Прогресивниот данок одложен до 2023 година


Мерките од пакетот за прогресивно оданочување се замрзнуваат во следните три години, односно нивната примена се прологира до 1 јануари 2023 година. Ваквата одлука на Владата следи по направените анализи за ефектите од реформата, чие прологирање не очекуваат да се одрази на социјалната реформа. Министерката за финансии Нина Ангеловска на прес-конференција во Владата објави дека …

Прогресивниот данок одложен до 2023 година Read More »

„Рекет“ даден на оценка, се чека закажување рочиште


Случајот „Рекет“ е даден на оценување, се чекаат да истечат роковите за да се закаже рочиште за оценка на обвинителниот акт, изјави денеска претседателот на Кривичен суд, Иван Џолев. За „Рекет“ првоосомничен е Бојан Јовановки за примање награда за противзаконско влијание, за перење парти и за други приноси од казниво дело. Второ осомничен за трговија …

„Рекет“ даден на оценка, се чека закажување рочиште Read More »

Меркел критикувана поради намаленото присуство во медиумите


Германската канцеларка Ангела Меркел се почесто е критикувана поради нејзиното намалено присуство во медиумите, потврдуваат статистички податоци. Според германските медиуми, канцеларката минатата година значително помалку излегуваше пред новинарите. Берлински „Тагешпигел“, повикувајќи се на статистички податоци од информативната служба на канцеларката, пишува дека таа минатата година дала 22 интервјуа за германските медиуми. Во споредба со претходните …

Меркел критикувана поради намаленото присуство во медиумите Read More »

ДКСК иницира кривична постапка против Мерко за набавка на луксузно возило


Државната комисија за спречување на корупција денеска иницираше поведување постапка за кривично гонење пред недлежното Јавно обвинителство за градоначалникот на Општина Струга, Рамиз Мерко, поради извршување на функцијата спротивно на начелата на законитост и интегритет и на јавниот интерес и интересот на општината, потврдено се наводите на извршената ревизија. Имено, ДКСК оформила предмет за Мерко …

ДКСК иницира кривична постапка против Мерко за набавка на луксузно возило Read More »

Џолев: Потребен е ветинг во судството


Претседателот на Основниот кривичен суд Скопје Иван Џолев смета дека е потребен ветинг во судството за да се отстранат сите сомнежи за чесноста на судиите. – На ветингот гледам позитивно и немам никаков проблем со тоа. Сметам дека е потребно да се направи ветинг и во судството, со цел да се отстранат сите сомнежи по …

Џолев: Потребен е ветинг во судството Read More »

Инспектори и полиција во лов на загадувачи


Тимови составени од претставници на државните инспекторати заедно со општинските инспектори, придружувани од еден полициски службеник од денеска секојдневно заедно ќе патролираат насекаде низ земјава со цел да се подобрат состојбите во областа на загадувањето на амбиенталниот воздух и животната средина и да се спречи загадувањето. Тоа, како интервентна краткорочна мерка, е одлучено да се …

Инспектори и полиција во лов на загадувачи Read More »

Џолев: Четири високопрофилни предмети почнаа од почеток, вината не е кај судиите


Во Кривичниот суд во моментов има 24 високопрофилни предмети, во рок од две години од почетокот на 2018 до ноември 2019 година завршени се десет, а започнувањето на предмети од почеток се случило кај четири случаи. Ова денеска го истакна претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев, кој пред новинарите сакаше да ги појасни, како што …

Џолев: Четири високопрофилни предмети почнаа од почеток, вината не е кај судиите Read More »

Георгиевски: Спроведени повеќе од 100 проекти, акцент ставаме на животната средина


Пред две години кога ја презедов функцијата градоначалник на Гази Баба наследив општина со многу проблеми кои со години се провлекувале, општина со долг над 2,5 милиони евра и населени места без вода за пиење и канализациска мрежа. Општина Гази Баба веќе две години оди кон подобро, а проектите што сме ги реализирале досега тоа …

Георгиевски: Спроведени повеќе од 100 проекти, акцент ставаме на животната средина Read More »

Малолетник во Велес тешко повреден кога врз него паднала метална статива


Малолетник од Велес е тешко повреден откако врз него паднала метална статива на ракометното игралиште во велешкиот Градски парк. Од велешката полиција информираат дека кај нив вчера во 16.25 часот било пријавено дека во итната медицинска помош во Велес со тешки телесни повреди бил донесен 12-годишниот  Л.Н., на кого на едната рака му паднала стативата …

Малолетник во Велес тешко повреден кога врз него паднала метална статива Read More »

Време за балканско рестартирање


ФЛОРИЈАН БИБЕР „Non“ на францускиот претседател Емануел Макрон за Албанија и Северна Македонија ја уби клучната стратегија на ЕУ за трансформација на регионот. Не само што членството во Европската Унија стана пооддалечено за двете балкански нации туку ги задуши и надежите на другите во регионот. Но тоа не мора да е лоша работа. Како што …

Време за балканско рестартирање Read More »

