Ни куче не лае во „Македонско село“


Празно и жално зјае комплексот „Македонско село“ на скопско Водно, поточно спроти манастирот „Св. Пантелејмон“, кој беше отворен пред три години, но се затвори во октомври лани. Катанец на портите ги чува новите селски куќи од случајни намерници и ги спречува љубителите на старинскиот дух да прошетаат по камените улици на селото, да вдишат од …

Ни куче не лае во „Македонско село“ Read More »

Чавков од Шутка преместен во Идризово, па во Штип


Поранешниот директор на БЈБ и осуден за „крвавиот четврток“, Митко Чавков е преместен од затворот во Шутка, во затворот во Штип, потврди за ТВ 24 директорот на Управата за санкции, Јовица Стефановиќ. Тој вели дека Чавков од затворот во Шуто Оризари најпрво бил преместен во Идризово, по негово барање, но веднаш потоа, поради безбедносни причини, …

Чавков од Шутка преместен во Идризово, па во Штип Read More »

Ленард ќе потпише договор со Лос Анџелес Клиперс


Шампионот на НБА со тимот на Торонто, Каваи Ленард, кој е слободен агент, се подготвува да потпише договор со Лос Анџелес Клиперс, пренесе „ЕСПН“. Дваесет и осумгодишниот кошаркар минатото лето се пресели во Торонто од Сан Антонио и за втор пат беше избран за МВП во финалето. Пол Џорџ, исто така, ќе ја продолжи кариерата …

Ленард ќе потпише договор со Лос Анџелес Клиперс Read More »

М-НАВ: Авионот на „Туркиш ерлајнс“ по одлука на пилотот се вратил во Истанбул


Во врска со вчерашниот настан за воздухопловот на превозникот „Туркиш ерлајнс“ кој се движел на релација Истанбул – Скопје и во однос на кој медиумите информираа дека имал вкупно пет неуспешни обиди да слета на скопскиот аеродром, М-НАВ АД Скопје ја информира јавноста дека поради лошите временски услови над скопскиот аеродром односно поради појава на …

М-НАВ: Авионот на „Туркиш ерлајнс“ по одлука на пилотот се вратил во Истанбул Read More »

Црна Гора: Обвинителството проверува дали српска служба прислушкувала советник на Ѓукановиќ


Обвинителството во Подгорица проверува дали српска служба го снимала советникот на претседателот Мило Ѓукановиќ, Милан Роќен, објави „Побједа“ откако беше најавено вчера дека е формиран предмет по повод аудио снимките што беа објавени на порталот IN4S минатата недела. Обвинителството во Подгорица ги испитува снимките објавени од порталот во врска со интервјуата на Милан Роќен, кои, …

Црна Гора: Обвинителството проверува дали српска служба прислушкувала советник на Ѓукановиќ Read More »

Владата на САД сака да заплени околу 12 милијарди долари имот на Ел Чапо


Владата на САД има намера да заплени имот од 12,6 милијарди долари од мексикански дилер на дрога, Хоакин Гусман, попознат како Ел Чапо, и тоа е износот што неговиот картел го стекнал додека тој бил на чело. Обвинителот од суд во Бруклин изјави дека е овластен да бара одземање на имот и средства што се …

Владата на САД сака да заплени околу 12 милијарди долари имот на Ел Чапо Read More »

(Видео) Ѓоковиќ ја пееше „Македонско девојче“ и побара фотографии од Охрид


Светскиот тенисер број еден, Новак Ѓоковиќ во специјално видео обраќање до неговите фанови ја поздрави и Македонија. Популарниот Ноле преку својот Инстаграм профил исполнуваше желби на фановите, а во чест на Македонците ја запеа „Македонско девојче“, а потоа побара и да му се испратат фотографии од Охрид и преубавото Охридско езеро. Ѓоковиќ во моментов се …

(Видео) Ѓоковиќ ја пееше „Македонско девојче“ и побара фотографии од Охрид Read More »

(Видео) Отворен автопатот Миладиновци – Штип: Покрај него ќе се засадат 600.000 багреми


На денешното официјално отворање на автопатот Миладиновци – Штип, премиерот Зоран Заев најави дека покрај патот ќе се засадат 600.000 багреми. Премиерот Зоран Заев пред министрите Оливер Спасовски, Горан Сугарески, Трајан Димковски, пратеници од Собранието и амбасадорката на НР Кина го отвори свечено автопатот Штип – Миладиновци, кој веќе еден месец е во употреба, но …

(Видео) Отворен автопатот Миладиновци – Штип: Покрај него ќе се засадат 600.000 багреми Read More »

(Видео) „Аладин“ заработи речиси 900 милиони долари на бокс-офисот


„Дизни“ објави дека филмската адаптација „Аладин“ заработи 897 милиони долари на светскиот бокс-офис, од прикажувањето кон крајот на мај, што го прави еден од најуспешните филмови. Со тоа филмот стана дел од листата на „Дизни“ со филмови кои исто така оствариле одличен старт, како што се „Убавицата и Ѕверот“, „Книга од џунглата“, „Алиса во земјата …

(Видео) „Аладин“ заработи речиси 900 милиони долари на бокс-офисот Read More »

