Во Хрватска од Ковид-19 починаа уште 20 пациенти, новозаразени се72


 

Во последните 24 часа, во Хрватска, забележани се 72 нови случаи со корона вирус, а активни се 2.111.

Меѓу нив 792 пациенти се на болничко лекување, а 68 на респиратор.

Починаа уште 20 лица или вкупно 5.449.

Од почетокот на пандемијата во Хрватска од корона вирус заболеле 240.017 лица, а оздравеле 232.457.

До денеска се тестирани 1.306.694 лица, од нив 2.242 во последните 24 часа.