Османи: Усогласувањето во ЕУ не смее да ги загрози реформите во земјава


Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска учествуваше на Македонско-германски форум со наслов „Стратешко партнерство или ново проширување?“ во организација на Фондацијата Конрад Аденауер. – Како Влада и администрација имаме соодветен капацитет и долгогодишно акумулирано искуство за во наредниот период да се фокусираме на длабинска анализа на актите кои ни беа презентирани за време …

Османи: Усогласувањето во ЕУ не смее да ги загрози реформите во земјава Read More »

Нов закон за легализација следната недела во владина процедура


Во владина процедура следната недела треба да се најде нацрт верзијата на новиот закон за легализација на дивоградби, на кој работеше изминатиот период работна група од Министерството за транспорт и врски и од Заедницата на единиците на локалната самоуправа ЗЕЛС, најави денеска ресорниот министер Горан Сугарески, одговарајќи на новинарско прашање при посетата на Општина Ѓорче …

Нов закон за легализација следната недела во владина процедура Read More »

ЗНМ: Правосудните органи да ги процесираат нападите врз новинарите во најбрз можен рок


Новинарите не треба и не смеат да бидат напаѓани поради нивната професија. Правосудните органи мора да ги процесираат нападите во најбрз можен рок, со цел да се заштити демократијата во земјава, затоа што неказнивоста неминовно води во самоцензура, ограничува простор за слободни медиуми и ја прави професијата неатрактивна. Ова денеска го порача Младен Чадиковски, претседателот …

ЗНМ: Правосудните органи да ги процесираат нападите врз новинарите во најбрз можен рок Read More »

Серијата „Преспав“ ќе се емитува во Бугарија


По три сезони емитувани пред македонската публика, серијата „Преспав“ ќе се прикажува и на бугарската национална телевизија БТВ. – „Преспав“ е првиот ТВ хит од Македонија што ќе се емитува пред бројната бугарска публика. Навистина сум горд на овој успех и особено сум им благодарен на сите професионалци вклучени во реализацијата, како и на поддршката …

Серијата „Преспав“ ќе се емитува во Бугарија Read More »

Пред Самитот во Лондон ќе биде познато кој ќе биде амбасадор во НАТО


За избор на амбасадор во НАТО во тек се разговори и консултации меѓу  Министерството за надворешни работи, Кабинетот на претседателот и Владата. Според процедурата прво треба да помине на седница на Влада, а потоа се испраќа како предлог  до претседателот на државата, информираше денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска негирајќи дека е утврдено дека  за …

Пред Самитот во Лондон ќе биде познато кој ќе биде амбасадор во НАТО Read More »

Донација од САД за АБХО четата на нашата Армија


Преку 1.500 парчиња заштитна опрема и околу 1.200 чифта чизми, ракавици и чорапи, наменети за Четата за заштита од атомско, хемиско и биолошко оружје (АБХО) при Армијата, денеска беа претставени во касарната „Ѓорче Петров“ во Скопје, како донација од САД. Министерката за одбрана Радмила Шекеринска рече дека новата опрема за АБХО предвидува зајакнување на нашите …

Донација од САД за АБХО четата на нашата Армија Read More »

Шекеринска за повикот војската да помогне против загадувањето: Треба вонредност


Според нашето уредување, акциите на војската мора да го почитуваат Уставот. Ако пуштите Армија на улица, тоа според Уставот е прогласување  на одреден тип на вонредност, но Армијата е на располагање во поглед на дел од опремата која што се користи, информираше денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска  во врска со повикот на невладините организации …

Шекеринска за повикот војската да помогне против загадувањето: Треба вонредност Read More »

Коце Трајановски: Скопје никогаш не бил повалкан град


Поранешниот градоначалник на Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски, по две години од доаѓањето на Петре Шилегов на чело на Градот, молчеше, а денеска проговори затоа што сметал дека на секој човек кој што доаѓа на нова функција треба да му се даде време да се види како ја извршува функцијата и кои се …

Коце Трајановски: Скопје никогаш не бил повалкан град Read More »

Варвициотис: Добар или лош, Договорот од Преспа е тој, времето не се враќа назад


На начинот на кој францускиот претседател Емануел Макрон политички управуваше со прашањето на Европскиот совет, во суштина се најде наспроти нашите национални интереси, изјави алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Милтиадис Варвициотис во интервју за емисијата „Брејнсторминг“ на грчката телевизија „Aкцион 24“. – Господинот Макрон го блокираше процесот на проширување, господинот Макрон не се …

Варвициотис: Добар или лош, Договорот од Преспа е тој, времето не се враќа назад Read More »

Едно лице обвинето за убиството на Бурим Идризи на улицата „Џон Кенеди“


Скопското Јавно обвинителство до Основниот кривичен суд Скопје достави обвинителен акт против едно лице за убиството на Бурим Идризи на улицата „Џон Кенеди“ во декември 2017 година. – Обвинетиот на 20 декември 2017 година на автобуска постојка на улицата „Џон Кенеди“ во Скопје, наспроти училиштето „Цветан Димов“, со умисла го лишил од живот лицето Бурим …

Едно лице обвинето за убиството на Бурим Идризи на улицата „Џон Кенеди“ Read More »