Радишани доби спортско-рекреативен центар


Денеска, градоначалникот Дарко Костовски заедно со учениците го отвори спортско-рекреативниот центар „Радишани”, во дворот на ООУ “Ацо Шопов”. Спортско-рекреативниот центар се протега на површина од 4.000 м2 и содржи ново модерно фудбалско игралиште со вештачка трева, кошаркарско игралиште со специјална ФИБА подлога, ново детското игралиште, тениско игралиште со акрилна подлога, фитнес зона за вежбање и …

Радишани доби спортско-рекреативен центар Read More »

Наставата во училиштата во Србија ќе се надополнува – инспекцијата ќе контролира


Откако почнаа протестите на студентите, на кои се приклучија и средношколците, па и основците, некаде организирано и цели училишта, наставата во Србија беше прекината, а сега се бара начин таа да се надополни.  Но, како што објави министерката за образование Славица Ѓукиќ-Дејановиќ денеска, сите обиди на Министерството за стабилизирање на состојбите во образовниот систем наишле …

Наставата во училиштата во Србија ќе се надополнува – инспекцијата ќе контролира Read More »

Со ЛЕД светилки ќе се менува уличното осветлување во Карпош – тоа чини 2,4 милиони евра


Советот на општина Карпош заседаваше во рамки на редовната шеесет и втора дедница, каде советниците ги разгледуваа и полноправно одлучуваа по 35 точки која се најдоа на дневниот ред.  Советниците ја поддржаа и Предлог – Одлуката за започнување на постапка за доделување на договор, за воспоставување на јавно приватно партнерство (ЈПП) за давање на услуги …

Со ЛЕД светилки ќе се менува уличното осветлување во Карпош – тоа чини 2,4 милиони евра Read More »

Инженерската институција на Македонија го прогласи 21 март за Ден на македонските инженери


Инженерската институција на Македонија, на 14-то Генерално собрание, го прогласи 21 март за Ден на македонските инженери. Оваа одлука Инженерската институција на Македонија ја донесе како наследник на традицијата за струково и еснафско организирање на инженерите од 1920 година. Годинава таа одбележува и 105 години од основање на првото македонско здружение на инженери. Според професор …

Инженерската институција на Македонија го прогласи 21 март за Ден на македонските инженери Read More »

Хрватска: Одложете го патувањето во Србија, избегнувајте да бидете во близина на протести


Министерството за надворешни работи на Хрватска ги повика хрватските граѓани да го одложат патувањето во Србија поради најавениот голем студентски протест што в сабота ќе се одржи во Белград. На хрватските граѓани кои денеска и на денот на протестот ќе престојуваат во Белград особено им се препорачува да ги избегнуваат пристапните правци до собирните места …

Хрватска: Одложете го патувањето во Србија, избегнувајте да бидете во близина на протести Read More »

Од понеделник ново депо на „Пајак“ службата на ЈП ПОЦ


Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“- Скопје соопшти дека од 17 март ќе биде отворено новото депо на пајак-службата на претпријатието, на новата локација до улица и мост „Беласица“ под Железничката станица. Новото депо ќе биде посветено на поддршка на процесот на управување со паркирање, одржување и чистење на јавните површини, како …

Од понеделник ново депо на „Пајак“ службата на ЈП ПОЦ Read More »

Сатурн официјално има 128 нови месечини


Ако мислевте дека 148-те месечини на Сатурн звучат импресивно, што можете да кажете сега кога тој број е речиси двојно зголемен. Сатурн сега има уште 128 месечини, што значи дека нивниот вкупен број се зголеми на 274. Јупитер сега е далеку зад својот „ривал“ со своите 95 месечини, додека Земјата има само една. Тим астрономи …

Сатурн официјално има 128 нови месечини Read More »

Дали една од фабриките на Фолксваген ќе произведува тенкови? „Многу соодветно“


Армин Папергер, извршен директор на германскиот производител на оружје Рајнметал, рече дека фабриката на Фолксваген во Оснабрик ќе биде погодна за производство на оружје, во време кога производителот на автомобили размислува за пренамена на капацитети, од кои некои би можеле да бидат продадени. Папергер посочи дека Рајнметал би можел да пренамени повеќе фабрики за производство …

Дали една од фабриките на Фолксваген ќе произведува тенкови? „Многу соодветно“ Read More »

Зеленски во Турција гледа партнер во безбедносните гаранции за Украина


Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина ја гледа Турција како партнер во безбедносните гаранции за Украина и додаде дека Киев е подготвен да го ратификува договорот за слободна трговија меѓу двете земји. Тој вчера во Киев се сретна со турскиот министер за одбрана Омер Болат и министерот за земјоделство Ибрахим Јумакли и со нив …

Зеленски во Турција гледа партнер во безбедносните гаранции за Украина Read More »

Во Собранието нов обид за одблокирање на работата на Комисијата за социјална политика, демографија и млади


Во Собранието денеска ќе има уште еден обид за одблокирање на работата на Комисијата за социјална политика, демографија и млади и Законодавно-правната комисија, на чиј дневен ред има само една точка – Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка. Завчера работата на оваа Комисија остана …

Во Собранието нов обид за одблокирање на работата на Комисијата за социјална политика, демографија и млади Read More »

Поради дојава за бомби во возовите запрен железничкиот сообраќај во Србија


Компанијата „Србијавоз“ денеска соопшти дека во текот на ноќта била добиена анонимна дојава дека во меѓуградските возови биле поставени експлозивни направи, по што од безбедносни причини привремено се прекинати сите меѓуградски возови. „Србијавоз ги известува корисниците на услугата дека на 14 март 2025 година, во 01:39 часот, примен е повик со анонимна дојава дека во …

