Повредени тројца припадници на АРМ: Армиското возило било удрено од цивилно возило


Денеска на патниот правец Штип-Кочани во 13:00 часот, армиско воено возило „Ланд ровер дефендер“ со тројца припадници на Армијата, при извршување на редовни планирани активности (смена на стража) учествувало во сообраќајна незгода, односно армиското возило било удрено од цивилно возило во задниот дел, информираат од АРМ. Притоа тројцата припадници се полесно повредени и се пренесени …

Повредени тројца припадници на АРМ: Армиското возило било удрено од цивилно возило Read More »

Митева: Црвениот крст им префрли по 150.000 денари на сите семејства со пациенти во странство


Нема потреба од формирање посебни фондови, од повикување на граѓаните да донираат директно на семејствата кои имаат пациенти во странски држави, затоа што државата им плаќа сѐ, вели портпаролката на Владата, Марија Митева.  Дополнително, веќе се знае дека лекувањето на пациентите во сите држави кои ги презедоа е на сметка на Европската унија преку механизмот …

Митева: Црвениот крст им префрли по 150.000 денари на сите семејства со пациенти во странство Read More »

Сите 59 жртви од пожарот во Кочани починале од задушување


Кај сите 59 настрадани, причината на смртта е насилна и настанала заради насилно задушување и е во директна поврзаност со пожарот. Кај дел од нив се пронајдени изгореници од прв или втор степен, кај тројца имаше изгореници од 4 степен, меѓутоа причината за смрт е задушување, информира денеска првиот човек на Судска медицина, Александар Станков …

Сите 59 жртви од пожарот во Кочани починале од задушување Read More »

Дискотеката „Пулс“ не е дивоградба, но не е наменета за дискотека


Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, денеска на прес-конференција, оградувајќи се дека нема доволно информации, рече дека објектот на дискотеката „Пулс“ и неговата градба не била спорна до 2012 година, кога според него, почнала реадаптацијата за да почнат да се одржуваат забави. – Објектот е изграден во 1999 година според важечки план во рамки …

Дискотеката „Пулс“ не е дивоградба, но не е наменета за дискотека Read More »

Седум пациенти на токсикологија поради вдишани отровни гасови од пожарот во „Пулс“


Седум пациенти во моментов се на Клиниката за токсикологија кои што вдишале голема количина на отровни гасови, вели д-р Андон Чибишев од ЈЗУ УК Tоксикологија Скопје за лицата кои што биле во кочанската дискотека „Пулс“. Чибишев информира дека пациентите немаат механички повреди туку се со инхалоторни повреди од отровните гасови. -Добрата вест е што сите …

Седум пациенти на токсикологија поради вдишани отровни гасови од пожарот во „Пулс“ Read More »

Контрола во угостителските објекти во Битола


Општина Битола во соработка со Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) и СВР Битола, спроведе низа активности за контрола на угостителските објекти во градот. Од секторот за односи со јавност на Општина Битола денеска информираат дека Општинскиот инспекторат на терен врши проверка на сите категоризирани објекти на физички лица што се под општинска надлежност, односно се контролира …

Контрола во угостителските објекти во Битола Read More »

Коцевски: Верижните пропусти доведоа до пожарот во „Пулс“ и смрт на 59 лица


  ОЈО Кочани донесе наредба за спроведување истражна постапка против 27 физички и три правни лица за кои постои основи на сомнение дека како соизвршители сториле тешки дела против општата сигурност.  Верижните пропусти и незаконити дејствија на одговорните и службените лица,  информираше денеска на прес-конференција државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, довеле до тоа при користење …

Коцевски: Верижните пропусти доведоа до пожарот во „Пулс“ и смрт на 59 лица Read More »

Просечната плата во јануари 43.050 денари


Просечната исплатена нето плата во јануари во земјава изнесува 43.050 денари и е повисока за 8,9 проценти во однос на јануари минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика.  Зголемувањето се должи на просечната исплатена плата во секторите Уметност, забава и рекреација, Административни и помошни услужни дејности и Образование. Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата …

Просечната плата во јануари 43.050 денари Read More »

Општина Карпош во масовна проверка на угостителските објекти, еве што треба да поседуваат


Општина Карпош информира дека од вчера е започната проширена котрола на овластените инспектри врз локалите кои вршат угостителска дејност – подготовка за послужување на храна и пијалоци и кафе барови, дека од вчера започна заедничка проширена контрола на овластените инспектори. Од општината посочуваат дека ваква инспекциска контрола последен пат била спроведена во 2024 година, и …

Општина Карпош во масовна проверка на угостителските објекти, еве што треба да поседуваат Read More »

Триглав осигурување Живот донира за децата што останаа без родител поради трагедијата во Кочани


Во овие тешки моменти на неизмерна тага и загуба, Триглав осигурување Живот искрено сочуствува со семејствата погодени од трагедијата во Кочани. Свесни дека ништо не може да ја надомести загубата на најблиските, одлучивме да преземеме чекор кој барем малку ќе помогне во обезбедувањето иднина на децата што останаа без родител. Со цел да им пружиме …

