отворање на преговорите со …

Во своите заклучоци за БиХ, Европскиот совет им даде предност на граѓаните пред конститутивните нации Read More »

Земјотрес во Албанија почувствуван во Дебар, ноќеска тресело низ цела Македонија


Се работи за земјотрес со јачина од 4 степени недалеку од македонско-албанската граница. Жителите на Дебар го почувствуваа овој потрес. Епицентарот на земјотресот е лоциран во Албанија, на 44 километри од Тирана, на длабочина од 4 километри. Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML3.0 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала е регистриран претпладнево во …

Земјотрес во Албанија почувствуван во Дебар, ноќеска тресело низ цела Македонија Read More »

Град Скопје ги упати аеродромци за семафори кај „Љубен Лапе“ да се обратат до СВР Скопје


Јавното претпријатие „Улици и патишта“ Скопје на ул.Васко Карангелевски во изминатиот период има имплементирано повеќе мерки за зголемување на безбедноста во сообраќајот, како воведување зона на школо, вибро ленти и други мерки кои значително допринесуваат за намалување на брзината на возилата.   Проектот за воведување на нови семафори на крстосницата помеѓу ул. „Васко Карангелевски“ и …

Град Скопје ги упати аеродромци за семафори кај „Љубен Лапе“ да се обратат до СВР Скопје Read More »

Определен притвор од 30 дена за Артан Груби


На поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој со албански пасош избегал од Македонија кон Косово, Кривичниот суд му определи мерка притвор, по налог на Обвинителството. Од Кривичниот суд,  соопштија дека е определена мерка притвор за поранешниот вицепремиер Артан Груби и поранешниот директор на Лотарија, Перпарим Бајрами. „По добиено известие од надлежното МВР, дека двете лица за …

Определен притвор од 30 дена за Артан Груби Read More »

МВР поднесе кривични пријави против поранешен директор на Градски трговски центар – Скопје и тројца вработени


 Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава до Основото јавно обвинителство против поранешен извршен директор на А.Д. Градски трговски центар – Скопје и тројца вработени во Трговски, заради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. – На 17.12.2024 Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги …

МВР поднесе кривични пријави против поранешен директор на Градски трговски центар – Скопје и тројца вработени Read More »

Сообраќајкa кај рафинерија „Окта“ се вози една лента, а камионите се пренасочуваат


Поради сообраќајна несреќа, сообраќајот на автопатот Миладиновци – Куманово, поточно кај рафинерија Окта – село Дељадровци за патнички возила се одвива по една коловозна лента, а товарните моторни возила се пренасочуваат кон Миладиновци, соопшти АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор …

Сообраќајкa кај рафинерија „Окта“ се вози една лента, а камионите се пренасочуваат Read More »

Арсовска: Кризите со јавните градски претпријатија се политички мотивирани


Проблемите на скопјани поради кризите со јавните градски претпријатија се политички мотивирани и се решаваат многу едноставно. Нив треба да ги решат 45. лица коишто земаат по 600 евра за присуство на седница во Советот на град Скопје. Тоа е единствениот начин, порача денеска градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска.  – Како што постои во …

Арсовска: Кризите со јавните градски претпријатија се политички мотивирани Read More »

Нов правилник за велопатеки и субвенции за купување велосипеди


Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, заедно со стручните служби од Секторот за урбанизам и патен сообраќај, остварија работна средба со претставниците на граѓанското здружение „Биди зелен“. Тема на средбата беше иницијативата на граѓанското здружение во однос на креирањето нови прописи со кои се уредуваат планирањето и проектирањето велосипедска инфраструктура во населено …

Нов правилник за велопатеки и субвенции за купување велосипеди Read More »

Меџити за случајот со Државна лотарија: Пораката е дека никој не е над законот, секој што згрешил мора да одговара


Пораката е дека никој не е над законот. Секој што згрешил мора да одговара, вели првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити, прашан за коментар за случајот со корупција во Државна лотарија. Меџити, одговарајќи на новинарски прашања по настанот за засадување на дрвца кај новиот Мега Парк во општина Карпош, на кој присуствуваше …

Меџити за случајот со Државна лотарија: Пораката е дека никој не е над законот, секој што згрешил мора да одговара Read More »

Куманово во 2025 ќе има речиси 49 милиони евра буџет, основен речиси 23 милиони


Куманово за 2025 година ќе има буџет од речиси три милијарди денари. Советот на општина Куманово го изгласа буџетот кој изнесува 2.991.022.424 денари, од кои основниот е 1.402.411.427 денари, приходи ос самофинансирачки активности 76. 735. 984 денари, приходи од дотации 1. 483. 468. 354 и приходи од донации 28. 406. 569 милиони денари. -Буџетот е …

Куманово во 2025 ќе има речиси 49 милиони евра буџет, основен речиси 23 милиони Read More »