Фитнес клуб во Скопје работел и покрај забраната


 МВР информира дека вчера, по претходна пријава, полициски службеници од ЕВР Карпош – СВР Скопје извршиле контрола во фитнес клуб на бул. „Партизански одреди“ во Скопје, при што било констатирано дека објектот работи и внатре биле затекнати сопственикот Ф.Б.(35) од Скопје и уште шест лица. За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот …

Фитнес клуб во Скопје работел и покрај забраната Read More »

Извршниот директор на „Тошиба“ поднесе оставка


Претседателот и извршен директор на „Тошиба“, Нобуаки Куруматани поднесе оставка, се вели во соопштението на јапонскиот мултинационален конгломерат. Компанијата со седиште во Токио истакна дека извршниот директор го предложил писмото за оставка на состанокот на одборот и дека оставката е ефективна од денеска. Оставката на Нобуаки Куруматани доаѓа во време на контроверзии околу понудата од …

Извршниот директор на „Тошиба“ поднесе оставка Read More »

Домбровски за БНР: Бугарија може да го воведе еврото во 2024 година


 Бугарија се уште работи на Планот за обновување пред да го претстави во Брисел. Ова за Бугарското национално радио го изјави потпретседателот на Европската комисија Валдис Домбровскис. Тој посочи дека земјите што ќе го испратат својот план по крајот на април ќе добијат пари најрано наесен. Според него, процесот е веќе во тек. Сепак, бугарските …

Домбровски за БНР: Бугарија може да го воведе еврото во 2024 година Read More »

Димитров утре во посета на Виена


 Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, утре ќе престојува во работна посета на Виена во рамки на која предвидено е да има средби со Каролине Едштадлер, министерка за Европа и Устав и со министерот за надворешни работи на Австрија, Александер Шаленберг. Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, посетата е дел …

Димитров утре во посета на Виена Read More »

Заев: И во услови на пандемија натфрлен приходот од царините и другите давачки за полнење на Буџетот


Во 2020 година вкупниот приход од царини, ДДВ, акцизи и други надоместоци е повисок за 4,8 отсто во однос на планираното. Овие показатели на годишно ниво, во време кога заради пандемијата значително е намален интензитетот на економијата и трговија, со своето високо професионално и чесно работење царинските службеници и Царинската управа на Република Северна Македонија …

Заев: И во услови на пандемија натфрлен приходот од царините и другите давачки за полнење на Буџетот Read More »

Приведени двајца велешани кај кои е најден кокаин


Во вторникот, во попладневните часови на автопатот Скопје-Велес, пред наплатната рампа Сопот, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со СВР Велес, го лишиле од слобода Д.К.(24) и А.А.(31), двајцата од Велес, бидејќи при преглед извршен на патничко возило џип „ауди“, управувано  од …

Приведени двајца велешани кај кои е најден кокаин Read More »

Триесет дена притвор за жител на Порој фатен со 100 пакувања кокаин


 Судија во претходна постапка од Основниот суд во Тетово вечерва му одреди мерка притвор на 31-годишниот жител на тетовски Порој кој вчера беше уапсен, а кај него беа најдени над 100 пакувања кокаин и марихуана. – А.Б (31) од Порој по лишувањето од слобода е задржан во Полициската станица Тетово, неговото возило е одземено за вештачење. По …

Триесет дена притвор за жител на Порој фатен со 100 пакувања кокаин Read More »

Во Шведска неделната стапка на новозаразени е втора највисока во Европа


  Стапката на новозаразени со корона вирус во Шведска минатата недела, нараснала до втора највисока во Европа, по Сан Марино, покажуваат денешните податоци. Бројот на пациенти на интензивна нега во Шведска го надмина врвот на вториот бран од пандемијата од крајот на минатата година. Скандинавската држава од петокот има 19.105 нови случаи, покажуваат податоците на …

Во Шведска неделната стапка на новозаразени е втора највисока во Европа Read More »

Остануваат уште 5.000 вакцини на располагање, 3.400 лица не се појавиле за вакцинација


Околу 20 отсто, односно вкупно 3.400 граѓани кои што закажале, не се појавиле на својот термин за вакцинација, а причините засега не се познати, објави Сител телевизија. Доколку истите граѓани повторно пројават интерес за вакцинација ваква можност ќе имаат, но кога ќе дојдат на ред. Инаку, во Македонија засега на располагање има околу 5.000 достапни …

Остануваат уште 5.000 вакцини на располагање, 3.400 лица не се појавиле за вакцинација Read More »

Владата му препорача на Надзорниот одбор на МИА да го реизбере Драган Антоновски за генерален директор


Владата на денешната седница донесе заклучок да му препорача на Надзорниот одбор на АД „Медиумска информативна агенција”, да ги реизбере Драган Антоновски за претседател на Управниот одбор и за генерален директор и Хаљит Ајдини за член на Управниот одбор и за заменик на генералниот директор. Владата исто така го прифати предлогот на Комисијата за именување, …

Владата му препорача на Надзорниот одбор на МИА да го реизбере Драган Антоновски за генерален директор Read More »

