Остануваат уште 5.000 вакцини на располагање, 3.400 лица не се појавиле за вакцинација


Фото: Б. Грданоски

Околу 20 отсто, односно вкупно 3.400 граѓани кои што закажале, не се појавиле на својот термин за вакцинација, а причините засега не се познати, објави Сител телевизија.

Доколку истите граѓани повторно пројават интерес за вакцинација ваква можност ќе имаат, но кога ќе дојдат на ред.

Инаку, во Македонија засега на располагање има околу 5.000 достапни дози на вакцини, од кои 2.500 се вакцината „Спутник В“ и уште приближно толку од вакцината на „АстраЗенека“.

Тие во моментов се наоѓаат во депото на Министерството за здравство и кои што допрва ќе треба да бидат транспортирани до пунктовите ширум земјата.