ЕУ нити го потврдува, нити демантира или коментира наводниот нон-пејпер на Јанша


 И покрај неколкудневните инсистирања од новинарите во регионот и од ЕУ кај прес службата на претседателот на Европскиот Совет за наводниот нон-пејпер на словенечкиот премиер Јанез Јанша во кој се планира поделба на Босна и Херцеговина и создавање голема Србија и голема Албанија, нема никаква реакција од Шарл Мишел. Документот денеска го објави словенечки медиум …

ЕУ нити го потврдува, нити демантира или коментира наводниот нон-пејпер на Јанша Read More »

Судењето за „Меѓународен сојуз” продолжува на 29 април


 Судењето за невладината организација „Меѓународен сојуз”, каде заедно со основачот Бојан Јовановски, обвинети се уште четири лица, продолжува на 29 април, откако на денешното рочиште беа сослушани бизнисмените Адријан Амзовски и Ресул Лога. На следното рочиште треба да биде сослушан бизнисменот Силјан Мицевски, кој е последен од сведоците предложени од Обвинителството. Претходно, на денешното рочиште …

Судењето за „Меѓународен сојуз” продолжува на 29 април Read More »

Собол: Осудена сум на една година општествено корисна работа


Љубов Собол, блиската соработничка на затворениот руски опозиционер, Алексеј Навални, денеска на својот профил на Твитер напиша дека е осудена на една година општествено корисна работа поради насилен упад во приватна сопственост. Британските медиуми пренесуваат дека станува збор за инцидент од декември минатата година. Судскиот процес против Собол се одвива во, како што наведуваат британските …

Собол: Осудена сум на една година општествено корисна работа Read More »

Урсула фон дер Лајен ја прими првата доза вакцина


Претседателката на Европската Комисија попладнево преку Твитер информираше дека денеска ја примила првата доза на вакцина против Ковид-19. -Откако ја надминавме стапката на сто милиони вакцинации во ЕУ, многу сум среќна што ја добив првата доза против Ковид-19 денеска. Вакцинацијата и натаму ќе се забрза затоа што испораките се забрзуваат. Што побргу се вакцинираме толку …

Урсула фон дер Лајен ја прими првата доза вакцина Read More »

Во февруари издадени за 39,5 отсто повеќе одобренија за градба


Во февруари годинава се издадени 346 одобренија за градење, што е за 39,5 отсто повеќе во однос на тој месец од претходната година, објави Државниот завод за статистика. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4.586.656 илјади денари, што е за 50,4 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година. …

Во февруари издадени за 39,5 отсто повеќе одобренија за градба Read More »

Интензивната нега во Белгија под огромен притисок, зафатени 96 отсто од креветите


 Помалку од еден кревет е слободен на одделите за интензивна нега во белгиските болници, предупреди Министерството за здравство. Според статистиките на министерството, 96 отсто од креветите на интензивна нега во цела држава се зафатени, само 86 се слободни, што претставува помалку од еден кревет по болница. И покрај охрабрувачките трендови во другите области како новозаразените, …

Интензивната нега во Белгија под огромен притисок, зафатени 96 отсто од креветите Read More »

По повлекувањето од Авганистан ЕУ бара да се продолжи со мировниот процес


Европската комисија реагираше на најавата за повлекување од Авганистан на трупите на НАТО и САД и бара посветеност кон мировниот процес од сите чинители. -ЕУ ја прими на знаење одлуката на САД и НАТО целосно да се повлечат од Авганистан до 11 септември почнувајќи на 9 мај, сметаме дека клучен ќе биде конструктивен ангажман во …

По повлекувањето од Авганистан ЕУ бара да се продолжи со мировниот процес Read More »

Утврдени грешки при изградбата на модуларната ковид болница во Тетово


Кај модуларната болница во Тетово е утврдено дека има грешка при изградбата и фирмата изведувач треба да ги отстрани забелешките, информираше денеска економскиот директор на Клиничката болница Тетово, Артан Етеми. Вчера имало примопредавање на објектот од страна на фирмата изведувач, Министерството за здравство и Клиничката болница. – Забелешките се однесуваат на подот и уште неколку …

Утврдени грешки при изградбата на модуларната ковид болница во Тетово Read More »

Македонија избрана за златна дестинација за патување од страна на холандските туристи


Македонија е избрана за дестинација за патување од страна на холандските туристи. Наградата „Златна награда за дестинација за патување, земјава ја доби како резултат на гласањето на холандските туристи кои требало да ја оценат нивната посета во странска земја. Највисоко е оценета локацијата на државава со 8,2 поени, потоа рестораните со 8,1 и културата со …

Македонија избрана за златна дестинација за патување од страна на холандските туристи Read More »

