Во Албанија до денеска вакцинирани 13.495 лица, утре пристигнува пратка од 15.000 вакцини од Фајзер


Албанското Министертво за здравство и социјална заштита информираше дека денеска вакцина против Ковид-19 примиле 1.028 лица, главно здравствени работници, како и постари лица од 80 години. Според Министертвото досега во земјата со имунизацијата се опфатени 13.495 лица од нив 500 и со втора доза од вакцината. Утре приситигнува пратка со 15.000 вакцини од компанијата Фајзер, …

Во Албанија до денеска вакцинирани 13.495 лица, утре пристигнува пратка од 15.000 вакцини од Фајзер Read More »

Хаос во Мјанмар, војската пукаше, загинаа 18 луѓе


Канцеларијата на Обединетите нации во Мјанмар соопшти дека најмалку 18 луѓе се убиени, а повеќе од 30 се повредени во неделата во Мајанмар во жестоки судири на полицијата и војската со демонстрантите против воениот пуч. Наведуваат дека добиле веродостојни информации дека смртта кај жртвите настапила како резултат на испалување муниција во групата демонстранти во Јангон, …

Хаос во Мјанмар, војската пукаше, загинаа 18 луѓе Read More »

Навални преместен во казнена колонија, на 200 км од Москва


Еден од главните критичари на Кремљ Алексеј Навални, пристигна во казнена колонија,  на 200 километри источно од Москва, каде што е префрлен на издржување на казната, соопшти денеска москвската Јавна комисија за надзор (ОНК). „Алексеј Навални пристигна во рускиот казнено-поправен дом во регионот Владимир каде ќе ја издржува казната“, се вели во соопштението на ОНК. …

Навални преместен во казнена колонија, на 200 км од Москва Read More »

Во пошта повторно може да се плаќаат сметки – утре стартува платниот промет


Генералниот директор на А.Д. „Пошта на Северна Македонија“, Јани Макрадули, заедно со членот на Управниот одбор на Халкбанк А.Д. Скопје, Буке Геречџи, на ден 01.03.2021 година, понеделник, во 11.30 часот ќе бидат во заедничка работна посета на пошта 1020 во Општина Карпош (на ул. Никола Русински бб). Со ова и официјално, ќе се означи повторното …

Во пошта повторно може да се плаќаат сметки – утре стартува платниот промет Read More »

Борел: ЕУ ќе одговори со мерки на насилството во Мјанмар


Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска ја повика воената хунта во Мјанмар да престане со насилството на протестите во таа земја, за време на кои денеска беа убиени најмалку 18 лица. Во објава на Твитер, Борел предупреди дека ЕУ ќе преземе мерки како одговор и истакна дека ЕУ …

Борел: ЕУ ќе одговори со мерки на насилството во Мјанмар Read More »

Хоџа: До 31 март ќе се пролонгира рокот за откуп на уште 1.500 тони ттутун, а наскоро ќе се знае кој ќе ги купи


Рокот за откуп на тутунот ќе се пролонгира до 31 март за да се докупат уште околу 1 500 тони што како вишок останаа, а набрзо ќе се знае кој ќе ги преземе количините. Ова им го рече минстерот за земјоделство Арјанит Хоџа на тутунарите на денешната средба во Прилеп, одржана на иницијатива на Сојузот …

Хоџа: До 31 март ќе се пролонгира рокот за откуп на уште 1.500 тони ттутун, а наскоро ќе се знае кој ќе ги купи Read More »

Повлечен авансот за кинеските вакцини, но договорот не е откажан


Министерството за здравство го повлекло авансот што беше уплатен за набавка на вакцини од кинескиот производител „Синофарм“, но договорот не е откажан. Од Министерството за здравство за МИА велат дека уплатата била повлечена на барање на кинеската страна поради усогласување на документацијата. – Авансната уплата која Министерството за здравство ја изврши за набавка на вакцината …

Повлечен авансот за кинеските вакцини, но договорот не е откажан Read More »

Мистериозна болест го нападна Рафаел Надал?


  Шпанскиот тенисер Рафаел Надал во 2021 година не успева да се прикаже во вистинско светло на терен, а во Австралија го мачеше повредата на грбот. Но, шпанските медиуми ја пренесуваат изјавата на тамошните лекари кои сметаат дека Надал има проблем под стручен назив Милер-Вајсова болест. Таа ги напаѓа коските на стапалото, а со време …

Мистериозна болест го нападна Рафаел Надал? Read More »

Во Србија 2.809 новозаболени, починаа 14 пациенти


  Во Србија во последните 24 часа, потврдени се 2.809 нови случаи со корона вирус, а починаа 14 пацинети. Во болница се лекуваат 3.912, од кои 162 се на респиратор. Тестирани се 10.368 лица, а процентот на смртност изнесува 0,97 отсто. Србија за викендот воведе порестриктивни мерки со затоврање на трговските центри во 14 часот, …

Во Србија 2.809 новозаболени, починаа 14 пациенти Read More »

Од Ковид-19 починаа уште 11 пациенти, новозаразени се 305


Во последните 24 часа се направени 2.533 тестирања, а регистрирани се 305 нови случаи на Kовид-19 во:   -Скопје 153 -Кавадарци 30 -Куманово 22 -Прилеп 21 -Тетово 18 -Неготино 14 -Охрид 11 -Гостивар и Гевгелија – по 6 -Струга 5 -Штип и Битола – по 4 -Ресен 3 -Велес и Делчево – по 2 -Струмица, …

Од Ковид-19 починаа уште 11 пациенти, новозаразени се 305 Read More »

