Жељасков прифати да биде мандатар на новата бугарска влада


  Росен Желјасков, кандидатот за бугарски премиер на најголемата пратеничка група ГЕРБ, денеска прифати да формира влада, по предвремените избори во октомври. Тој пред претседателот на Бугарија, Румен Радев, го претстави предлог составот на својот кабинет. Радев уште денеска ќе го достави до парламентот за изјаснување. „Целта на нашите консултации беше да се постигне поширок …

Жељасков прифати да биде мандатар на новата бугарска влада Read More »

Светскиот економски форум во Давос ќе се одржи од 20 до 24 јануари


Годишниот состанок на Светскиот економски форум (СЕФ) во Давос ќе се одржи од 20 до 24 јануари под слоганот „Соработка за интелигентно доба“, а форумот ги објави програмата и главните тематски целини. Како што е објавено на веб-страницата на СЕФ, меѓу политичките лидери кои учествуваат се новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, кој ќе учествува преку …

Светскиот економски форум во Давос ќе се одржи од 20 до 24 јануари Read More »

По војната, појасот Газа треба да биде управуван од палестинските власти


Палестинската управа треба да биде единствената власт во Појасот Газа по војната, изјави денеска палестинскиот премиер Мохамед Мустафа, во услови на зголемени очекувања дека ќе биде постигнат договор за прекин на борбите.  Едно од преостанатите нерешени прашања за време на преговорите е кој ќе управува со Газа по војната. Дискусиите се фокусирани на итен прекин …

По војната, појасот Газа треба да биде управуван од палестинските власти Read More »

Пожар во градинка во Белград: Евакуирани деца и вработени


Пожар во градинка во Земун, во Блеград, избувнал нешто по 13 часот и 30 минути кога се затнала цевка од котлара низ која тече нафта, потврдија за Танјуг од МВР. Како што се наведува, од котларата излегувал чад, но немало отворен пламен. На лице место пристигнала и противпожарната единица, а децата и вработените се евакуирани. …

Пожар во градинка во Белград: Евакуирани деца и вработени Read More »

Владата ги повикува УПОЗ на разговор


Владата ги повикува на разговор претставниците на синдикалната организација УПОЗ, доколку, како што велат од таму, вистински се грижат за платите на вработените, во спротивно ќе сметаат дека УПОЗ е синдикална организација која обработува за нечии партиски интереси. Протестите не се најдобриот начин на комуникација, а Владата е отворена за постигнување на договор со сите …

Владата ги повикува УПОЗ на разговор Read More »

Средновековни круни и богатство скриени од 1939 година пронајдени во тајни црковни простории во Литванија


Историски богатства скриени со децении се откриени во криптите на катедралата, со предмети, вклучувајќи погребни круни и ознаки на средновековните европски владетели. Сводот од катедралата во Вилнус во Литванија не е виден од избувнувањето на Втората светска војна во 1939 година, се вели во изјава за весникот на агенцијата за промоција на туризмот Гоу Вилнус. …

Средновековни круни и богатство скриени од 1939 година пронајдени во тајни црковни простории во Литванија Read More »

Општина Зрновци продава 21 парцела за изградба на објекти за домување


Локалната самоуправа на Зрновци објави оглас за продажба на градежно земјиште во државна сопственост со кој на инвеститорите им нуди вкупно 21 градежнa парцела, во сите три населени места во општината. Вкупната површина на земјиштето што е предмет на продажба изнесува околу два хектара, а доколку се продадат сите градежни парцели Општината очекува да оствари …

Општина Зрновци продава 21 парцела за изградба на објекти за домување Read More »

Ангеловска-Бежоска: Монетарната политика со значителен придонес за забавувањето на инфлацијата


Монетарното затегнување од страна на централните банки одигра битна улога во контролирањето на инфлацијата, иако таа не беше стандарден монетарен феномен, туку одраз на повеќе фактори, изјави гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во својата дискусија на гувернерската панел-дискусија на Форумот на Централна и Источна Европа, во организација на Инвисо (конференциите на „Еуромани“), кој се …

Ангеловска-Бежоска: Монетарната политика со значителен придонес за забавувањето на инфлацијата Read More »

Доаѓа најголемата „дачија“, еве колку ќе чини


Dacia Bigster би можела да го размрда европскиот пазар на SUV по прифатлива цена. Во октомври Dacia го претстави својот нов SUV и воедно најголемиот модел, а сега се објавени и цените на некои европски пазари. Така, овој семеен теренец (должина 457 см, со зафатнина на багажникот од 667 литри) во Австрија започнува од 23.990 …

Доаѓа најголемата „дачија“, еве колку ќе чини Read More »

Времено исклучен Блок 1 од РЕК Битола


Блок 1 од РЕК Битола е привремено исклучен од електроенергетската мрежа. Според информацијата од АД ЕСМ, исклучувањето е од превентивен карактер. – Имено, во услови на енормна влага кај депонираниот јаглен поради интезивните снежни врнежи, потребната моќност на термоблоковите може да се постигне само со користење на огромни количини на мазут – што може да …

