Од четврток утрински температури до -13 степени


 УХМР најавува дека следува период на стабилно и студено време со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни, а наместа ќе се спуштат и под -10 степени. Утре ќе дува засилен северен ветер, долж Повардарието со брзина над 60 km/h. Утрото ќе биде променливо облачно и студено, а преку денот сончево со мала до …

Од четврток утрински температури до -13 степени Read More »

Иран пред историска одлука. Техеран повеќе нема да биде главен град?


Соочен со низа потешкотии, вклучително и сообраќаен метеж и слегнување на главниот град Техеран, Иран размислува за драстично решение: преместување на главниот град на нова локација на Оманскиот Залив. И покрај тоа што идејата за преместување на главниот град неколку пати беше изнесена од Исламската револуција во 1979 година, предлозите брзо беа отфрлени како нереални …

Иран пред историска одлука. Техеран повеќе нема да биде главен град? Read More »

Герасимовски за вандализмот: Владата во најбрз можен рок да ја преточи нашата иницијатива во закон


„Очекувам иницијативата на Општина Центар за поригорозни мерки и зголемена одговорност за малолетничкиот вандализам да добие зелено светло на владината седница. Следното е да се оформи работна група, составена од повеќе министерства, која ќе работи на нејзиното преточување во законски одредби. Со тоа, оваа иницијатива ќе стане функционална и применлива“, истакна градоначалникот на Општина Центар, …

Герасимовски за вандализмот: Владата во најбрз можен рок да ја преточи нашата иницијатива во закон Read More »

Од денеска двосменско работење на дел од отсеците за управни работи при МВР


Министерството за внатрешни работи информира дека од денеска Отсеците за управни работи при Одделот за граѓански работи на МВР ќе работат согласно ново работно време. Одделението за управни работи Скопје и Отсек за управни работи Тетово, од понеделник до петок ќе имаат двосменско работење, односно работно време од 7:30 часот до 19:30 часот. И Отсеците …

Од денеска двосменско работење на дел од отсеците за управни работи при МВР Read More »

Судот во БиХ утре ја објавува пресудата за Додик, тој најавува „радикални мерки“ ако биде осуден


Суд во Босна и Херцеговина утре ќе ја заврши едногодишната судска постапка против лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, кој е обвинет за непочитување на одлуките на високиот претставник. Доколку биде прогласен за виновен, Додик и неговите најблиски соработници најавуваат „радикални мерки“. На последното рочиште, предвидено за изнесување на завршните зборови на обвинителството и одбраната, …

Судот во БиХ утре ја објавува пресудата за Додик, тој најавува „радикални мерки“ ако биде осуден Read More »

Мајка на болно момче му пишa на Маск: Ова е Макс. Тој не е паразит, туку чиста радост


Хелелна Мекејб, мајка на момче родено со ретко генетско нарушување, испрати отворено писмо до Илон Маск, милијардерот и шеф на американското Министерство за ефикасност на владата (DOGE), во кое го моли да го одмрзне финансирањето на програмата за изнаоѓање лек. Во писмото кое кружи на социјалните мрежи, Мекејб бара од Маск да го преиспита „случајното …

Мајка на болно момче му пишa на Маск: Ова е Макс. Тој не е паразит, туку чиста радост Read More »

Обвинителката Наташа Крстевска-Цалева поднесе оставка од местото на Хајрулахи


  По само седум дена откако беше избрана, Советот на јавните обвинители на Македонија денеска ќе треба да ја разгледа и констатира оставката на обвинителката Наташа Крстевска-Цалева. Таа на 10 февруари на предлог на државниот обвинител Љупчо Коцевски беше избрана за раководител на Вишото јавно обвинителство во Скопје, по суспензијата на обвинителот Мустафа Хајрулахи. Изборот …

Обвинителката Наташа Крстевска-Цалева поднесе оставка од местото на Хајрулахи Read More »

Штрајк на новинарите во Грција


Без вести и информативни емисии, од утрово е Грција, поради 24-часовниот штрајк на новинарите организиран од Грчката федерација на новинарски асоцијации во кој учествуваат сите новинарски здруженија, а главното барање е потпишување на колективни договори во сите медиумски сектори, односно телевизии, весници, списанија, интернет, радија, јави дописничката на МИА од Атина. Штрајкот започна од 5 …

Штрајк на новинарите во Грција Read More »

Огромна карпа падна врз комбе кај Дубровник – загина патник


Огромна карпа се откинала на магистралата над Дубровник во Хрватска и паднала врз комбе, пријавиле возачи на радарската контрола. Човек во комбето загина, а сообраќајот на патот беше запрен. Сите служби се на терен, а од дубровничката полиција потврдуваат дека едно лице го загубило животот, додека друг патник е повреден. Сообраќајот е затворен на главниот …

Огромна карпа падна врз комбе кај Дубровник – загина патник Read More »

Земјотреси од 4,9 и 5 степени регистрирани во близина на Санторини


Два земјотреси со јачина од 5 и 4,9 степени беа регистрирани утрово во морскиот дел меѓу грчките острови Санторини и Аморгос, во рамките на серијата земјотреси од изминатите најмалку три седмици, јави дописничката на МИА од Атина. Двата земјотреси беа во период од нешто помалку од час и половина, најсилниот беше во 6.46 часот, на …

