За 24 осомничени за трагедијата во Кочани определен 30 дневен притвор


Од Основниот суд Кочани за МИА потврдија дека е определена мерка 30 дневен притвор за сите 24 лица за кои основното Јавно обвинителството во рамки на истрагата бараше изрекување на мерката, а во однос на истрагата за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животите ги загубија 59 лица, а речиси 200 се повредени. …

За 24 осомничени за трагедијата во Кочани определен 30 дневен притвор Read More »

Јужен Судан на раб на граѓанска војна, Германија ја затвора амбасадата


Германската влада денеска објави дека привремено ја затвора својата амбасада во Џуба, главниот град на Јужен Судан, бидејќи верува дека земјата е на работ на граѓанска војна. -После години кревок мир, Јужен Судан повторно е на работ на граѓанска војна, рече германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок. Бербок на социјалните мрежи напиша дека претседателот …

Јужен Судан на раб на граѓанска војна, Германија ја затвора амбасадата Read More »

Николоски: Одзедовме 427 лиценци, другата недела ќе ги кажеме имињата на фирмите


Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски информираше дека од вкупниот број издадени лиценци во делот на градба, проектирање, надзор, изработка на ДУП кој изнесува 3 илјади лиценци, до денеска прегледани се 2810. Од нив, одземени се 427. – Тие се однесуваат во делот на градба, надзор, проектирање, изработка на детални урбанистички планови. Најголемата е …

Николоски: Одзедовме 427 лиценци, другата недела ќе ги кажеме имињата на фирмите Read More »

Зошто е препорачливо да го менувате моторното масло по зимата


Периодот по зимата е еден од двата најдобри периоди од годината за промена на моторното масло. Тешките работни услови предизвикуваат деградација на маслото, а подготовката на вашиот автомобил за сезоната на долги, топли денови е гаранција дека ќе го одржувате во добра состојба. Зимата е најтешкиот период од годината за погонски агрегат. Автомобилот е изложен …

Зошто е препорачливо да го менувате моторното масло по зимата Read More »

Папата Франциск утре ќе биде пуштен од болница


Папата Франциск утре ќе биде отпуштен од болница по повеќе од пет недели, велат лекарите, јави ДПА. Кардиналот Виктор Мануел Фернандез вчера изјави дека папата добро реагира на лекувањето за пневмонија, но треба повторно да се навикне да зборува.  Осумдесет и осумгодишниот поглавар на Римокатоличката црква беше хоспитализиран во болницата „Џемели“ во Рим од 14 …

Папата Франциск утре ќе биде пуштен од болница Read More »

(ВИДЕО) Вучиќ се закани со откази и смени: Оди лечи се, му порачаа во Лесковац


„Оние што нема да го направат ова, ќе ги смениме. Полицајците кои не сакаат да го штитат редот и законот ќе бидат разрешени, како и обвинителите кои не сакаат да ги штитат редот и законот“, им рекол Вучиќ на граѓаните со кои разговарал во Народниот театар во Лесковац. Тој повторно тврдеше дека актуелните настани се …

(ВИДЕО) Вучиќ се закани со откази и смени: Оди лечи се, му порачаа во Лесковац Read More »

Ромската фондација за Европа донира 10.000 евра за поддршка на семејствата на жртвите во пожарот во Кочани


-Најдлабоко сочувство поради трагичната загуба на 59 млади животи во Кочани, Северна Македонија. Овие млади луѓе не беа само сакани деца, браќа, сестри и пријатели – тие беа иднината на оваа земја. Нашите мисли се со семејствата, заедниците и сите погодени од оваа незамислива загуба, соопшти Фондацијата. Нејзиниот претседател Жељко Јовановиќ ја посетил Амбасадата на …

Ромската фондација за Европа донира 10.000 евра за поддршка на семејствата на жртвите во пожарот во Кочани Read More »

Граѓани на Кочани попладнево на протест во Паркот на револуцијата


Шест дена по трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, граѓаните на Кочани денеска во 15 часот во Паркот на Револуцијата организираа едночасовен протестен собир во знак на почит кон загинатите и со поддршка за закрепнување на повредените.   На собирот немаше официјален говор, а присутните истакнаа дека се организирале спонатано, со повик преку социјалните мрежи. Со …

Граѓани на Кочани попладнево на протест во Паркот на револуцијата Read More »

Почина Светлана Броз, внуката на Јосип Броз Тито


Во Белград на 70-годишна возраст почина внуката на Јосип Броз Тито, д-р Светлана Броз, кардиолог, писател и активист за човекови права. Таа беше истакната активистка за човекови права, автор на култната книга (седум изданија), преведена на шест светски јазици, „Добри луѓе во време на злото“, како и на книгите „Јас имам храброст“, „Праведниците на Руанда …

Почина Светлана Броз, внуката на Јосип Броз Тито Read More »

Путин бара од Украинците да земат руско државјанство или да се преселат на друго место


Рускиот претседател Владимир Путин почна да врши притисок врз Украинците во Русија и на окупираните територии во нивната матична земја да земат руско државјанство или да се преселат на друго место, соопштија во саботата британските разузнавачи. Путин во четвртокот потпиша указ со кој се обврзуваат украинските граѓани кои живеат на територии зафатени од војна да …

Путин бара од Украинците да земат руско државјанство или да се преселат на друго место Read More »