Дополнителни термини за вакцинирање на лица од 73 и 74 години во СЦ „Борис Трајковски“


 Министерството за здравство вечерва соопшти дека во салата „Борис Трајковски“ има дополнителни слободни термини за граѓани од 73 и 74 години. Термините се отворени од вечерва и им се препорачува на граѓаните од оваа возрасна група кои изразиле желба за вакцинација преку веб страницата vakcinacija.mk или преку матичен лекар, да се пријават кај својот матичен лекар за …

Дополнителни термини за вакцинирање на лица од 73 и 74 години во СЦ „Борис Трајковски“ Read More »

Владата ја утврди содржината на учебниците за основно и средно образование


На предлог на Министерството за образование и наука, Владата денеска го утврди текстот на Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за наставниците и стручните соработниците во основните и средните училишта. Преку оваа измена се гарантира стабилност на работниот однос на наставниците, се подобруваат можностите за професионален и кариерен развој и се воведуваат …

Владата ја утврди содржината на учебниците за основно и средно образование Read More »

ИЈЗ: Намален бројот на новоинфицирани за 13,4 отсто, но зголемен е бројот на смртни случаи за 6,2 отсто


Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 05 до 11 април 2021, тестирани се вкупно 27.329 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 4,5% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 6.867 нови позитивни случаи од 35 градови во …

ИЈЗ: Намален бројот на новоинфицирани за 13,4 отсто, но зголемен е бројот на смртни случаи за 6,2 отсто Read More »

Грчките острови ќе се поврзат со копното со хидроавиони


  Авиокомпанијата „Grecian Air Seaplanes“ најави од септември летови со хидроавиони за да се поврзат грчките острови со копното, користејќи ја приликата која ја отвори издавањето први дозволи за пристаништата за таков вид превоз. Во почетната фаза флотата ќе опфаќа три хидроавиони со 19 седишта, кои ќе летаат од пристаништата во Јонско Море, а со …

Грчките острови ќе се поврзат со копното со хидроавиони Read More »

Руски пожарникари веќе 24 часа се борат со пожар во фабриката во Санкт Петерсбург


Руските пожарникари утрово продолжија да го гаснат пожарот што гори веќе 24 часа во историската фабрика во Санкт Петербург, во кој загина еден пожарникар, а тројца се повредени. „Продолжуваме со гаснење на пожарот. Огнот сè уште гори на 500 квадратни метри”, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации. Пожарот избувна вчера, од сè уште непознати причини, …

Руски пожарникари веќе 24 часа се борат со пожар во фабриката во Санкт Петерсбург Read More »

Шврговски: Разочарувачки ден за правото, правдата ќе ја истераме преку Апелационен суд


Навистина разочарувачки ден за правдата и за правото. Ова е поразително и за нас како одбрана и за правдата, но убеден сум дека правдата ние ќе ја истераме преку високиот Апелационен суд, изјави бранителот на Сашо Мијалков, адвокат Љупчо Шврговски, по објавувањето на пресудата за случајот „Трезор“. Судот, посочи Шврговски, во образложението на пресудата изврши …

Шврговски: Разочарувачки ден за правото, правдата ќе ја истераме преку Апелационен суд Read More »

Навални го тужи затворот затоа што не добил Куран, како што побарал


Рускиот опозиционер Алексеј Навални соопшти дека го тужи затворот каде отслужува казна затоа што не го добил Куранот што го побара на почетокот на Рамазанскиот пост. „Кој би помислил дека првата тужба против колонијата ќе биде поради Куранот?“, напиша Навални на Инстаграм, кој од 31 март штрајкува со глад поради лошите затворски услови. Според него, …

Навални го тужи затворот затоа што не добил Куран, како што побарал Read More »

Во Србија нови 3.572 заболени, починаа 35 пациенти


  До последните пресек во Србија има потврдено уште 3.572 новозаболени од Ковид-19, додека од последиците на оваа болест починаа 35 пациенти. Досега во Србија тестирани се 3.617.179 примероци, а во последните 24 часа 16.116. Според податоците на Министерството за здравство и Институтот „Батут“, на респиратор се 247 лица.

Собранието расправа за Националната стратегија за спречување на корупцијата


Собранието, во рамките од денешниот дел од работата по дневниот ред на 32-та седница, ја започна расправата за Национална стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025. Расправата ќе продолжи по редовната едночасовна пауза. Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Билјана Ивановска посочи дека корупцијата ја поткопува довербата во институциите …

Собранието расправа за Националната стратегија за спречување на корупцијата Read More »

Општина Центар ќе набавува цистерна за почисти и уредни општински улици


Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, го потпиша барањето за набавка на специјално комунално возило – цистерна за потребите на Општина Центар и службите за одржување на хигиената. Со набавката на ова возило ќе се олесни работата на општинските работници задолжени за јавната хигиена и ќе се зголеми ефикасноста при чистењето и миењето на улиците …

Општина Центар ќе набавува цистерна за почисти и уредни општински улици Read More »