Денови на 30-годишнината од „Кадифената револуција“


Оваа година Република Чешка слави 30 години од „Кадифената револуција“ во Чехословачка. По тој повод амбасадата на Република Чешка во Скопје организира серија од настани поврзани со прославата и секако во фокус на овие настани е токму темата на кадифената револуција.

Вистински фотографии кои го имаат документирано историскиот настан ќе може да ги погледнеме на изложбата организирана од страна на амбасадата на Република Чешка во Скопје. Изложба на фотографии „1989 низ очите на фотографот“ серија од фотографии направени за време на големите протести. Таканаречената „кадифена револуција“ во Чехословачка ја поттикнаа студентите. Со протестите на 17 ноември 1989 во главниот град Прага тие го привлекоа вниманието на светската јавност.

Инспирација се исто така и филмовите посветени на овој период: „Граѓанинот Хавел“ во режија на Мирослав Јанек и Павел Коутецки, „Чад“ во режија на Томаш Ворел, „Животот според Вацлав Хавел“ во режија на Андреа Седлачкова, „Времето на слугите“ во режија на Ирена Павласкова – циклус на чешки филмови кои ќе бидат прикажани на Фестивалот на Европскиот филм „CINEDAYS“.

Вацлав Хавел – симбол на пресвртот, една од неговите најпознати театарски претстави „Аудиенција“ напишана во 1975, ќе биде на репертоарот на МНТ (Македонскиот народен театар) во чест на прославата 30 години од „Кадифената револуција“ во Чехословачка.

Исто така, во Скопје доаѓа најпознатиот современ чешки писател Михал Вивег во Скопје, кој ќе учествува на Европскиот фестивал за литература 2019 (BookStar Festival of literature of Europe 2019). Во соработка со издавачката куќа „Антолог“ која е организатор на Европскиот фестивал за литература 2019 ќе се организира дебата со чешкиот писател Михал Вивеги истовремено ќе има и промоција на една од неговите најпознати и најпродавани книги „Воспитување девојки во Чешка“ според која беше исто така снимен и филм во 1997 година.

Во рамки на Меѓународниот филмски фестивал на духовни и хумани човекови вредности „Богородичен покров“ ќе има проекција на два чешки документарни филма “Црвена“ од режисерката Олга Сомерова и „Мојот век“ од режисерката Теодора Ремундова.