Времено исклучен Блок 1 од РЕК Битола Read More »

Карпош субвенционира замена или поправка на покриви


Согласно Програмата за уредување на градежно земјиште за 2025 година, Општина Карпош денеска за своите сограѓани објави Јавен повик за доделување финансиска подршка за поправка и санација на кровни покривачи на станбени згради за колективно домување и замена на азбестни кровни покривачи на индивидуални станбени објекти (куќи), на своја територија. Во таа насока, за колективните …

Карпош субвенционира замена или поправка на покриви Read More »

Четврто одложување на повтореното судење за модуларната болница


По четврти пат се одложи повтореното судење по пожарот во тетовската модуларна болница откако такво решение донесе Апелацискиот суд Гостивар по јавната седница во април 2024 година, а по првичната пресуда од 5 јуни 2023 година. Како и на 5 ноември 2024 и денес рочиштето се одложи поради отсуство на судијата Јордан Велковски, кој е …

Четврто одложување на повтореното судење за модуларната болница Read More »

Трета болница во Србија забрани посети: Се воведуваат екстремни мерки поради истата инфекција


Во Општата болница во Пожаревац од денеска се забрануваат посети на приковани пациенти, со цел да се спречи ширење на респираторни инфекции. Секој работен ден, во периодот од 14 до 16 часот, семејствата можат да донесат и да му предадат пакет за пациентот на работникот за обезбедување во прифатно-ургентната служба. Консултации со лекарите за здравствената …

Трета болница во Србија забрани посети: Се воведуваат екстремни мерки поради истата инфекција Read More »

Црвениот крст ќе се грижи за здравствената безбедност на капачите за Водици во Охрид


Црвениот крст Охрид ги најави активностите за одбележување на Водици и Денот на рибарите. -На 18.01.2025 (сабота) од 19-23 ч., на пунктот на Црвен крст Охрид поставен на платото помеѓу Капетанија и ресторанот „Чун“ медицински тимови на Црвен крст Охрид ќе вршат основни здравствени прегледи на оние кои се одлучиле да „скокаат по крстот“. Апелираме …

Црвениот крст ќе се грижи за здравствената безбедност на капачите за Водици во Охрид Read More »

Прекин во работењето на системот Е-даноци од 16:30 часот


Управата за јавни приходи ја известува јавноста и даночните обврзници дека, поради извршување на неопходни интервенции на системот е-Даноци, денес 15.01.2025 година (среда), од 16:30 часот, истиот ќе биде недостапен. Во овој период, даночните обврзници нема да можат да поднесуваат пријави и други електронски поднесоци преку системот е-Даноци. Во периодот додека трае интервенцијата останатите системи …

Прекин во работењето на системот Е-даноци од 16:30 часот Read More »

Ненадејно почина ракометниот тренер Александар Јовиќ


Македонскиот ракомет изгуби голем работник и исклучителен спортски професионалец, откако ненадејно во текот на ноќта почина тренерот Александар Јовиќ на 51-годишна возраст. Јовиќ, кој последно ја водеше екипата на македонскиот суперлигаш Пролет, остави длабока трага како тренер и играч. Во текот на својата тренерска кариера, беше асистент на Лино Червар во Металург, а самостојно ги …

Ненадејно почина ракометниот тренер Александар Јовиќ Read More »

Арагчи: Договорот за стратешко партнерство меѓу Русија и Иран не предвидува создавање воен сојуз


Договорот за сеопфатно стратешко партнерство меѓу Москва и Техеран има за цел да ги развие сите аспекти на билатералните односи, вклучително и одбранбената соработка, но не предвидува создавање воен сојуз, изјави иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи. – Тоа е навистина сеопфатен договор кој ги допира сите аспекти на билатералните односи, со посебно внимание …

Арагчи: Договорот за стратешко партнерство меѓу Русија и Иран не предвидува создавање воен сојуз Read More »

Бројот на загинатите во пожарите во Лос Анџелес се зголеми на 25 лица, мора да се носат маски


Најмалку 25 лица загинаа во пожарите во Лос Анџелес, покажуваат новите информации на експерт од оваа област. Девет лица загинаа во пожарот во Палисадес, а 16 лица загинаа во пожарот во Итон, според ажурираните бројки. Националната метеоролошка служба во Лос Анџелес ги повика жителите да бидат подготвени  бидејќи се очекува ветровите повторно да зајакнат. Пожарите …

Бројот на загинатите во пожарите во Лос Анџелес се зголеми на 25 лица, мора да се носат маски Read More »

СП 2025: Светскиот шампион Данска почна убедливо против Алжир


Бранителот на титулата светски ракометен шампион од 2023 година и домаќин на овогодинешното натпреварување, Данска забележа убедлива победа од 47-22 (20-11) во својот прв дуел против репрезентацијата на Алжир. На теренот вечерва постоеше само една екипа и ниту во еден момент не беше доведен во прашање победникот. Играта на Данска вечерва покажа дека тие повторно …

СП 2025: Светскиот шампион Данска почна убедливо против Алжир Read More »