Триглав осигурување Живот донира за децата што останаа без родител поради трагедијата во Кочани Read More »

Општина Гостивар донираше 1.000.000 денари за семејствата на жртвите и повредените


Општина Гостивар денеска одобри финансиска помош во износ од 1.000.000 денари за семејствата на жртвите и повредените во трагедијата во Кочани. Одлуката беше донесена на вонредна седница на Советот на Општината, која започна со едноминутно молчење во чест на 59-те животи загубени во трагичниот пожар на 16 март. – Трагедијата во Кочани е голема рана, …

Општина Гостивар донираше 1.000.000 денари за семејствата на жртвите и повредените Read More »

Црвен крст: Досега собрани 43.149.360 денари за поддршка на настраданите во пожарот во Кочани


Црвениот крст на Северна  Македонија информира дека досега се собрани 43.149.360 денари за поддршка на настраданите во пожарот во Кочани и за нивните семејства. – Ве повикуваме и понатаму сите заедно да ја покажеме хуманоста и солидарноста за настраданите од пожарот во Кочани. Упатуваме голема благодарност до сите кои донираа и ве информираме дека сме …

Црвен крст: Досега собрани 43.149.360 денари за поддршка на настраданите во пожарот во Кочани Read More »

Управата за финансиска полиција вклучена во акцијата за проверка на кабареaта, дискотеките и ноќните клубови


Управата за финансиска полиција денеска соопшти дека активно е вклучена во големата акција за проверка на работата на објектите кои функционираат како кабареа, дискотеки и ноќни клубови низ земјава и постапува согласно со своите законски надлежности. Како што посочуваат, на располагање се ставени сите капацитети на Управата за финансиска полиција за потребите на оваа акција, …

Управата за финансиска полиција вклучена во акцијата за проверка на кабареaта, дискотеките и ноќните клубови Read More »

Лекувањето на пациентите од пожарот во Кочани во другите држави е бесплатно


Министерот за здравство, Арбен Таравари, изјави дека лекувањето на пациентите од пожарот во Кочани во другите држави е генерално бесплатно. Одговарајќи на новинарско прашање во врска со шпекулации дека се собираат пари за лекувањето, тој одговори дека нема потреба за изнесување невистини. -Генерално во 99 проценти е бесплатно лекувањето и нема потребаа никој да собира …

Лекувањето на пациентите од пожарот во Кочани во другите држави е бесплатно Read More »

На ГП „Хан Хоти“ на албанско-црногорската граница уапсен македонски државјанин баран со меѓународна потерница


Албанската полиција на граничниот премин „Хан Хоти – Муриќан“ на албанско – црногорската граница, привела македонски државјанин баран со меѓународна потерница. – Лицето А.К.(50) жител на Северна Македонија, на излез од Република Албанија е приведен со цел екстрадиција. При контрола потврдено е дека е баран со меѓународна потерница од Интерпол Скопје, откако бил обвинет од …

На ГП „Хан Хоти“ на албанско-црногорската граница уапсен македонски државјанин баран со меѓународна потерница Read More »

Таравари: Десет пациенти одат на домашно лекување


Вкупно 162 лица повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се лекуваат дома и во странство, а добра вест е тоа што денеска десет пациенти кои се лекуваат во земјава ќе бидат пуштени дома, информираше министерот за здравство Арбен Таравари на денешната прес-конференција. – На Клинички лежат 25 пациенти, во ГОБ „8 Септември“ има …

Таравари: Десет пациенти одат на домашно лекување Read More »

Уште двајца повредени во пожарот во Кочани транспортирани во Шведска


Шведската Амбасада на својата Фејсбук страница објави дека во раните утрински часови уште двајца повредени во пожарот во Кочани се транспортирани во болницата Каролинска во Шведска. – Синоќа во 03:30 часот, летот за медицинска евакуација од тим од Универзитетската болница Каролинска полета од Скопје, носејќи уште двајца пациенти во Стокхолм на медицински третман. Шведска се …

Уште двајца повредени во пожарот во Кочани транспортирани во Шведска Read More »

Отворена истражна постапка против 27 физички и три правни лица во врска со пожарот во Кочани


Основното јавно обвинителство Кочани во текот на ноќта донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 27 физички и три правни лица во врска со катастрофалниот пожар во Кочани, информираат од Јавното обвинителство на РСМ. Деталите за истрагата, осомничените и предложените мерки за обезбедување, како што е најавено, ќе бидат соопштени денеска напладне на прес-конференција пред …

Отворена истражна постапка против 27 физички и три правни лица во врска со пожарот во Кочани Read More »

Одреден 30 дневен притвор за Бектеши и 12 лица за пожарот во Кочани


Основниот суд во Кочани донесе решение со кое се определува 30 дневен притвор за 13 лица опфатени во случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“, меѓу кои и за поранешниот министер за економија Крешник Бектеши. За уште шест осомничени, на кои претходно исто така им беше определен краткотраен притвор од 48 часа, судот ќе одлучува во …

Одреден 30 дневен притвор за Бектеши и 12 лица за пожарот во Кочани Read More »