Почнува Тур де Франс


 

Тур де Франс, најпрестижната велосипедска трка на светот, почнува во сабота со бриселската етапа во должина од 194,5 километри.

Ова е 106. издание на трката низ Франција, која оваа година почнува од Белгија каде велосипедистите ќе возат три дена.

По долга низа години на трката нема да го видиме четирикратниот шамниот Крис Фрум, кој дожевеа тешка повреда во јуни и се очекува да паузра неколку месеци.

Британецот нема да вози за тимот Инеос, но тука ќе биде актуелниот шампион Герант Томас, кој во 2018 година триумфираше пред Том Думулан и споменатиот Фрум.

Томас ја брани жолтата маичка и ќе му биде многу тешко да ја одбрани, затоа што бројни кандидати претендираат победа во генералниот пласман. Тука се Наиро Кинтана, Роман Барде, Тибо Пино, Ричи Порт, Ригоберто Уран, браќата Уран, браќата Јејтс, Стивен Круијсвик…

Борбата за жолтата маичка може да биде поотворена отколку во претходните години бидејќи го нема Фрум и тоа ги радува љубителите на велосипедизмот.

Кога станува збор за етапите, класичните спринтери нема да имаат многу простор затоа што речиси секоја етапа има планински премини и нема да им биде лесно да ги поминат.

Втората етапа може да биде од големо значење за понатамошниот тек на трката, затоа што се вози тимски хронометар и фаворитите кои немаат силни екипи може да изгубат доста време.

На тринаесеттата етапа се вози индивидуален хронометар во должина од 27 километри, а веднаш потоа следуваат тешки етапи во Пиринеите. Како и секоја година Тур де Франс ќе помине низ Алпите и Пиринеите, на кои фаворитите ќе се борат за што подобри времиња.

Од спринтерите во франција дојдоа Петер Саган, Марк Кевендиш, Сони Колбрели, Андре Грајпел, Николо Бонифицио, Калеб Јуан, Александар Кристоф, Мајкл Метјус и други, кои ќе се борат за зелената маичка.

Од младите натпреварувачи внимание треба да се обрне на Еган Бернал и Давид Году. Нема сомнеж дека не очекува едно од највозбудливите изданија на трката во последните десет години.