Културните работници утре протестираат со опера пред Влада


Синдикатот на културата (СКРМ) ќе одржи протестен марш во вторник со цел, како што велат да го изразат нивното незадоволство и разочарување од згазените социјални права на вработените во културата поради отсуството на општ колективен договор веќе 15 години. Протестот има за цел да ги алармира Владата и Министерството за култура дека вработените во културата …

Културните работници утре протестираат со опера пред Влада Read More »

Вучиќ со Путин во Москва до крајот на годината


Српскиот претседател Александар Вучиќ имаше денеска телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин на кој е договорено „двајцата претседатели до крајот на годината да се состанат во Москва, за да разменат ставови за најважните ставови, а особено за Косово.“ Како што јави дописникот на МИА од Белград, Путин во разговорот му порачал на Вучиќ дека …

Вучиќ со Путин во Москва до крајот на годината Read More »

Словенија, по банкротот на Адриа Ервејс, преговара за нов национален авиопревозник


Словенечката Влада преговара со германската компанија „Луфтханза“ и операторот на Франкфуртскиот аеродром „Фрапорт“ за продажба на одредени авио-рути на словенечката компанија „Адриа ервејс“, која прогласи банкрот на крајот на септември. Словенечкиот министер за економски развој и технологија Здравко Почивашек рече дека половина од рутите може да се доделат на Луфтханза и дека моментално се преговара …

Словенија, по банкротот на Адриа Ервејс, преговара за нов национален авиопревозник Read More »

Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ бара да биде вклучена во преговорите за Изборниот законик


Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија бара да биде вклучена во преговорите за најавените промени на Изборниот законик. Во денешното соопштение тие наведуваат дека ќе се залагаат за намалување на бројот на пратеници, за застапеност на лицата со посебни потреби на листите, за рамноправна застапеност на мажите и жените и да …

Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ бара да биде вклучена во преговорите за Изборниот законик Read More »

Тројца научници добитници на Нобеловата награда за медицина


Тројца научници кои откриле како клетките се чувствуваат и се прилагодуваат на нивото на кислород, ја добија овогодишната Нобеловата награда за физиологија или медицина. Клетките на човековото тело користат кислород за да ја претворат храната во корисна енергија. Триото – Вилијам Каелин, Сер Питер Ратклиф и Грег Семенза – откриле како клетките се прилагодуваат кога …

Тројца научници добитници на Нобеловата награда за медицина Read More »

За образованието да се одвојат пет проценти од БДП, бара Стопанската комора на Македонија


Стопанската комора на Македонија бара да се зголемат средствата од Буџетот за финансирање на образованието од сегашните 3,7 проценти од БДП на 5 проценти од БДП. Со повеќе средства за финансирање на образованието ќе се одвојуваат повеќе пари по ученик, ќе се инвестира повеќе во условите за подобрување на образовниот процес и ќе се зголемат …

За образованието да се одвојат пет проценти од БДП, бара Стопанската комора на Македонија Read More »

Во наредните денови претежно стабилно време со постепен пораст на дневната температура


Времето утре ќе биде променливо облачно и свежо, а во утрински часови со локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 18 степени. Во Скопје ќе има слично време со температура од седум до 18 степени. Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи …

Во наредните денови претежно стабилно време со постепен пораст на дневната температура Read More »

Курц доби мандат за формирање влада во Австрија


Австрискиот претседател Александар ван дер Белен денеска му го даде мандатот за формирање нова влада на Себастијан Курц, лидер на Народната партија на Австрија (ОВП), која победи на предвремените избори. – Во разговорите, добив впечаток дека ОВП може да формира влада која ќе има мнозинска поддршка во собранието и затоа ви давам мандат да формирате …

Курц доби мандат за формирање влада во Австрија Read More »

За Шаленберг Скопје и Тирана треба да добијат датум, за Димитров две е подобро од една, но една е подобро од нула


Австриската позиција е јасна – Северна Македонија и Албанија треба да добијат датум за почеток на преговори на претстојниот Европски совет, следната недела, а во интерес на Скопје е Тирана да почне преговори – тоа е добро за земјава, за соседната држава, регионот, но и целокупната геополитичка состојба. Овие ставови денеска ги изнесоа шефовите на …

За Шаленберг Скопје и Тирана треба да добијат датум, за Димитров две е подобро од една, но една е подобро од нула Read More »

Денови на 30-годишнината од „Кадифената револуција“


Оваа година Република Чешка слави 30 години од „Кадифената револуција“ во Чехословачка. По тој повод амбасадата на Република Чешка во Скопје организира серија од настани поврзани со прославата и секако во фокус на овие настани е токму темата на кадифената револуција. Вистински фотографии кои го имаат документирано историскиот настан ќе може да ги погледнеме на …

Денови на 30-годишнината од „Кадифената револуција“ Read More »

