Двегодишно девојче во Германија се задуши на ручек во градинка


  Во една германска градинка во петокот, во градот Росток, се случи трагедија кога двегодишно девојче се задуши за време на ручекот. Државниот обвинител Харалд Новак ја потврди информацијата и рече дека е покрената истрага. Наложена е обдукција за да се утврди точната причина. Родителите на другите деца во градинката пренесоа дека вработените во градинката …

Двегодишно девојче во Германија се задуши на ручек во градинка Read More »

Португалија: За првпат од октомври помалку од илјада новозаразени


Португалија за еден ден регистрира помалку од 1.000 новозаразени со коронавирусот, што е најмал дневен број од октомври. Карантинот, кој почна на 15 јануари, донесе „значителен пад“ на бројот на нови случаи, изјави Андре Пералта Сантос, висок португалски здравствен службеник, а во земјата денеска се пријавени помалку од 600 нови случаи на Ковид-19. Во претходните 14 дена, бројот …

Португалија: За првпат од октомври помалку од илјада новозаразени Read More »

Борис Џонсон претстави план за ублажување на мерките


Британскиот премиер Борис Џонсон денеска претстави план со кој ќе се стави крај на карантинот во Англија, нудејќи „претпазлив“ пристап за да не се вратат сите рестриктивни мерки што ја потресоа економијата. Меѓу мерките што ќе бидат предложени е и отворање на училиштата почнувајќи од 8 март и тоа во четири фази, но така што тие нема да почнат …

Борис Џонсон претстави план за ублажување на мерките Read More »

Не престануваат протестите во Белорусија, а Лукашенко скија со Путин


Белорускиот челник Александар Лукашенко, кој шест месеци се соочува со протести против своето владеење, денеска се сретна со рускиот претседател Владимир Путин. „Не поминува ни еден ден а колегите да не разговараат и решаваат одредени проблеми“, рече Путин на состанокот во Сочи. Потоа, двајцата претседатели отидоа на скијање. Како што пренесе телевизијата, тема на разговорите …

Не престануваат протестите во Белорусија, а Лукашенко скија со Путин Read More »

Словачка ја моли ЕУ за помош поради трагичната состојба во земјата


Словачкиот министер за надворешни работи  Иван Корчок ги повика партнерите во ЕУ однапред да ги испратат набавените вакцини, бидејќи земјата се наоѓа во „трагична“ ситуација со коронавирус со рекорден број случаи. Во Словачка има околу 100 смртни случаи на ден, што е најмногу во светот во однос на населението на неделно ниво. Од вчера, Словачка …

Словачка ја моли ЕУ за помош поради трагичната состојба во земјата Read More »

Сопствениците на ресторани за организирани настани и ноќни клубови повторно протестираа во Скопје


Сопствениците на ресторани за организирани настани, ноќни клубови, фото студија и музичари денеска повторно протестираа и ги повторија нивните барања до Владата. Бараат да биде укината забраната за работа и да работат по најстроги протоколи. Незадоволни се што не се вклучени во петтиот пакет антикризни мерки и бараат од Владата да направи посебен пакет мерки …

Сопствениците на ресторани за организирани настани и ноќни клубови повторно протестираа во Скопје Read More »

Јанковиќ: Со зачленувањето во НАТО остваривте една од најважните стратешки цели


Со зачленувањето во НАТО, Северна Македонија оствари една од најважните стратешки цели во надворешната политика, смета полковникот Зоран Јанковиќ, шеф на Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје, во интервју за порталот ZOOM.MK. -Верувам дека Вие сте сега во едно семејството што заеднички со вас ќе и’ овозможи сигурност на вашата земја, на овој регион. Ќе …

Јанковиќ: Со зачленувањето во НАТО остваривте една од најважните стратешки цели Read More »

Во пораст бројот новозаболени од Ковид-19 во Србија и покрај вакцинацијата


  Во Србија денеска се забележани 2.956 новозаболени, а од Ковид-19 починаа уште 14 лица. Досега во Србија се тестирани 2.858.176 граѓани, од кои 12.054 во последното деноноќие, наведено е сајтот Covid19.rs. Во Србија во болница се лекуваат 3.641 лица, а на респиратор се 153 пациенти. Од почетокот на епидемијата досега починаа 4.351 заболени, а …

Во пораст бројот новозаболени од Ковид-19 во Србија и покрај вакцинацијата Read More »

Царовска: Соработката меѓу средното стручно и компаниите е двонасочен процес, сите добиваат од него


Консултациите со претставниците на средните стручни училишта, компаниите и локалните самоуправи денес продолжија во Општина Берово, каде присуствуваа и градоначалниците на Македонска Каменица, Пробиштип и Делчево. На средбата министерката за образование и наука Мила Царовска, уште еднаш ја истакна потребата од блиска соработка помеѓу стручните училишта и компаниите, напоменувајќи дека само со заедничка визија и …

Царовска: Соработката меѓу средното стручно и компаниите е двонасочен процес, сите добиваат од него Read More »

Во Хрватска од Ковид-19 починаа уште 20 пациенти, новозаразени се72


  Во последните 24 часа, во Хрватска, забележани се 72 нови случаи со корона вирус, а активни се 2.111. Меѓу нив 792 пациенти се на болничко лекување, а 68 на респиратор. Починаа уште 20 лица или вкупно 5.449. Од почетокот на пандемијата во Хрватска од корона вирус заболеле 240.017 лица, а оздравеле 232.457. До денеска …

