На инфективните оддели во земјава се лекуваат 625 пациенти со Ковид-19
Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во болниците низ градовите во земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 377 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, соопшти Министерството за здравство.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 23 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 33 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 14 пациенти, во Велес се лекуваат 28 болни, а во Куманово 48 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.
Во ковид – центарот во Охрид има хоспитализирано 53 пациенти, во Прилеп 54, во ковид – центарот во Гостивар осум, а во Струга 21 болен. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 28 пациенти, во Кочани пет, во Кичево осум, Кавадарци 31, во Гевгелија четири лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на коронавирусот.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 625 и има околу 440 празни болнички кревети во ковид – центрите.
Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, стои во соопштението.
Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализрани 10 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 248 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство.
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало еден прием.
Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало пет нови приеми на пациенти и четири на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени седум оздравени пациенти.
Во моментов на Кожната клиника во ковид – центарот се лекуваат 21 пациент, на Клиниката за неврологија 12 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 25 пациенти со симтоми на коронавирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 76 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 88 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 25 пациенти и на ГАК една хоспитализирана ковид позитивна пациентка.
Вкупно 248 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и изутрината до 8 часот имало 100 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка, стои во соопштението.