Димитров: Одлуката на ЕУ за земјава е наше рандеву со историјата


Пораката што наредната недела ЕУ ќе ја испрати до Македонија е порака и за регионот. Доколку се она што го направи земјава од решавањето на прашањата со соседите, реформите и целокупната позитивна промена во општеството, не биде препознаено и наградено со позитивна одлука за почеток на преговорите со Унијата, Европа ќе испрати порака дека не …

Димитров: Одлуката на ЕУ за земјава е наше рандеву со историјата Read More »

Каменеи: Непријателите сеат раздор помеѓу Иран и Ирак


Иранскиот врховен лидер Али Каменеи ги обвини „непријателите“ дека се обидуваат да внесат раздор помеѓу Иран и соседниот Ирак. Во двете држави во текот на изминатата недела имаше протести за време на кои загинаа повеќе од 100 луѓе, а повеќе од 6.000 се повредени. – Иран и Ирак се две нации чие срце и душа …

Каменеи: Непријателите сеат раздор помеѓу Иран и Ирак Read More »

Ердоган потврди дека американските трупи се повлекуваат од северниот дел на Сиријa


Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган потврди дека американските трупи почнале да се повлекуваат од северниот дел од Сирија, само неколку часа откако повлекувањето го најави Белата куќа. Турција со месеци се заканува дека ќе почне воена операција за протерување на курдските борци од пограничниот регион источно од реката Еуфрат. Ердоган не даде детали за …

Ердоган потврди дека американските трупи се повлекуваат од северниот дел на Сиријa Read More »

Прифатено обвинението за убиство на струмичанецот чие тело беше пронајдено во браната „Турија“ кај Струмица


Кривичниот совет при Основниот суд во Струмица го прифати обвинението за извршено убиство против 54-годишниот М.В. од село Добрејци. Обвинителството го товари дека на 7 мај годинава на свиреп и подмолен начин го лишил од живот Ристо Иљашев, а потоа се обидел да го прикрие убиството со тоа што неговото тело го затворил во буре …

Прифатено обвинението за убиство на струмичанецот чие тело беше пронајдено во браната „Турија“ кај Струмица Read More »

Поднесено обвинение против лицето кое пукаше од полуавтоматско и автоматско оружје во скопско Бојане


Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице, кое на 14 септември во скопското село Бојане со истрели од огнено оружје – автоматска пушка и полуавтоматски пиштол што ги поседувал без дозвола, предизвикал значителна опасност за животот на неколку лица кои во тој момент се наоѓале во близина на селскиот бунар. Обвинителството го …

Поднесено обвинение против лицето кое пукаше од полуавтоматско и автоматско оружје во скопско Бојане Read More »

Излетал со автомобилот од пат, повредени тој и сопатниците


Во неделата, околу 23.50 часот на патот Куманово – Крива Паланка, М.Р.(22) од Куманово, кој управувал патничко возило „пежо“, со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобиле М.Р. и сопатниците А.С.(22) и А.Д.(23), сите од Куманово, и биле пренесени во болницата во Куманово за укажување …

Излетал со автомобилот од пат, повредени тој и сопатниците Read More »

Настрада мотоциклист во Кавадарци


Во неделата, во 15 часот на ул. „7-ми Септември“ во Кавадарци се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило марка „опел корса“, со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од А.К.(28) и мотоцикл, управуван од Љ.П.(24) од Кавадарци. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот и бил пренесен во Општата болница Кавадарци. Увид на местото извршила …

Настрада мотоциклист во Кавадарци Read More »

Условите за инвестирање во Северна Македонија препознаени како особено поволни во Чешка


Вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, министерката за странски инвестиции Зорица Апостолска, министерот задолжен за унапредување на правната регулатива за домашни компании Хисен Џемаили и директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони Александар Младеновски ја започнаа работната посета на Брно, Чешка, каде овие денови се одржува најголемиот Инженерски саем во Централна Европа. Пред …

Условите за инвестирање во Северна Македонија препознаени како особено поволни во Чешка Read More »

Американците почнаа да се повлекуваат од североисточна Сирија


Американските сили почнаа да се повлекуваат од реоните во Сирија близу границата со Турција, јавија американски медиуми. Тоа се случува откако Белата куќа соопшти дека силите на САД во североисточна Сирија ќе се повлечат и ќе го расчистат теренот пред очекуваната турска офанзива. Локалните медиумите коментираат дека тоа значи оти тие ги оставаат курдските сили …

Американците почнаа да се повлекуваат од североисточна Сирија Read More »

Пет лица загинаа во пожар во зграда во Москва


Пет лица, меѓу кои четири деца, загинаа во понеделникот во пожар кој изби во една станбена зграда во московската област Волоколамска. Во пожарот што изби на првиот кат, три лица се повредени, речено е за агенцијата Тас во регионалното министерство за вонредни ситуации. Загинати се 30-годишна жена и нејзиното тригодишно дете додека се обидувале да …

Пет лица загинаа во пожар во зграда во Москва Read More »