Тешка сообраќајка на патот Битола-Прилеп, повредено едно лице


Фото: Б. Грданоски

Вчера во 15 часот било пријавено дека на патот Битола-Прилеп пред Кукуречанска крстосница, се случила сообраќајна незгода.

Имено незгодата се случила помеѓу товарно моторно возило Фургон „Цитроен Џампер“ со велешки регистарски ознаки управувано од И.Л.(37) од Богданци и влекач со седло „Даф“ со приколка со охридски регистарски ознаки управувано од Л.А.(59) од Охрид.

Според пријавеното во незгодата И.Л. се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Битола и се работи на целосно расчистување на случајот.