Во Србија 2.809 новозаболени, починаа 14 пациенти
Во Србија во последните 24 часа, потврдени се 2.809 нови случаи со корона вирус, а починаа 14 пацинети.
Во болница се лекуваат 3.912, од кои 162 се на респиратор.
Тестирани се 10.368 лица, а процентот на смртност изнесува 0,97 отсто.
Србија за викендот воведе порестриктивни мерки со затоврање на трговските центри во 14 часот, а ако тие не дадат резултат, ќе се разговара за уште поригорозни мерки.