Поради дојава за бомби во возовите запрен железничкиот сообраќај во Србија Read More »

Здружението на инженери поднесе претставка до РКЕ за високите сметки за струја


Здружението на инженери на Македонија, поднесе претставка до Регулаторната комисија за енергетика, со барање за измена на правилата за снабдување на електрична енергија. „Бараме конкретни решенија за: 1. спречување на неправедните наплати во фактурите за електрична енергија кај домаќинствата и 2. елиминирање на дополнителната неоправдана заработувачка на ЕВН. Бараме: -Да се изврши измена на Правилата …

Здружението на инженери поднесе претставка до РКЕ за високите сметки за струја Read More »

Венс: Би се шокирал доколку Трамп прифати распоредување нуклеарно оружје во Источна Европа


Американскиот потпретседател, Џеј Ди Венс, денеска изјави дека би бил шокиран доколку претседателот Доналд Трамп поддржи распоредување нуклеарно оружје понатаму на истокот на Европа.  Британските медиуми пренесуваат дека Венс одговараше за барањето на полскиот претседател Анджеј Дуда, САД да го префрлат нуклеарното оружје на полска територија како дел од стратегијата за одвраќање од потенцијални идни …

Венс: Би се шокирал доколку Трамп прифати распоредување нуклеарно оружје во Источна Европа Read More »

До крајот на следната година низ светот може да има 6,7 милиони принудно раселени лица


Војните, конфликтите, насилството и прогонот ќе принудат 6,7 милиони луѓе да ги напуштат своите домови во следните две години, предупреди денеска данска хуманитарна организација. -„Опасните“ кратења на меѓународната помош од страна на големите земји како САД, Велика Британија и Германија лишиле милиони ранливи луѓе од поддршката што е клучна за нивниот опстанок, нагласи Данскиот совет …

До крајот на следната година низ светот може да има 6,7 милиони принудно раселени лица Read More »

Европратеници: Фон дер Лајен да ја предупреди Србија дека каква било репресија на 15 март ќе влијае на европската иднина на земјата


 Некои европратеници ја повикаа Европската комисија јавно да ја предупреди српската Влада дека каква било репресија врз демонстрантите на 15 март директно ќе влијае на европската иднина на Србија. „Вклучувајќи адресирање на заплашување, насилство, мобилизација против протести и големо полициско присуство. Сегашната јасна изјава ќе испрати силна порака дека ЕУ нема да толерира понатамошна ерозија …

Европратеници: Фон дер Лајен да ја предупреди Србија дека каква било репресија на 15 март ќе влијае на европската иднина на земјата Read More »

За пожарите во близина на Атина пред седум години обвинителката побара 12 обвинети да бидат прогласени за виновни


 Во судскиот процес за катастрофалните пожари во јули 2018 година во населбата Мати во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во кој загинаа 104 лица, обвинителката денеска предложи и побара 12 од 21 обвинет да бидат прогласени за виновни, јави дописничката на МИА од Атина. Судењето е на втор степен по поднесената …

За пожарите во близина на Атина пред седум години обвинителката побара 12 обвинети да бидат прогласени за виновни Read More »

Со свеченост Специјалната антитерористичка единица ТИГАР одбележа 44 години од формирањето


Во Касарната „Илинден“- Скопје денеска со свечена церемонија беа одбележани 44 години од формирањето на Специјалната антитерористичка единица ТИГАР. Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на свеченоста истакна дека во своето петдецениско постоење САЕ Тигар од аспект на професионалност, стручност, обученост на своите припадници, претставува вистинска гордост, како на МВР, така и на цела Македонија. …

Со свеченост Специјалната антитерористичка единица ТИГАР одбележа 44 години од формирањето Read More »

Скопјанец ги претепал сопругата и нејзините три малолетни деца


Случај на семејно насилство во скопски Петровец.  – На 12.03.2025 во 12 часот во населба на подрачјето на општина Петровец, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ѓ.С.(37) од скопско село, постапувајќи по претходна пријава дека околу 4 часот физички ја нападнал неговата 43-годишна поранешна партнерка, оштетил мобилен телефон, ги туркал нејзините три …

Скопјанец ги претепал сопругата и нејзините три малолетни деца Read More »

50-годишен скопјанец ја уценувал малолетната девојка дека ќе објави видео од нивниот сексуален однос


Татко пријавил во полицијата дека неговата малолетна ќерка била во врска со 50-годишник кој ја уценувал со компромитирачко видео.  – На 12.03.2025 во 20.00 часот во СВР Скопје, 50-годишен маж од Скопје пријавил дека неговата 15-годишна ќерка подолго од една година била во врска со лицето Ј.„Н“, кој без нејзино знаење снимил видео материјал од …

50-годишен скопјанец ја уценувал малолетната девојка дека ќе објави видео од нивниот сексуален однос Read More »

Со 350 000 долари 11 општини ќе реализираат технички документации за нови проекти


Единаесет општини во Македонија ќе добијат грантови во вкупен износ од 350 000 американски долари од Фондот за техничка документација (ФТД) за изработка на техничка документација за нови проекти. Градоначалниците на Градско, Крушево, Македонски Брод, Новаци, Пехчево, Студеничани, Теарце, Чашка, Чаир, Охрид и Штип денеска потпишаа договори кои ќе им помогнат во зајакнување на капацитетите …

Со 350 000 долари 11 општини ќе реализираат технички документации за нови проекти Read More »