Земјотреси од 4,9 и 5 степени регистрирани во близина на Санторини Read More »

Тениските ѕвезди зборуваат арапски, Ѓоковиќ е хит: Иншалах, алхамдулилах…


Најдобрите светски тенисери моментално се во Катар, каде ќе се натпреваруваат на АТП 500 турнирот во Доха, а по тој повод добија можност да се претстават и да откријат што можат да кажат на арапски. Најголема ѕвезда на турнирот во Доха ќе биде Новак Ѓоковиќ, кој успешно се опорави од повредата. Српскиот тенисер се здоби …

Тениските ѕвезди зборуваат арапски, Ѓоковиќ е хит: Иншалах, алхамдулилах… Read More »

„Фолксваген“ и „Ауди“ нема да се откажат од SUS моторите, одложени плановите за електрификација


Според новите информации од германските медиуми, „Фолксваген“ и „Ауди“ ќе ги одложат плановите за електрификација поради бавната транзиција кон електричните автомобили. Двете марки ќе ги обноват своите инвестиции во нови модели со мотори со внатрешно согорување. Транзицијата кон електрични автомобили е побавна отколку што се надеваа производителите. Како резултат на тоа, повеќето од нив одлучија …

„Фолксваген“ и „Ауди“ нема да се откажат од SUS моторите, одложени плановите за електрификација Read More »

Германија тврди дека ситуацијата во Србија е длабоко загрижувачка – стигна одговор


Српското Министерство за надворешни работи ги отфрли обвинувањата на Германија, која ја оцени „ситуацијата во Србија“ како „длабоко загрижувачка“ во однос на „владеењето на правото и човековите права“. Одговорот на Србија Одговарајќи на соопштението на германското Министерство за надворешни работи во кое се тврди дека антивладините активисти во Србија се соочуваат со напади и кампањи …

Германија тврди дека ситуацијата во Србија е длабоко загрижувачка – стигна одговор Read More »

Трамп: Воведуваме реципрочни царини


Американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер објави дека воведува реципрочни царини во трговската политика на САД. Во превод, тоа значи дека Америка ќе ја наплаќа истата тарифа што ја наплаќаат другите земји на Америка. Она што Трамп го кажа за земјите кои го користат системот за ДДВ, е особено интересно. On Trade, I have decided, …

Трамп: Воведуваме реципрочни царини Read More »

(Видео): Ким Џонг-ун го сврте прекинувачот и предизвика огромна експлозија на идното градилиште


Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун активирал експлозив и предизвикал голема експлозија за време на церемонијата на поставување камен-темелник на градилиште во главниот град, објавија државните медиуми. На снимката се гледа како Ким држи говор во Пјонгјанг, опкружен со толпа луѓе, пред да го сврти прекинувачот и да го активира експлозивот. Со проектот се очекува да се …

(Видео): Ким Џонг-ун го сврте прекинувачот и предизвика огромна експлозија на идното градилиште Read More »

Мелони: Италија е посветена на планот за депортација на илегални мигранти во Албанија


Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска изјави дека ќе го продолжи планот на Владата во Рим за депортација на илегални мигранти во центрите во Албанија, која ја спречија италијанските судии. „Се надевам дека Европскиот суд ќе го спречи ризикот од загрозување на политиката за репатријација не само на Италија, туку и на сите земји-членки на ЕУ“, …

Мелони: Италија е посветена на планот за депортација на илегални мигранти во Албанија Read More »

МЗ: Забрана за посети на хоспитализирани пациенти и носење заштитни маски во здравствените установи


Се забрануваат посети на хоспитализирани пациенти за да се спречи ширење на грипот во болнички услови и строго да се почитува куќниот ред во здравствените установи, особено во однос на користењето лична заштита – носење заштитни маски, дезинфекција на раце и одржување физичка дистанца, каде е возможно. Ова се превентивните мерки за спречување на ширење …

МЗ: Забрана за посети на хоспитализирани пациенти и носење заштитни маски во здравствените установи Read More »

Видео надзор не само на булеварите, туку и на игралиштата


Градоначалникот Горан Герасимовски, информираше дека на вчерашната заедничка обиколка со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски се отворила темата за поставување камери во општините за да се намали уништувањето на спортските и детските игралишта. „Со министерот разговаравме да се разгледа можноста преку Безбеден град, покрај поставување камери на …

Видео надзор не само на булеварите, туку и на игралиштата Read More »

За 1.000 денари поевтини сметки за струја за две категории семејства


Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информира дека е усвоена Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година, со која се обезбедува директна финансиска поддршка и дополнителни мерки за најзагрозените категории граѓани. Програмата, која ќе биде спроведувана од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини во соработка со Министерството за социјална …

За 1.000 денари поевтини сметки за струја за две категории семејства Read More »

Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтер во близина на Лисабон


Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди подрачјето на околу 17 километри оддалеченост од главниот град на Португалија, Лисабон, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки институт. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од седум километри.