Дачиќ до Борисов: Не држи му лекции на Борел


Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, му порача на бугарскиот премиер Бојко Борисов да го почитува ставот на ЕУ за независноста на Косово и да не му „држи лекции” на новоизбраниот шеф на европската дипломатија, Жозеп Борел. Реагирајќи на изјавата на Борисов дека шпанскиот дипломат треба да ги застапува интересите на ЕУ за независноста …

Дачиќ до Борисов: Не држи му лекции на Борел Read More »

За да не се фрла лебот, ќе прават тостови


Најголемиот британски синџир супермаркети „Теско“ ќе се обиде да го намали хрлањето храна такашто непродадените векни леб од своите пекарници ќе ги претвора во нови производи. Вишокот леб е еден од најголемите проблеми во малопродажбата на храна, според државната британска советодавна служба Врап, особено кога во прашање се свежо печените пецива со краток век на …

За да не се фрла лебот, ќе прават тостови Read More »

Тешка сообраќајка на патот Битола-Прилеп, повредено едно лице


Вчера во 15 часот било пријавено дека на патот Битола-Прилеп пред Кукуречанска крстосница, се случила сообраќајна незгода. Имено незгодата се случила помеѓу товарно моторно возило Фургон „Цитроен Џампер“ со велешки регистарски ознаки управувано од И.Л.(37) од Богданци и влекач со седло „Даф“ со приколка со охридски регистарски ознаки управувано од Л.А.(59) од Охрид. Според пријавеното …

Тешка сообраќајка на патот Битола-Прилеп, повредено едно лице Read More »

Жена почина во несреќа со трактор во Кривопаланечко


  Седумдесет и четиригодишна жена од кривопаланечко загина во несреќа со трактор. МВР соопшти дека жената била сопатник во тракторот со приколка кој го управувало лице со иницијали М.Ц. Тракторот се превртел, а приколоката ја поклопила жената и таа починала на местото на настанот, додека возачот се здобил со повреди и бил пренесен во Здравствениот …

Жена почина во несреќа со трактор во Кривопаланечко Read More »

Нормализиран железничкиот сообраќај на Коридорот 10


Железничкиот сообраќај на Коридорот 10 на релација Скопје – Куманово (Табановци) во двете насоки е нормализиран, информираат од ЈП за железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија. -Екипите на ЈП за железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија по остранувањето на вагоните беа максимално мобилизирани и работеа до утринските часови со што во целост ја санираа …

Нормализиран железничкиот сообраќај на Коридорот 10 Read More »

Почнува Тур де Франс


  Тур де Франс, најпрестижната велосипедска трка на светот, почнува во сабота со бриселската етапа во должина од 194,5 километри. Ова е 106. издание на трката низ Франција, која оваа година почнува од Белгија каде велосипедистите ќе возат три дена. По долга низа години на трката нема да го видиме четирикратниот шамниот Крис Фрум, кој …

Почнува Тур де Франс Read More »

Грк почина на „Егзит“, се сомневаат на наркотици


Државјанин на Грција почина синоќа откако му се слошило на фестивалот „Егзит“ во Нови Сад, Србија, пренесоа белградските медиуми. Според соопштението на организаторите на фестивалот, обезбедувањето забележало дека на еден посетител му се слошило на Горниот град на Петроварадинската тврдина, по што му е пружена медицинска помош. Организаторите наведоа дека се сомневаат оти смртта настапила …

Грк почина на „Егзит“, се сомневаат на наркотици Read More »

М-НАВ: Безбедноста на воздушната пловидба е на највисоко ниво


Безбедноста на воздушната пловидба во однос на активностите кои М-НАВ ги врши е на највисоко ниво. М-НАВ АД Скопје ги следи пропишаните процедури во врска со сите настани и тие по соодветно испитување од страна на внатрешните служби и норешните комисии, ги имплементира, се наведува во соопштението од Надзорниот и Управниот одбор на М-НАВ АД Скопје …

М-НАВ: Безбедноста на воздушната пловидба е на највисоко ниво Read More »

Порталот Охридпрес постави УНЕСКО Бројчаник


„Како едно колективно потсетување за сите до каде е реално дојдена работата со заштитата на Охридскиот регион, од денес ќе знаеме уште точно колку време остана до 1-ви февруари 2020 година“, соопштија од порталот Охридпрес кои на својата интернет страница поставија „УНЕСКО Бројчаник“ кој го одбројува времето до кога македонските власти треба да ги спроведат …

Порталот Охридпрес постави УНЕСКО Бројчаник Read More »

Централен митинг на Сириза во Атина


Последниот ден од предизборната кампања, само неколку часа пред молкот, грчкиот премиер и претседател на Сириза, Алексис Ципрас, исто како и во пресрет на европските избори одржа митинг во центарот на Атина. Лидерот на владејачката партија на неколку пати во неговите интервјуа за грчките медиуми порача дека „во натпреварот е можен пресврт“, односно дека СИРИЗА …

Централен митинг на Сириза во Атина Read More »

Премиерот Заев од Познањ се враќа со 43 милионски грант и политички охрабрувања


Премиерот Зоран Заев на вчерашниот Самит за Западен Балкан кој се одржи во Познањ во рамките на Берлинскиот процес, порача дека се враќа со поголеми гаранции во однос на добивањето датум за преговори, како и со грант од 43 милиони за три значајни инфраструктурни проекти. Заев, кој вчера оствари билатерална средба со францускиот премиер, Едуар …

Премиерот Заев од Познањ се враќа со 43 милионски грант и политички охрабрувања Read More »