Без многу радување и рутински: Македонија во Лихтенштајн победи за Кочани


Македонија со рутински 3-0 го победи Лихтенштајн на почетокот на квалификациите за Светското првенство 2026 година, во можеби еден од најтажните мечеви во историјата на македонскиот фудбал. Натпреварот доаѓа само пет дена по смртта на 59 наши сограѓани во кочанската дискотека. Во натпревар со многу емоции, но без преголемо радување на головите, стрелци беа Александар …

Без многу радување и рутински: Македонија во Лихтенштајн победи за Кочани Read More »

МЕНР на Албанија се извини за „северномакедонска“ заедница од страна на амбасадорката во Софија


 Министерството за Европа и надворешни работи на Албанија достави извинување до  македонската амбасада во Тирана, за етикетирањето на македонската заедница како „северномакедонска“ од страна на албанската амбасадорка во Софија. Како што потврдија за МИА од Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), тоа доаѓа по острата реакција на македонската партија по интервјуто на амбасадорката за бугарски …

МЕНР на Албанија се извини за „северномакедонска“ заедница од страна на амбасадорката во Софија Read More »

Србија ќе стартува заеднички систем за е-патарина со Грција и Хрватска


Српскиот државен патен оператор „Путеви Србије“, оваа година ќе лансира заеднички интегриран систем за електронска наплата (ETC) со Грција и Хрватска, со што ќе им се овозможи на возачите да плаќаат патарина во двете земји со српската ознака ETC и обратно, објавија локалните медиуми. Системот меѓу Србија и Грција ќе профункционира пред овогодинешната летна сезона, …

Србија ќе стартува заеднички систем за е-патарина со Грција и Хрватска Read More »

Во КПУ Затвор Куманово се наоѓаат 12 лица осомничени за трагичниот настан во Кочани


 Двајца поранешни градоначалници на Кочани се наоѓаат во казнено-поправната установа Затвор Куманово, информираа денеска надлежните од затворот. – Во моментот, во КПУ Затвор Куманово се наоѓаат дванаесет лица осомничени за трагичниот настан во Кочани. Помеѓу нив се и двајца поранешни градоначалници на Кочани, информираа од затворот. Вчера, ЈОРСМ информираше дека Основното јавно обвинителство Кочани донело …

Во КПУ Затвор Куманово се наоѓаат 12 лица осомничени за трагичниот настан во Кочани Read More »

Клековски: Шест нови пациенти од пожарот во Кочани примени во болница


Состојбата се подобрува, се намалува бројот на критични пациенти, но далеку сме од моментот на опуштање. Борбата не е завршена, затоа што сега почнува ризикот од инфекции и допрва претстои можно влошување на состојбата, изјави Сашо Клековски, директор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ). -Нема опуштање – затоа што како се намалува ризикот …

Клековски: Шест нови пациенти од пожарот во Кочани примени во болница Read More »

Околу 100 објекти ќе останат без лиценци за работа оти не ги исполнуваат условите


Контроли се спроведуваат на сите објекти со и без лиценци, а активноста продолжува, анализите се обемни, додека проверките се темелни  со цел утврдување дали истите ги почитуваат минимално техничките услови. „Сакам да ја информирам јавноста и за преземените активности на Министерствот за транспорт и врски, каде од досега направените контроли утврдени се голем број на …

Околу 100 објекти ќе останат без лиценци за работа оти не ги исполнуваат условите Read More »

Приведени се 343 лица во насилните протести во Турција (видео)


Демонстрации се одржаа во десетина градови во Турција, вклучувајќи ги Истанбул и престолнината Анкара. Турското Министерство за внатрешни работи соопшти дека приведувањата се направени за да се спречат „нарушувања на јавниот ред“ и предупреди дека властите нема да толерираат „хаос и провокации“. Десетици илјади Турци учествуваат во главно мирни протести од средата, кога Имамоглу беше …

Приведени се 343 лица во насилните протести во Турција (видео) Read More »

Дожд, грмежи и силен ветер во следните денови


Под влијание на влажни воздушни маси од југ, од утре следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Локално врнежите ќе имаат пороен карактер и ќе бидат проследени со грмежи и силен ветер од над 60 километри на час. УХМР најави дека поинтензивни …

Дожд, грмежи и силен ветер во следните денови Read More »

Таравари: Пет пациенти идната недела очекуваме да се вратат во земјава, шест се во критична состојба


Во земјава моментално се лекуваат 54 пациенти од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, откако во текот на вчерашниот ден на домашно лекување беа испратени 10 пациенти. Според информациите кои денеска ги соопшти министерот за здравство Арбен Таравари по состанокот на Кризниот штаб за состојбата на пациентите, на Клинички центар се лекуваат 27 пациенти, во …

Таравари: Пет пациенти идната недела очекуваме да се вратат во земјава, шест се во критична состојба Read More »

Од понеделник Црвениот крст ќе исплаќа пари на семејствата со пациенти


Црвениот крст досега собра повеќе од 800.000 евра наменети за семејствата на пациенти од несреќата во дискотеката во Кочани, а парите (како што одлучи Владата првично да им се префрлат на семејствата кои ги придружуваат пациентите по 150.000 денари) ќе им бидат префрлани од понеделник. „Моментално се собираат трансакциските сметки од лицата кои се во …

Од понеделник Црвениот крст ќе исплаќа пари на семејствата со пациенти Read More »