Фатени двајца кубански мигранти на граница


Во средата, во 19.45 часот кај манастирот „Св. Илија“ во реонот на Граничен премин „Меџитлија“, во близина на граничната линија помеѓу Р.С.Македонија и Р.Грција, од слобода биле лишени П.Р.Е.(44) и Р.Т.Л.М.(33), двајцата од Куба, поради тоа што биле затекнати при обид незаконски да ја преминат државната граница.

Тие биле приведени и предадени на полициски службеници од СВР Битола за понатамошна постапка.