ЕУ додели 33 милиони евра за три системи за отпадни води во Хрватска


Европската Унија одвои 33 милиони евра од Фондот за кохезивна политика наменети за три системи за отпадни води во јадранското крајбрежје на Хрватска.  Станува збор за системи за собирање и секундарен третман на отпадните води во реоните на Нови Винодолски, Цриквеница и Селце, кои треба да бидат завршени до 2027 година. Дополнително, системот во Нови …

ЕУ додели 33 милиони евра за три системи за отпадни води во Хрватска Read More »

Почина францускиот политичар Жан Мари Ле Пен


Поранешниот лидер на екстремната десница во Франција, кој го водеше Националниот фронт четириесет години пред да биде заменет на чело на оваа партија со неговата ќерка Марин, Жан Мари ле Пен почина денеска. Тој почина на 96-годишна возраст, а веста ја соопшти неговото семејство. Соосновачот на Националниот фронт, кој почина денеска на 96-годишна возраст, обезбеди …

Почина францускиот политичар Жан Мари Ле Пен Read More »

Најмалку пет лица загинаа во зимската бура во САД


 Зимска бура која погоди дел од САД одзеде најмалку пет животи, предизвикувајќи затворање на училишта, откажување летови и прекин на снабдувањето со струја во многу региони. Седум американски држави прогласија вонредна состојба – Мериленд, Вирџинија, Западна Вирџинија, Канзас, Мисури, Кентаки и Арканзас. Според податоците, околу 2.300 летови се откажани, а 190.000 лица останале без електрична …

Најмалку пет лица загинаа во зимската бура во САД Read More »

Изборна кампања во Хрватска: Приморац потроши четирипати повеќе од кампањата на Милановиќ


 Кандидатот за претседател на Хрватска Драган Приморац, поддржан од владејачката Хрватска демократска заедница (ХДЗ), до сега потрошил 854.000 евра за предизборната кампања, додека актуелниот претседател Зоран Милановиќ потрошил 215.000 евра, според податоците на Државната изборна комисија. Приморац собрал 387.526 евра од 637 донатори, додека Милановиќ собрал 15.362 евра од само 15 донатори. Крајните финансиски извештаи …

Изборна кампања во Хрватска: Приморац потроши четирипати повеќе од кампањата на Милановиќ Read More »

Маск го „иритира“ Трамп


  Наводно, Доналд Трамп не е воодушевен од постојаното присуство на Илон Маск во негова близина, и покрај тоа што јавно го пофали како голем поддржувач. Како што пишува „Дејли бист“, однесувањето на Маск предизвикува фрустрација кај тимот на Трамп и во самата поранешна претседателска резиденција. Јавно Доналд Трамп е воодушевен што неговиот мега-донатор и …

Маск го „иритира“ Трамп Read More »

Најмалку деца родени во Словенија од осамостојувањето


Во Словенија минатата година имало 16.735 раѓања, што е за 130 помалку од 2023 година, но и најмал број родени деца од независноста во 1991 година. Ова е најниската стапка на наталитет во Словенија досега, покажуваат податоците на Националниот институт за јавно здравје. Проценетата бројка на живородени деца, вклучително и повеќекратна бременост, е околу 16.900. …

Најмалку деца родени во Словенија од осамостојувањето Read More »

Франција ја одбележува десетгодишнината од крвавиот исламистички напад врз Шарли Ебдо


Десет години по нападот на исламистите врз канцелариите во Париз на сатиричниот магазин Шарли Ебдо, Франција денеска со комеморација за жртвите од тој напад. Покрај претседателот Емануел Макрон и бројните министри, на комеморацијата во поранешното седиште на изданието ќе учествува и градоначалничката на Париз, Ан Идалго. Почеток на серијата смртоносни напади Во пукотницата во просториите …

Франција ја одбележува десетгодишнината од крвавиот исламистички напад врз Шарли Ебдо Read More »

Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 95 лица


Бројот на загинати во земјотресот што утринава го погоди Тибет се искачи на 95, додека бројот на повредени достигна 130, пренесе „Ројтерс“. Силен земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала го погоди хималајскиот регион на Тибет во југозападна Кина. Повеќе од 1.000 куќи се уништени, а екипите трагаат по преживеани под урнатините и …

Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 95 лица Read More »

Големо невреме ја погоди Мека и другите делови на Саудиска Арабија, луѓето бегаат


Големо невреме зафати делови од Саудиска Арабија, вклучително и Мека, а некои делови се поплавени. Сликите од периферијата на градот покажуваат дека возилата се речиси целосно потопени. Flooding in Mecca, Saudi Arabia today…..🌊🌊🌊pic.twitter.com/AD4Mc6P6GF — Volcaholic 🌋 (@volcaholic1) January 6, 2025 Метеоролошкиот оддел на Саудиска Арабија издаде црвен аларм за Мека, Медина и пристанишниот град Џеда, …

Големо невреме ја погоди Мека и другите делови на Саудиска Арабија, луѓето бегаат Read More »

Пукање во кафеана во Јагодина – неколкумина ранети, напаѓачот во бегство


Во населбата Стрелиште во српскиот град Јагодина вечерва имало пукање. Според првите информации, во кафана дошло до тепачка помеѓу неколку лица, по што дошло до пукање во кое неколку лица се повредени. Се уште не се знае кој учествувал во пресметката, додека напаѓачот е во бегство, пишува Телеграф. Телеграф јавува дека едно лице загинало, но …

Пукање во кафеана во Јагодина – неколкумина ранети, напаѓачот во бегство Read More »