Шаќири: До крајот на јуни ќе бидат достапни уште 30 нови дигитални услуги


Порталот e-uslugi.gov.mk се надградува со многу нови дигитални услуги кои за граѓаните ги обезбедуваат институциите. До крајот на јуни ќе бидат достапни 30 нови, а Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) месечно ќе ги промовира сите што се воведени. Министерот Јетон Шаќири соопшти дека во соработка со Министерството за внатрешни работи набргу ќе бидат …

Шаќири: До крајот на јуни ќе бидат достапни уште 30 нови дигитални услуги Read More »

Со авионско засејување ќе се заштитуваат земјоделските посеви од град


Со авионско засејување со сребрен јодит годинава ќе се заштитуваат земјоделските посеви од град. Авионското засејување ќе се прави со три авиони од аероклубот „Скопје“ чија понуда била избрана за најповолна на тендерот што го објави Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). Средствата во висина од 60 милиони денари се обезбедени преку Програмата за …

Со авионско засејување ќе се заштитуваат земјоделските посеви од град Read More »

Без вода улица „Џон Кенеди“


Прекин на водоснабдувањето денеска од 11:20 часот ќе имаат корисниците од улица „Џон Кенеди“, во населба Чаир. ЈП „Водовод и канализација“  – Скопје информира дека прекин на водоснабдувањето ќе има поради дефект на огрлица ф-100 мм на улица „Џон Кенеди“ 18, пред Пензионерскиот Дом во Чаир. 

Викендот ќе се одлучува дали ќе продолжат рестриктивните мерки


Продолжувањето на сегашните рестриктивни мерки по 20 април ќе зависи од епидемиолошката состојба и индикаторите кои се следат при носењето на одлуките за нивно воведување, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Тој додаде дека ако има потреба мерките можат да се продолжат или да се модифицираат. -Нема да има ниту еден друг параметар или …

Викендот ќе се одлучува дали ќе продолжат рестриктивните мерки Read More »

На 28 април ќе стигнат 200.000 кинески вакцини, а на 19 и 26 април 20.000 вакцини од „Фајзер“


Од Амбасадата на НР Кина изутрината добивме потврда дека 200.000 кинески вакцини треба да ги очекуваме околу 28 април, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Тој рече дека на почетокот на следната недела се очекува да стигнат вакцини од компанијата „Фајзер“. Според најавата, како што појасни, на 19 април ќе стигнат 10.000 вакцини на …

На 28 април ќе стигнат 200.000 кинески вакцини, а на 19 и 26 април 20.000 вакцини од „Фајзер“ Read More »

Се гради спортска сала во ООУ „Кире Гаврилоски“ во Прилеп


Деновиве започна изградбата на долгоочекуваната спортска сала во ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“ во Прилеп, соопшти градоначалникот Илија Јованоски. Салата ќе се протега на површина од 650м2, а со нејзината изградба се обезбедуваат и сите реквизити потребни за квалитетна реализација на наставата по физичко и здравствено образование. Спортската сала во ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“ ќе биде погодна за …

Се гради спортска сала во ООУ „Кире Гаврилоски“ во Прилеп Read More »

Електронски упис на првачињата – нова дигитална услуга од мај


Дигитализацијата е приоритет во новото време и затоа се воведуваат сè повеќе дигитални услуги на порталот e-uslugi.gov.mk. Тие се побрзи за корисниците зашто се минимизираат бирократските процедури, се намалува можноста од грешки од човечки фактор зашто автоматско е евалуирањето при рангирањето, нема дискрециски овластувања, протекционизам и корупција. Голем број е-услуги се достапни во областа на …

Електронски упис на првачињата – нова дигитална услуга од мај Read More »

Денеска нешто повеќе од 800 новозаразени, заразата стивнува


Министерот за здравство Венко Филипче вели дека третиот бран на заразата стивнува со оглед на тоа што вчера имавме околу 950, а денеска нешто над 800 новозаразени со Ковид-19. Вакцинацијата засега оди добро, а сега се вакцинираат постарите граѓани. – Во два часот денеска ќе се сретнеме со претставници на здравствените домови во шест града, …

Денеска нешто повеќе од 800 новозаразени, заразата стивнува Read More »

КСС денеска на протест пред Собранието и Владата


Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) денеска од 16 часот ќе одржи протест со автомобили со кој ќе го искаже незадоволството од немањето социјален дијалог,  непочитувањето на работничките права и последното зголемување на минималната плата. Протестот ќе почне од кај хотелот „Вип“ спроти Македонската телевизија,а ќе продолжи преку булеварот „Кочо Рацин“, до Собранието каде е предвидено …

КСС денеска на протест пред Собранието и Владата Read More »

Полицискиот час го прекршиле 15 лица, 480 санкции за неносење маска


 Полицискиот час од 20.00 часот (14.04.2021) до 05.00 часот (15.04.2021) не го почитувале 15 лица, а во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 480 прекршоци. Министерството за внатрешни работи во денешното соопштение апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите …

Полицискиот час го прекршиле 15 лица, 480 санкции за неносење маска Read More »