Итен повик до астрономите ширум светот: Удри?


Соработникот на НАСА, Марио Рана, сними можен удар од астероид врз Сатурн. Поради овој потенцијално историски настан, Планетарната виртуелна опсерваторија и лабораторија (PVOL) упати итен повик до астрономите ширум светот за да помогнат во потврдувањето на видувањето. Иако Сатурн и Јупитер, како гасни џинови, се вистински магнети за астероиди поради нивната голема маса, набљудувањето на …

Итен повик до астрономите ширум светот: Удри? Read More »

САД планираат да одгледуваат милиони муви и да ги испуштаат од авиони


Стотици милиони муви што паѓаат од небото звучат како кошмар, но научниците велат дека тоа би можело да биде најдобрата одбрана на сточарската индустрија против заканата што јаде месо и која наскоро би можела да ја премине југозападната граница на САД. Ларвите од видот Cochliomyia hominivorax, муви познати по тоа што ги населуваат раните на …

САД планираат да одгледуваат милиони муви и да ги испуштаат од авиони Read More »

Пенка Мукаетова именувана за нов потпретседател на Сојузот на стопански комори на Македонија


Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ) информира дека на денешната седница на Управниот одбор, едногласно беше донесена одлука за именување на Пенка Мукаетова за нов Потпретседател на ССКМ. Оваа одлука претставува дел од обновата на раководните структури на Сојузот со цел да се обезбеди стабилно, легитимно и професионално функционирање. Со својот досегашен ангажман и …

Пенка Мукаетова именувана за нов потпретседател на Сојузот на стопански комори на Македонија Read More »

ЦУК преку СМС порака известува за кризната состојба прогласена за пожарите


СМС пораки стигнуваат до жителите во нашата држава, два дена по донесувањето на одлуката на Владата за прогласување кризна состојба поради пожарите.  „Ве известуваме дека на територијата на цела држава е прогласена кризна состојба за полесно справување со шимските пожари. Воедно ве известуваме и дека во сила е забрана за движење во шумите“, стои во …

ЦУК преку СМС порака известува за кризната состојба прогласена за пожарите Read More »

Фатени две лица што палеле кабли


 Припадници на МВР лишиле од слобода две лица кои биле фатени како предизвикуваат пожар. -На 10.07.2025 во 15:30 часот, при вршење на патрола на патот помеѓу Кадино и Миладиновци од страна на полициски службеници од Единица за интервентна полиција при СВР Скопје е забележан црн дим (чад), при што затекнати се две лица кои имаа …

Фатени две лица што палеле кабли Read More »

Помалку документација за добивање помош побараа лицата со попреченост


На средбата во Министерството за финансии, се говореше за проблемите со коишто се соочуваат лицата со церебрална парализа, но и лицата со други попречености. Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска денеска во својот Кабинет оствари средба со граѓани и претставници на Здружението на родители на деца со церебрална парализа – Скопје. На дискусијата се говореше за …

Помалку документација за добивање помош побараа лицата со попреченост Read More »

ЛИБСЕЕН го поздравува усвојувањето на извештајот на Европскиот парламент за Македонија и ја осудува дебатата за идентитетот


Мрежата на либерали од Југоисточна Европа (ЛИБСЕЕН) го поздравува вчерашното усвојување на извештајот на Европскиот парламент за Северна Македонија. Овој извештај претставува значајно охрабрување за македонскиот народ и за сите граѓани на државата, без разлика на етничката припадност, да продолжат посветено кон создавање на либерална, демократска, функционална, праведна и просперитетна европска држава. Нивната посветеност на …

ЛИБСЕЕН го поздравува усвојувањето на извештајот на Европскиот парламент за Македонија и ја осудува дебатата за идентитетот Read More »

Во Битола ќе бидат ангажирани 30 невработени лица, идни пожарникари


Општина Битола објави повик за ангажирање на 30 невработени лица кои ќе бидат вклучени во работтата на Територијалната против пожарна единица. Од секторот за односи со јавност соопштија дека ангажманот е во функција на заштитата и превенција од пожари и оплеменување на животната средина на локално ниво, односно пошумување. Работното ангажирање на невработените лица ќе …

Во Битола ќе бидат ангажирани 30 невработени лица, идни пожарникари Read More »

Уапсени тројца малолетници – странски државјани фатени со бензин, петарди, запалка и течен лепак кај Ајватовски рид


Во рамки на преземените обемни активности околу состојбата со пожарите во скопскиот регион, вчера (09.07.) на подрачје на ЕВР Гази Баба, поточно во близина на месноста Ајватовски рид кај населбата Илинден во 23:40 часот полициски службеници при преглед на три малолетни лица, странски државјани, во ранец пронашле две шишиња со по 1,5 литри бензин, две …

Уапсени тројца малолетници – странски државјани фатени со бензин, петарди, запалка и течен лепак кај Ајватовски рид Read More »

Собранието ќе распише оглас за избор на Народен правобранител – ќе се бара наследник на Зибери


