Излетал со автомобилот од пат, повредени тој и сопатниците


Во неделата, околу 23.50 часот на патот Куманово – Крива Паланка, М.Р.(22) од Куманово, кој управувал патничко возило „пежо“, со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобиле М.Р. и сопатниците А.С.(22) и А.Д.(23), сите од Куманово, и биле пренесени во болницата во Куманово за укажување лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.