Фатени двајца кубански мигранти на граница


Во средата, во 19.45 часот кај манастирот „Св. Илија“ во реонот на Граничен премин „Меџитлија“, во близина на граничната линија помеѓу Р.С.Македонија и Р.Грција, од слобода биле лишени П.Р.Е.(44) и Р.Т.Л.М.(33), двајцата од Куба, поради тоа што биле затекнати при обид незаконски да ја преминат државната граница. Тие биле приведени и предадени на полициски службеници …

Фатени двајца кубански мигранти на граница Read More »

Николовски ќе биде шеф на изборниот штаб на СДСМ, Шекеринска задолжена за програмата


Централниот одбор на СДСМ, на синоќешната седница, на предлог на претседателот Зоран Заев едногласно го избра Љупчо Николовски за шеф на изборниот штаб на СДСМ. Централниот одбор ја задолжи заменик-претседателката на партијата Радмила Шекеринска да ги координира активностите за новата изборна програма на партијата, за изборите на 12 април. Притоа е оценето дека клучните столбови …

Николовски ќе биде шеф на изборниот штаб на СДСМ, Шекеринска задолжена за програмата Read More »

Американски воен авион исфрли симулациска ракета над Јапонија


Воен авион на ВВС на САД, Ф-16 исфрли симулациски проектил додека траеше вежбовен лет над јапонската префектура Аомори. За инцидентот информираше американската Команда во Јапонија. Пентагон денеска соопшти дека врши истрага за инцидентот.  Ракетата паднала во реон на селото Рокас. Тоа е неколку километри од определената зона за летови. Нема информации за жртви или штети. …

Американски воен авион исфрли симулациска ракета над Јапонија Read More »

Одржана првата средба на Пријателите на Северна Македонија во Европарламентот


Во Европскиот Парламент вчера попладне се одржа првата средба на неформалната група „Пријателите на Северна Македонија“, на иницијатива на словенечката европратеничка, Ирена Јовева, од редовите на Либералите. – Со оваа група на пријателство сакаме да ги промовираме и негуваме односите помеѓу Европската Унија и Северна Македонија. Неодамнешната одлука на блокирачкото малцинство во Советот не треба …

Одржана првата средба на Пријателите на Северна Македонија во Европарламентот Read More »

Во Скопје изминатото деноноќие 11 сообраќајки, четворица повредени


Четири лица биле полесно повредени во четири од вкупно 11  сообраќајни незгоди што вчера се случиле на подрачјето на СВР Скопје. Во седум сообраќајки била причинета материјална штета. Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција санкционирала 12 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, а од сообраќај исклучила 10 возачи кои возеле …

Во Скопје изминатото деноноќие 11 сообраќајки, четворица повредени Read More »

ЕБОР: Економскиот раст оваа и наредната година 3,2 отсто


Европската банка за обнова и развој ги ревидира проекциите за растот на македонската економија за оваа и за наредната година на 3,2 отсто, наместо претходно очекуваните три проценти. ЕБОР во ноемврискиот извештај за економските перспективи на регионите што ги покрива, наведува дека македонската економија продолжи да се опоравува по решавањето на политичката криза во 2017 …

ЕБОР: Економскиот раст оваа и наредната година 3,2 отсто Read More »

Почна дводневниот штрајк во Луфтханза, погодени 180.000 патници


Дводневниот штрајк на германскиот кабински персонал што „Луфтханза“ го најави во текот на вчерашниот ден со откажување 1.300 летови, денеска ќе опфати 700 летови, а утре 600. Авиокомпанијата посочува дека од штрајкот ќе бидат погодени околу 180 илјади патници. Германскиот синдикат ги повика пилотите и стјуардесите од компанијата „Луфтханза“ денеска и утре да организираат штрајк, …

Почна дводневниот штрајк во Луфтханза, погодени 180.000 патници Read More »

Кина и САД заеднички разбија шверцерска група на фентанил, дрога 50 пати помоќна од хероинот


Кинескиот суд осуди девет лица, едно со одложена смртна казна, поради шверц со опиоиден аналгетик фентанил во Соединетите Американски Држави. – Американските и кинеските власти заеднички работеа за разбивање на шверцерската група која во САД шверцуваше фентанил и други опиоиди со помош на курири, изјави Ју Хаибин, висок службеник на кинеската Национална комисија за контрола …

Кина и САД заеднички разбија шверцерска група на фентанил, дрога 50 пати помоќна од хероинот Read More »

Калифорнија покренува истрага против „Фејсбук“


Калифорнија го истражува обелоденувањето на информациите за корисниците на Фејсбук на Кембриџ Аналитика и други партнери, открија властите во САД. Властите во Калифорнија бараат една од најголемите социјални мрежи да одговори на судската покана. Откривањето на истрагата е најновата лоша вест за Фејсбук, кои веќе се под истрага во 47 американски држави. Некои држави, особено …

Калифорнија покренува истрага против „Фејсбук“ Read More »

Премиерата на „Ефектот на среќа“ на Борјан Зафировски го отвора 18. „Синедејс“


Премиерата на македонскиот филм „Ефектот на среќа“ во режија на Борјан Зафировски, урбана драма за универзалната потрага по среќа и смислата на животот, вечер од 20 часот во кино „Милениум“ ќе го отвори 18. Фестивал на европски филм „Синедејс“. Филмот е приказна за Леа – млада девојка која се бори за своето здравје. Додека си …

