За да не се фрла лебот, ќе прават тостови


Најголемиот британски синџир супермаркети „Теско“ ќе се обиде да го намали хрлањето храна такашто непродадените векни леб од своите пекарници ќе ги претвора во нови производи.

Вишокот леб е еден од најголемите проблеми во малопродажбата на храна, според државната британска советодавна служба Врап, особено кога во прашање се свежо печените пецива со краток век на траење.

Најновите податоци на Врап покажуваат дека вишоците леб од пекарниците претставуваат речиси третина од 67.500 тони вкупно фрлена храна во Велика Британија, пишува Гардијан.

Лебот е втора храна на листата производи што се фрлаат во домовите, со проценети околу милион лебови фрлени дневно.

Исто така, тоа е најчесто фрланиот производ во кој и да е стадиум на синџирот на набавки.

„Теско“ вели дека свежиот багет и кифли, иако се најпопуларните пецива во Британија, најчесто се тие оние производи кои остануваат на полиците во продавниците.

Малопродажниот синџир соопшти дека одлучил да ги искористи непродадените производи за правење тост со маслинки и пудинг од леб кои од следната недела ќе се продаваат во 24 продавници.

Компанијата проценува дека на тој начин ќе ја преполови количината леб што се фрла од нивните продавници.

Засега „Теско“ го продава бајатиот леб по пониски цени, а дел се донира.

Она што сепак ќе остане се дава на животни.