Во пораст бројот новозаболени од Ковид-19 во Србија и покрај вакцинацијата
Во Србија денеска се забележани 2.956 новозаболени, а од Ковид-19 починаа уште 14 лица.
Досега во Србија се тестирани 2.858.176 граѓани, од кои 12.054 во последното деноноќие, наведено е сајтот Covid19.rs.
Во Србија во болница се лекуваат 3.641 лица, а на респиратор се 153 пациенти.
Од почетокот на епидемијата досега починаа 4.351 заболени, а вкупно се заразиле 439.596 лица.
Во Србија денеска пристигнаа уште 46.800 дози од вакцините на „Фајзер“, а пристигна ауште 50.000 дози руска вакцина „спутник V“.