Бабиш: Чешка може да започне со употреба на руската вакцина и без одобрение на ЕМА


 Чешкиот премиер Андреј Бабиш денеска изјави дека земјата може да започне со употреба на руската вакцина „Спутник V“ и без одобрение од Агенцијата за лекови на Европската унија (ЕМА). Бројот на случаи на коронавирус во Чешка се зголеми во последните неколку недели, така што земјата сега е рангирана меѓу најлошите во светот според бројот на …

Бабиш: Чешка може да започне со употреба на руската вакцина и без одобрение на ЕМА Read More »

Совет на Европа: Неопходна е соработка со Русија


Советот на Европа (СЕ) смета дека соработката со Русија е неопходна во поглед на обезбедување на човекови права и демократија, изјави денеска генералната секретарка на СЕ, Марија Пејчиновиќ Буриќ во писмото испратено до рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров по повод 25-годишнината од приемот на Русија во СЕ. „За тоа време, Русија има ратификувано …

Совет на Европа: Неопходна е соработка со Русија Read More »

Бугарија побара од Грција да ги прекине тестовите на возачите на камиони на нејзината граница


По упатство на министерката за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева, амбасадорот на земјата во Грција Валентин Порјазов побара итно објаснување од грчкото Министерство за надворешни работи, како и од Министерството за цивилна заштита и националната гранична полиција во врска со воведените брзи тестови за возачите на камиони на граничните пунктови со Бугарија, соопшти прес-центарот …

Бугарија побара од Грција да ги прекине тестовите на возачите на камиони на нејзината граница Read More »

Британија најавува уште 4,3 милијарди евра помош за компаниите


 Британскиот министер за финансии Риши Сунак следната недела во извештајот за буџетот ќе објави дополнителни пет милијарди фунти (околу 4,3 милијарди евра) за помош на компаниите кои се тешко погодени од затворањето на земјата, соопшти британската Влада. Продавниците, баровите, клубовите, хотелите, рестораните, спортските сали и фризерските салони ќе бидат меѓу речиси 700.000 компании со право …

Британија најавува уште 4,3 милијарди евра помош за компаниите Read More »

Вакцината на „Џонсон и Џонсон“ во САД одобрена за пилоти и контролори на летање


Американската администрацијата за воздушен сообраќај (ФАА) одобри пилотите и контролорите на летање да се вакцинираат со вакцината на „Џонсон и Џонсон“. Оваа одлука беше донесена откако вакцината на компанијата беше одобрена за употреба кај населението на возраст од 18 години и повеќе од страна на Американската администрација за храна и лекови (ФДА) и со едногласна …

Вакцината на „Џонсон и Џонсон“ во САД одобрена за пилоти и контролори на летање Read More »

Лекарска комора и проф. д-р Даниловски: Комплетен ресет на системот и поставување вистински цели и вредности


Пандемијата ја истакна важноста на глобалната соработка, ни покажа дека целото човештво се наоѓа на ист брод, дека сите сме делови од еден затворени систем на врзани садови, а вирусот може да се победи некаде, само ако е поразен насекаде. Но, пандемијата покажа и дека е потребен комплетен ресет на општествениот систем, истакна епидемиологот проф. …

Лекарска комора и проф. д-р Даниловски: Комплетен ресет на системот и поставување вистински цели и вредности Read More »

Бесими: Даночната реформа ќе се заснова на праведност, подобра наплата, транспарентност, дигитализација и „зелено“ оданочување


Поголема праведност во оданочувањето, подобра наплата на приходите, зголемена транспарентност, подобри услуги и воведување еколошко „зелено“ оданочување се петте приоритети во Стратегијата за реформа на даночниот систем 2021-2025 година, која е усвоена од Владата, вели министерот за финансии Фатмир Бесими. Во интервју за „Капитал“, тој посочува дека главната цел на даночната политика е обезбедување одржлив …

Бесими: Даночната реформа ќе се заснова на праведност, подобра наплата, транспарентност, дигитализација и „зелено“ оданочување Read More »

Јужнокорејски остров обои град во виолетово за да привлече туристи


  Жителите на Банвол во Кужна Кореја сакаа да се истакнат во однос на другите туристички дестинации за да привлечат повеќе гости, па смислија необично решение. Банвол е трансформиран во виолетов рај така што речиси се е обоено во виолетова боја, од куќите до знаменитостите. Бојата е инспирирана од локално цвеќе, а со неа се …

Јужнокорејски остров обои град во виолетово за да привлече туристи Read More »

Во БиХ раст на бројот заразени – денеска повеќе од 700


  Во Босна и Херцеговина во саботата се регистрирани повеќе од 700 нови случаи со корона вирус, што потврди дека во таа земја повторно почнува да се шири вирусот по тринеделна стабилна епидемиолошка состојба. Заводите за јавно здравство од ентитетите пријавија 510 новозаразени во Федерацијата, 192 нови во Република Српска, а имаат и 17 починати. …

Во БиХ раст на бројот заразени – денеска повеќе од 700 Read More »

Двајца мажи се удавија во замрзнато езеро во Шведска – ден претходно, четворица


  Еден ден откако четири лица се удавија во замрзнато езеро во Шведска, исто настрадаа уште двајца мажи. Властите примиле повик за помош за две лица кои биле на мразот и дека веројатно пропаднале во него. Се претпоставува дека се работи за несреќа, а не за злосторство. Двајца мажи пак, во петокот ловеле риби и …

Двајца мажи се удавија во замрзнато езеро во Шведска – ден претходно, четворица Read More »