Верстапен: Можам да победам во Кина само ако испаднат болидите пред мене


 Макс Верстапен го сподели своето прилично мрачно предвидување за неговите шанси за успех на утрешната трка за Големата награда на Кина, на која ќе стартува од четвртата позиција на гридот. Четирикратниот светски шампион рече дека неговата единствена шанса за втор последователен триумф во Шангај е возачите пред него да се откажат, бидејќи тркачкото темпо на …

Верстапен: Можам да победам во Кина само ако испаднат болидите пред мене Read More »

Германија ја тргна должничката кочница поради зголемените трошоци за одбраната и обнова на инфраструктурата


 Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер денеска ги потпиша законските измени со кои се овозможува покачување на границата на државниот долг поради зголемување на трошоците за одбраната и финансискиот пакет од 500 милијарди евра за инфраструктурни и климатски иницијативи, соопшти неговиот кабинет. Ова значи дека измените, одобрени од парламентот претходно оваа недела, ја поминаа последната пречка и …

Германија ја тргна должничката кочница поради зголемените трошоци за одбраната и обнова на инфраструктурата Read More »

Шеесетминутен молк во Солун за жртвите од трагедијата во Кочани (фото)


 „Солун е со тебе Кочани“; „Нивните профити или нашите животи“; „Едни иселивте, а тие што останаа ги убивте – Кочани 16.03.2025“; „Репертоарот е со години ист, настапува корупција, а народот е публика“; „Осамна пролетно утро сончево, а сончевите зраци денес темни црнила“, беа дел од пораките на паноата на Македонците кои точно напладне се собраа …

Шеесетминутен молк во Солун за жртвите од трагедијата во Кочани (фото) Read More »

Муцунски: Идната недела ќе почне враќањето на првите пациенти што се лекуваат во странство


Идната недела ќе почне враќање во земјава на првите пациенти што се лекуваат во странство кои се во добра здравствена состојба за да се вратат, соопшти министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на прес-конференција. Во МНРНТ денеска ќе се одржи координативен состанок за следни чекори и мерки за соодветна организација за очекуваното …

Муцунски: Идната недела ќе почне враќањето на првите пациенти што се лекуваат во странство Read More »

Трагедијата во Кочани ги раздрма надлежните – проверки во кафулиња, згради, училишта


По пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 59 лица, повеќето општини решија да ги проверат безбедносните услуви во локалите на нивната територија, а акцијата се прелеа и на училиштата, градинките и други јавни објекти, како и на станбените згради. Општина Карпош, Битола, Аеродром, Центар… се растрчаа инспекторите, проверуваат колку излези имаат угостителските …

Трагедијата во Кочани ги раздрма надлежните – проверки во кафулиња, згради, училишта Read More »

Објавен романот „Стројникот“ на тетовскиот писател Јован Дамјановски


Современиот македонски писател Јован Дамјановски од Тетово ја збогати својата прозна продукција со деветнаесеттиот роман „Стројникот“. Како и во досегашните дел, пишува за луѓето од дното на животот. Ова е приказна за спротивставеноста на доброто и лошото во кој се живее и треба да се препознаваме како луѓе. Тој се задржува на современиот живот во …

Објавен романот „Стројникот“ на тетовскиот писател Јован Дамјановски Read More »

Лишени од слобода две лица поради предизвикување пожар во Прилеп и Ресен


Вчера, во 15.20 часот полициски службеници од ОВР Прилеп на ул. „Осоговска“ во Прилеп го лишиле од слобода П.К.(51) од Прилеп поради основи на сомнение дека на 21.03.2025 околу 14.30 часот на повеќе места на различни ниви во близина на Прилеп запалил сува трева, при што се запалиле и изгореле дрва, бандера сопственост на ЕВН …

Лишени од слобода две лица поради предизвикување пожар во Прилеп и Ресен Read More »

Центар следната недела ќе проверува безбедност во зградите и кафулињата


Во текот на вчерашниот ден, по барање на Градоначалникот Горан Герасимовски се одржа итен состанок на Штабот за заштита и спасување на Општина Центар, на кој освен членовите на Штабот присуствуваа инспекциските служби на општината и Командирот на ПС Беко Игор Стаменковски. Главна тема беше разгледување на безбедносната состојба во општината и предлагање мерки за …

Центар следната недела ќе проверува безбедност во зградите и кафулињата Read More »

Во Битола контроли во угостителски локали и кафе барови


 Општинскиот инспекторат во Битола, во координација со Државниот пазарен инспекторат и СВР Битола, денеска ќе спроведат проширена контрола и на битолските локали и кафе барови. Од секторот за односи со јавност на Општина Битола претпладнево соопштија дека акцијата ќе се одвива во кафе барови кои во најголем дел се лоцирани на Широк Сокак, во битолската …

Во Битола контроли во угостителски локали и кафе барови Read More »

Општина Аеродром во контрола на 100 угостителски објекти, ќе се проверуваат и хидрантите во зградите