Во Хрватска од Ковид-19 починаа уште 20 пациенти, новозаразени се72 Read More »

Убиен италијанскиот амбасадор во Конго во напад на конвој на ОН


Италијанскиот амбасадор во Демократска Република Конго, неговиот телохранител и возач од Светската програма за храна беа убиени во понеделникот кога нивниот конвој беше нападнат на истокот на земјата, соопштија Италија и Обединетите нации. Општ поглед на заклучениот влез во Индиската теренска болница Ниво III, каде лежи мртвото тело на италијанскиот амбасадор Лука Атанасио, во Гома, …

Убиен италијанскиот амбасадор во Конго во напад на конвој на ОН Read More »

На инфективните оддели во земјава се лекуваат 625 пациенти со Ковид-19


Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во болниците низ градовите во земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 377 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, соопшти Министерството за здравство. Во болницата во Битола се хоспитализирани 23 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 33 пациенти. На инфективното одделение …

На инфективните оддели во земјава се лекуваат 625 пациенти со Ковид-19 Read More »

Мета: Референдумот на 25 април ќе биде триумф над олигархијата, Албанците ќе гласаат за достоинство


 Претседателот Илир Мета преку статус на Фејсбук вели дека изборите на 25 април и плебисцитарното гласање ќе ја поразат кликата на олигарси, индиректно нарекувајќи го премиерот Еди Рама главен олигарх. „Референдумот на 25 април ќе ја урне олигархиската клика, која веќе подолго време ги  мами Албанците. Нивниот ужас е јавната определба на претседателот на Републиката …

Мета: Референдумот на 25 април ќе биде триумф над олигархијата, Албанците ќе гласаат за достоинство Read More »

Поради поплави во Џакарта евакуирани илјадници луѓе


Повеќе од 4.000 луѓе се евакуирани од периферијата на главниот град на Индонезија, Џакарта, поради поплави по пукањето на брана на реката Цитарум. Округот Бекаси во индонезиската покраина Западна Јава од саботата е под вода поради обилните дождови. Индонезиските власти соопштија дека сезонските дождови предизвика уривање на браните не само на реките туки и на …

Поради поплави во Џакарта евакуирани илјадници луѓе Read More »

Заев на „Титаник“: Центрите за социјална помош во 2014 година биле злоупотребени од ВМРО-ДПМНЕ за изборни цели


 Премиерот Зоран Заев, во својство на сведок во случајот „Титаник” денеска во Кривичниот суд Скопје, збореше за неговите сознанија за изборните нерегуларности во 2014 година вршени од тогашната партија на власт ВМРО-ДПМНЕ. – Центрите за социјална помош беа злоупотребени, тие шетаа со списоци од примателите на социјална помош и ги закануваа примателите на социјална помош …

Заев на „Титаник“: Центрите за социјална помош во 2014 година биле злоупотребени од ВМРО-ДПМНЕ за изборни цели Read More »

Кина одобри тестирање на уште 16 вакцини против Ковид-19


Кинеската Влада одобри клинички да се тестираат уште 16 вакцини против Ковид-19, а шест од нив веќе ја поминале третата фаза, објави „Чајна дејли“. Кина веќе има две вакцини кои ги продава ширум светот, а околу 40 милиони граѓани веќе примиле вакцина. Кина веќе продаде 440 милиони дози во најмалку 27 држави, а најави дека …

Кина одобри тестирање на уште 16 вакцини против Ковид-19 Read More »

Турски државјанин обвинет затоа што прикажал фалсификуван ПЦР тест за корона вирус


Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против државјанин на Република Турција, осомничен дека сторил кривично дело „фалсификување исправа“. Како што соопшти Јавното обвинителство, обвинетиот 32-годишник, на 17 февруари на граничниот премин на Меѓународниот аеродром – Скопје, при пријава за излез од државава, употребил медицински сертификат за извршено тестирање за SARS-CoV-2 (ПЦР тест). На сертификатот …

Турски државјанин обвинет затоа што прикажал фалсификуван ПЦР тест за корона вирус Read More »

МВР бара да се распише меѓународна потерница за Сашо Мијалков


Министерството за внатрешни работи ќе побара да биде издадена наредба за распишување на меѓународна потерница за Сашо Мијалков. -Судот му одреди мерка куќен притвор на Сашо Мијалков. Преземаме мерки и активности за негово пронаоѓање. Распишана е национална потерница. Бидејќи од досега преземените мерки и активности лицето не е пронајдено, ќе го известиме судот и ќе …

МВР бара да се распише меѓународна потерница за Сашо Мијалков Read More »

ЕУ планира нови санкции кон Русија, Москва најавува соодветен одговор


 Министрите за надворешни работи на Европска Унија ќе дебатираат за нови рестриктивни мерки кон Русија, откако беше изречена нова пресуда за рускиот опозиционер Алексеј Навални. Неименувани дипломати најавија дека најверојатно ќе биде постигнат договор за санкции кон Русија, поради што во следните недели ќе се работи на правната рамка и целта на рестриктивните мерки. Новите …

ЕУ планира нови санкции кон Русија, Москва најавува соодветен одговор Read More »

Дури 872 возеле побрзо од дозволеното


Во текот на вчерашниот ден Мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата во рамки на зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената на територијата на целата држава, казнила 872 лица. Од нив, соопшти денеска МВР, 108 возила се движеле со брзина над 50 километри на час …

Дури 872 возеле побрзо од дозволеното Read More »