Во Парламентот на БиХ стигнал куршум од Белград


 

Денесак во зградата на Парламентот на Босна и Херцеговина по пошта стигнало плико во кое имало куршум, дознава Klix.ba.

Пликото, според првите информации, стигнало од главниот град на Србија, а куршумот бил спакуван во тупфер.

Пратката е примена на пријавница на Заедничката служба на институциите на БиХ.

Како адреса на примач наведен е парламентот на БиХ, но не и точно во чии раце треба да стигне пликото.

Полицијата работи на расветлување на случајот и откривање на лицето што го пратило пликото со страшната порака.

Се дознава дека се работи за куршум со калибар 765.