Инспекциските служби на Општина Аеродром во текот минатата недела извршија контроли на околу 100 угостителски објекти кои работат на територијата на општината. Во тек е обработка на податоците што се собрани од терен и се изготвува анализа за состојбата со исполнувањето на законските одредби и подготвеноста на објектите за вршење на угостителска дејност. Исто така, …

Општина Аеродром во контрола на 100 угостителски објекти, ќе се проверуваат и хидрантите во зградите Read More »

Норвежанец поднесе жалба против ChatGPT откако му кажал дека ги убил двајцата негови синови


Норвежанецот Арве Хјалмар Холмен поднесе жалба против американската компанија OpenAI, која е креатор на алатката за вештачка интелигенција ChatGPT, откако ChatGPT тврдеше дека Холмен ги убил своите две деца. Холмен, кој се смета себеси за личност како другите луѓе, без јавно изложување, побара од ChatGPT информации за себе, а потоа доби одговор дека ги убил …

Норвежанец поднесе жалба против ChatGPT откако му кажал дека ги убил двајцата негови синови Read More »

Ѓоковиќ се изедначи со Рафаел Надал по бројот на победи на ниво на АТП 1000


Новак Ѓоковиќ се изедначи со Рафаел Надал за најмногу победи на ниво на Мастерс 1000, откако шесткратниот шампион победи со 6:0, 7:6(1) против Ринки Хиџиката во мечот од второто коло на турнирот во Мајами и ја прекина серијата од три порази. Србинот, кој ги држи рекордите за најмногу титули (40), финалиња (59) и полуфиналиња (78) …

Ѓоковиќ се изедначи со Рафаел Надал по бројот на победи на ниво на АТП 1000 Read More »

Хитроу повторно отворен по вчерашниот целосен прекин


 Лондонскиот аеродром Хитроу денеска објави дека е отворен и целосно ја обновил работата. Соопштението дојде еден ден откако пожар ја прекина струјата и го принуди најпрометниот аеродром во Европа да затвори и да ги откаже сите полетувања и слетувања. Затворањето на Хитроу предизвика хаос во патувањата низ светот.

Трамп им ја укина државната заштита на Камала Харис и на Хилари Клинтон


Американскиот претседател Доналд Трамп ја укина заштитата од државната безбедност на неговите противкандидатки во двете претседателски изборни кампањи што ги доби – поранешната американска потпретседателка Камала Харис и поранешната државна секретарка Хилари Клинтон, која беше и прва дама, пренесуваат медиумите во САД. Трамп претходно го укина пристапот до доверливи информации на поранешниот американски претседател Џо …

Трамп им ја укина државната заштита на Камала Харис и на Хилари Клинтон Read More »

Почина Џорџ Форман, еден од најголемите боксери на сите времиња


Џорџ Форман почина на 76-годишна возраст, потврди неговото семејство. Легендарниот боксер во тешка категорија имаше една од најдолгите кариери во спортот, која кулминираше со олимпиското злато во 1968 година. Исто така, Форман двапати беше светски шампион во тешка категорија со разлика од 21 година помеѓу двете титули. Потоа со својата втора титула стана најстариот шампион …

Почина Џорџ Форман, еден од најголемите боксери на сите времиња Read More »

Од руско заробеништо вратени 4.306 украински војници


Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина вратила 4.306 лица од руско заробеништво, потврдувајќи ја посветеноста на државата да обезбеди ослободување на сите заробени Украинци, пренесе Укринформ. Зеленски ја даде оваа изјава за време на говорот пред учесниците на конференцијата на Координативниот штаб за воени затвореници насловена „Надеж, борба, враќање – три години“. – Веќе …

Од руско заробеништо вратени 4.306 украински војници Read More »

Солун напладне молчи за жртвите од Кочани


Граѓаните на Солун организираат собир на молк како израз на сочувство за трагедијата во Кочани во која животот го загубија 59 лица. Како еден од градовите кои покажа солидарност и прифати на лекување дел од настраданите во трагичниот пожар, велат организаторите на собирот, „ве покануваме да го изразиме нашето најдлабоко сочувство за загубените животи, на …

Солун напладне молчи за жртвите од Кочани Read More »

Лишен од слобода возачот кој удри малолетничка во Ѓорче Петров


 Полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Х.Х.(39) од с.Крушопек, скопско, затоа што вчера околу 14.30 часот на бул. „Партизански одреди” во Скопје, наспроти пазарот Ѓорче Петров, управувајќи патничко возило „голф” со скопски регистарски таблички, удрил во 12-годишна малолетничка-пешак од Скопје. Со возило на Итна медицинска помош малолетничката е пренесена во комплекс клиники …

Лишен од слобода возачот кој удри малолетничка во Ѓорче Петров Read More »

Денеска сончево со температури до 20 степени


Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Во текот на денот облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени. Во Скопје, сончево со умерена облачност и со …

Денеска сончево со температури до 20 степени Read More »