Минатата година беше најлоша во однос на инфекциите на бродовите за крстарење


  Податоците на ЦДЦ покажуваат дека во 2024 година, повеќето епидемии на гастроинтестинални заболувања на море се поврзани со високо заразниот норовирус. Норовирус долго време се поврзува со бродови за крстарење бидејќи вирусот се шири на места каде што луѓето се блиску еден до друг. Експертот за заразни болести Вилијам Шафнер и професорот во Медицинскиот …

Минатата година беше најлоша во однос на инфекциите на бродовите за крстарење Read More »

Божикно послание на г.г. Стефан: Да се почитуваме меѓусебно, да имаме мир со луѓето и мир меѓу народите


Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан заедно со Светиот архиерејски синод, по повод божикните празнувања, во Божикното послание до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на Македонската православна црква со порака да се почитуваме меѓусебно, за изградување на единство во Црквата Христова, да имаме мир во себе, мир во својот дом, мир со луѓето и …

Божикно послание на г.г. Стефан: Да се почитуваме меѓусебно, да имаме мир со луѓето и мир меѓу народите Read More »

Заврши драматичната турнеја „Четири скокалници“, Цофениг го освои Златниот орел


Новогодишната турнеја „Четири скокалници“ понуди невидена драма додека тројца скокачи до последен момент се бореа за престижната награда, а на крајот се радуваше младиот Австриец Даниел Цофениг (22). Последна станица од новогодишната турнеја беше австрискиот Бишофсхофен каде денеска бевме сведоци на вистински триатлон на австриските ски скокачи. Стефан Крафт, Јан Хорл и Даниел Цофениг влегоа …

Заврши драматичната турнеја „Четири скокалници“, Цофениг го освои Златниот орел Read More »

Андреј Ал-Асади добитник на наградата за најдобра поема „Григор Прличев“’ за 2024


Андреј Ал-Асади е авторот на поемата „Никогаш пред ил’ потем” што под шифрата „Хидаспес” беше избрана на конкурсот за најдобра поема „Григор Прличев” за 2024 година што секоја година се доделува во чест на големиот македонски поет и преродбеник. Андреј Ал-Асади е роден во 1996 година во Лондон, а дипломирал на Економскиот факултет при Универзитетот …

Андреј Ал-Асади добитник на наградата за најдобра поема „Григор Прличев“’ за 2024 Read More »

Мистериозен вулкан еруптирал во 1831 година и ја изладил Земјата. Сега конечно е идентификуван


Непознат вулкан толку експлозивно еруптирал во 1831 година што ја оладил климата на Земјата. Сега, речиси 200 години подоцна, научниците го идентификуваа „мистериозниот вулкан“, пишува CNN. Таа ерупција била една од најмоќните во 19 век, ослободувајќи толку многу сулфур диоксид во стратосферата што просечните годишни температури на северната хемисфера се намалиле за околу 1 степен …

Мистериозен вулкан еруптирал во 1831 година и ја изладил Земјата. Сега конечно е идентификуван Read More »

Во пожар во автосервис во Сарај опожарени четири автомобили


 Четири патнички возила се опожарени во пожар што се случил синоќа во автосервис во село Љубин, во скопската општина Сарај. – На 05.01.2025 во 22.14 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Љубин, општина Сарај, настанал пожар во објект, сопственост на А.С.(31) од с.Љубин, од кој дел бил издаден под закуп на С.А.(51) од …

Во пожар во автосервис во Сарај опожарени четири автомобили Read More »

Трудо поднесе оставка


Канадскиот премиер Џастин Трудо поднесе оставка. Тој ја напушта функцијата шеф на Либералната партија и премиер. Сепак, тој ќе остане на премиерската позиција сè додека партијата не избере ново партиско раководство. Тој ја започна прес-конференцијата велејќи дека секое утро откако се разбудувал како премиер, е инспириран од издржливоста и дарежливоста на Канаѓаните. Тој вели дека …

Трудо поднесе оставка Read More »

Макрон: Иранската нуклеарна програма се приближува до точката од која нема враќање


 Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека спорната програма за збогатување ураниум на Иран се приближува до „точката од која нема враќање“ и дека европските партнери кои учествуваат во веќе „мртов“ нуклеарен договор со Техеран од 2015 година треба да размислат за повторно воведување санкции ако нема напредок со Техеран. На годишната конференција со француските …

Макрон: Иранската нуклеарна програма се приближува до точката од која нема враќање Read More »

Малолетник завршил со повреди, откако со другар влегле во двор во скопско Студеничани и одврзале куче кое ги нападнало


Од Поликлиниката Драчево вчера во 10:07 часот во СВР Скопје пријавиле дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен малолетник од скопското село Студеничани. – Според пријавеното, малолетникот заедно со негов малолетен другар влегле во двор на правен субјект во с.Студеничани, сопственост на К.С.(29), при што неговиот другар одврзал едно куче кое потоа го …

Малолетник завршил со повреди, откако со другар влегле во двор во скопско Студеничани и одврзале куче кое ги нападнало Read More »

Шпанија стравува дека Франција ќе ги заостри граничните контроли за да ја запре имиграцијата


 Шпанија стравува дека Франција, која е многу помалку толерантна кон нерегуларната имиграција, ќе ја заостри контролата на границите, пишува шпанскиот весник „Паис“. Весникот оценува дека во Франција има голема политичка криза, но дека една работа не се сменила, а тоа е дека Париз ќе држи цврста рака и ќе ја засили контролата на своите граници. …

Шпанија стравува дека Франција ќе ги заостри граничните контроли за да ја запре имиграцијата Read More »