На денешната 59. седница, Собранието донесе одлука за распишување оглас за избор на Народен правобранител. На седницата беше прифатен предлогот за избор на член на Комитетот за односи меѓу заедниците, од редот на Ромската заедница, а беа донесени и законите за вработените во јавниот сектор, административни службеници и за стручно усовршување и обука на административните …

Собранието ќе распише оглас за избор на Народен правобранител – ќе се бара наследник на Зибери Read More »

Во јуни во Македонија регистрирани вкупно 329 пожари


 Директорот на ЦУК, Мухамед Али, денеска на прес-конференција информираше за актуелната состојба со пожарите кои се регистрирани од јуни годинава заклучно со денес. Директорот соопшти дека во месец јуни се регистрирани вкупно 329 пожари, од кои 12 се шумски пожари, а 317 пожари се на висока сува трева, стрништа, нискостеблеста и деградирана шума, како и на …

Во јуни во Македонија регистрирани вкупно 329 пожари Read More »

Се запали полициско возило во скопски Центар, двајца полицајци завршиле на лекар


Вчера околу 12.00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, настанал пожар во патничко возило, сопственост на МВР. Според пријавеното, додека полициски службеници извршувале службени дејствија, возилото се запалило. Од МВР информираа дека двајцата полициски службеници побарале лекарска помош во Комплексот клиники „Мајка Тереза“- Клиника за токсикологија поради вдишан чад. Пожарот е изгаснат од полициски …

Се запали полициско возило во скопски Центар, двајца полицајци завршиле на лекар Read More »

Прогласена природна катастрофа во пет градови и 11 општини во Србија


На денешната седница, Владата на Србија донесе одлука за прогласување природна катастрофа во пет градови и 11 општини кои беа погодени од пожари во претходните денови. Како што е наведено во соопштението на Владата, пожарите што предизвикаа огромни штети на дел од територијата на Србија беа предизвикани од долготрајна суша и недостаток на врнежи, екстремно …

Прогласена природна катастрофа во пет градови и 11 општини во Србија Read More »

Што ќе се гради во Ѓорче Петров со унгарските пари


Денеска, градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, со Министерството за транспорт и врски, потпиша договори за реализација на вкупно 21 проект за изградба, реконструкција и уредување на улици, патишта и јавни површини со вкупна вредност од над 280.000.000 денари, сподели градоначалникот Александар Стојкоски. Ќе се реконструираат улици и краци во Хром, Волково, Орман, Кисела Јабука, Кучково, …

Што ќе се гради во Ѓорче Петров со унгарските пари Read More »

Денеска е објавен повикот за пожарникари


Денеска е објавен повикот за нови пожарникари преку општините, објави директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.  Повтори дека платата предвидена за овие лица е 24.000 денари, што не е примамливо, ама е можност за врабортување, а за најдобрите и за трајно вработување.  Со овој план, треба да се вработат 400 привремни пожарникари кои ќе бидат распоредени …

Денеска е објавен повикот за пожарникари Read More »

Не со данок за беќари, туку со можности за вработување и градинка за секое дете ќе се зголемува популацијата


Проблемот со демографијата е сложен процес којшто бара вклучување на сите чинители на општеството, но важни фактори за подобрување се сигурните работни места, платите и довербата во системот. Важен сегмент е и зацрвстувањето на дијалогот за родово одговорни семејни политики. За да се постигне сето тоа, потребни се конкретни мерки што ќе се реализираат на …

Не со данок за беќари, туку со можности за вработување и градинка за секое дете ќе се зголемува популацијата Read More »

Скандал во Шведска: Татко му министер за миграција – тој поврзан со екстремни десничарски организации


Синот на шведскиот министер за миграција, Јохан Форсел, бил соработник на екстремно десничарски организации, откри шведскиот весник „Експо“, а потоа потврди и член на владата на оваа земја. Форсел потврди дека неговиот син бил поврзан со одредени десничарски организации, велејќи дека „многу жали“ за тоа и дека „тоа повеќе не е случај“. „Како татко, вие …

Скандал во Шведска: Татко му министер за миграција – тој поврзан со екстремни десничарски организации Read More »

Мицкоски: Имаме и докази и приведени за подметнување на пожарите


Премиерот Христијан Мицкоски вели дека има докази и приведени лица за подметнување на пожарите, преку координирана и добро осмислена акција, особено за Скопје. На новинарско прашање, Мицкоски денеска оцени дека по вчерашните бројни пожари состојбата е под контрола и ги отфрли обвинувањата од опозицијата за неажурност во справувањето со пожарите. – Не само што се …

Мицкоски: Имаме и докази и приведени за подметнување на пожарите Read More »

По 14 години, се гаси „Ал Џезира Балканс“ 


По четиринаесет години успешна работа на Балканот, регионалниот телевизиски проект „Ал Џезира Балканс“ се гаси, потврдено е за сараевскиот портал Klix.ba. Тоа е филијала на катарскиот медиумски концерн, кој работи со голем успех на Балканот, со седиште во Сараево од 2011 година. „Ал Џезира Балканс“ го покриваше регионалниот пазар со канцеларии во Белград, Загреб, Подгорица, …

По 14 години, се гаси „Ал Џезира Балканс“  Read More »