Настрада мотоциклист во Кавадарци


Во неделата, во 15 часот на ул. „7-ми Септември“ во Кавадарци се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило марка „опел корса“, со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од А.К.(28) и мотоцикл, управуван од Љ.П.(24) од Кавадарци.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот и бил пренесен во Општата болница Кавадарци. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кавадарци.