Премиерата на „Ефектот на среќа“ на Борјан Зафировски го отвора 18. „Синедејс“ Read More »

Облачно со повремен дожд


Времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд поинтензивни во западните делови. Ќе дува слаб до умерен претежно југоисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од шест до 12 степени, а дневната температура од 12 до 22 степени. Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до …

Облачно со повремен дожд Read More »

Премиерот Заев на состанокот на Светскиот економски форум во Женева


Премиерот Зоран Заев денеска и утре ќе присуствува на состанокот на Светскиот економски форум во Женева на тема „Стратешки дијалог на Западен Балкан“. Како што најави владината Прес-служба, на состанокот во Женева најавено е присуство на лидерите од Западен Балкан и претставници од поширокиот регион, на претставници од Европската комисија, од други организации и од …

Премиерот Заев на состанокот на Светскиот економски форум во Женева Read More »

Судот во Хаг ќе работи до завршување на сите постапки


Петгодишниот мандат на специјалниот суд за злосторства на поранешната ОВК истекува на 30 јуни 2020 година, но портпаролот на судот Ангела Гриеп вели дека мандатот на Хашкиот трибунал ќе продолжи се додека не завршат сите постапки. „Законот предвидуваше и усвоен во Собранието на Косово дека мандатот на СВК и СТ ќе продолжи и по тие …

Судот во Хаг ќе работи до завршување на сите постапки Read More »

„Мал шенген“ се враќа на „голема врата“ во Охрид


На 9 ноември во Охрид ќе продолжат трилатералните средби меѓу властите на Македонија, Албанија и Србија за олеснување на протокот на стоки, услуги, капитал и луѓе. Датумот за одржување на втората средба, во рамки на иницијативата за воспоставување т.н. „мал шенген“, го објави вчера српскиот претседател Александар Вучиќ. Тој соопшти дека телефонски разговарал со премиерите …

„Мал шенген“ се враќа на „голема врата“ во Охрид Read More »

Француските барања за преговорите подетално на следниот Советот за општи работи


Подеталните барања на Франција во врска со методологијата на преговарачкиот процес ќе бидат изнесени на состанокот на министрите за надворешни работи и Европа на земјите од ЕУ, кој ќе се одржи на 19 ноември во Брисел, а проширувањето на Унијата и формално ќе биде на дневен ред на средбата. Прашањето ќе се дискутира, но не …

Француските барања за преговорите подетално на следниот Советот за општи работи Read More »

Градоначалникот на Ѓер поднесе оставка поради снимка со оргии на јахта


Поранешниот олимписки шампион во гимнастика Золт Боркаи, кој освои втор мандат за градоначалник на унгарскиот град Ѓер, денеска соопшти дека поднесува оставка поради вмешаност во сексуален скандал, кој доведе и до намалување на поддршката на јавноста за владејачката партија Фидес, на неодамна одржаните локални избори. Боркаи ја напуштија партијата Фидес минатиот месец, со цел да …

Градоначалникот на Ѓер поднесе оставка поради снимка со оргии на јахта Read More »

Речиси 3.000.000 евра за деловен простор во седиштето на НАТО во Брисел


Владата на денешната седница ја отвори расправата за Предлог-буџетот за 2020 година. Како што соопшти владината прес-служба, министрите ги презентираа програмите што треба да се финансираат од буџетот за наредната година и донесоа одлука Предлог-буџетот за 2020 година, како и Предлог-законот за извршување на Буџетот за наредната година да бидат утврдени на наредна седница на …

Речиси 3.000.000 евра за деловен простор во седиштето на НАТО во Брисел Read More »

Во Парламентот на БиХ стигнал куршум од Белград


  Денесак во зградата на Парламентот на Босна и Херцеговина по пошта стигнало плико во кое имало куршум, дознава Klix.ba. Пликото, според првите информации, стигнало од главниот град на Србија, а куршумот бил спакуван во тупфер. Пратката е примена на пријавница на Заедничката служба на институциите на БиХ. Како адреса на примач наведен е парламентот …

Во Парламентот на БиХ стигнал куршум од Белград Read More »

„Луфтханза“ откажа 1.300 летови поради претстојниот дводневен штрајк


„Луфтханза“ соопшти денеска дека откажува 1.300 летови поради претстојниот дводневен штрајк на германскиот кабински персонал. Германскиот синдикат ги повика пилотите и стјуардесите од компанијата „Луфтханза“ утре и в петок да организира штрајк, барајќи повисоки плати и подобри работни услови. Планирано е штрајкот да почне вечерва во 23 часот и да заврши в петок во истото …

„Луфтханза“ откажа 1.300 летови поради претстојниот дводневен штрајк Read More »

Град Скопје најави блокирање на сметките на должниците за 2018 година


Град Скопје ги информира граѓаните дека во согласност со одредбите од Законот за даноците на имот за присилна наплата, ja почнa постапката за присилна наплата на неплатените обврски по основ на годишниот данок на имот и комунална такса за фирмарина за 2018 годинa. По доставување опомени, како што се наведува во соопштението, следуваше изготвување решенија …

Град Скопје најави блокирање на сметките на должниците за 2018 година Read More »