(Видео) Експлозии во фабрика за оружје во Чачак


Неколку серии силни експлозии синоќа околу 1.30 часот ги разбудија жителите на Чачак во Србија. Експлодира магацин за топовски гранати во Придворица, јавува Б92. Новинарите сведочат дека делува оти експлозиите и пожарот полека стивнуваат и се чека ситуацијата да се смири за да може екипите на итната помош, полицијата и пожарникарите да влезат внатре. Kuku …

(Видео) Експлозии во фабрика за оружје во Чачак Read More »

Во Рио де Жанеиро се сруши зграда, загинаа маж и дете


  Станбена зграда во дел од Рио де Жанеиро во Бразил, каде живеат луѓе од работничката класа денеска падна, а загинаа најмалку двајца, што укажува на несигурноста на градбите во некои делови од градот за кои властите велат дека во нивната изградба удел има организираниот криминал. Локалните жители за Ројтерс велат дека чиле гласна бучава …

Во Рио де Жанеиро се сруши зграда, загинаа маж и дете Read More »

Општина Центар додели 100.000 денари за семејството на дарителката на органи


На денешната 65. седница на Советот на Општина Центар, градоначалникот Саша Богдановиќ и советниците едногласно ја усвоија Одлуката за доделување финансиски средства за семејството на Јасмина Василковска, жената што ги донираше своите органи и спаси три човечки животи. „Како Општина Центар ова е најмалку што можеме да направиме и да се заблагодариме на семејството Василковски …

Општина Центар додели 100.000 денари за семејството на дарителката на органи Read More »

Тешко повредена жена во сообраќајка на „Партизанска“, возачот побегнал, но подоцна е пронајден


 Седумдесет и осумгодишна скопјанка Н.К. вчера била тешко повредена во сообарќајна несреќа што се случила на  бул.„Партизански одреди“ во Скопје, кога патничко моторно возило „пежо боксер“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Б.(26), удрило во жената – пешак и го напуштило местото, но подоцна било пронајдено. Како што соопшти МВР, сообраќајката се случила вчера, во …

Тешко повредена жена во сообраќајка на „Партизанска“, возачот побегнал, но подоцна е пронајден Read More »

Градежен работник тешко повреден при пад од скеле


Шеесет и четиригодишниот градежен работник Д.В.(64) од Скопје со тешки телесни повреди бил донесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Како што соопшти МВР, настанот бил пријавен вчера во 15.30 часот во СВР Скопје. -Полициски службеници излегле на местото и извршиле разговор со Д.В., кој изјавил дека околу 15 часот, додека извршувал работни задачи на објект …

Градежен работник тешко повреден при пад од скеле Read More »

Бугарија ќе донира 150.000 вакцини „Астра Зенека“ на земјите од Западен Балкан


 Бугарија планира да донира до 150.000 вакцини „Астра Зенека“ на државите од Западен Балкан, изјави денеска бугарскиот технички министер за здравство Стојчо Кацаров. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Кацаров рече дека Северна Македонија, Косово, Албанија и Босна и Херцеговина имале пратено барања до Бугарија. -За жал, процедурата е многу тешка. Се налага …

Бугарија ќе донира 150.000 вакцини „Астра Зенека“ на земјите од Западен Балкан Read More »

Уште едно зелено катче во Аеродром


Скопје од денеска е побогат за уште еден зелен сквер, на крстосницата меѓу булеварот „Јане Сандански“ и улицата „Владимир Комаров“ во Аеродром, кај „Палма“. На барање на локалните жители, на оваа претходно запуштена јавна површина е поставен модерен летниковец, вметнат меѓу постојното високо зеленило, кружни клупи, патеки и нова фонтана за вода. На летниковецот е …

Уште едно зелено катче во Аеродром Read More »

Заев не бега од дуел со опозицијата


Премиерот Зоран Заев денеска истакна дека е подготвен за дуел до опозицијата, посочувајќи дека многу е важно да се посветат на работите што се договорени на последната лидерска средба. Таму, како што рече, имаме договорени сериозни работи кои носат свои обврски. – Дуел секојпат е прифатлив, тоа може да значи информација повеќе за граѓаните, комплетно …

Заев не бега од дуел со опозицијата Read More »

Нови 19 случаи со Ковид-19, 26 оздравени и шест починати


Деветнаесет нови случаи на Ковид-19 регистрира Институтот за јавно здравје во последните 24 часа од направени 2.456 тестирања. Од нив, во Скопје – пет, во Куманово – три, Гостивар, Кочани и Демир Хисар по два, Прилеп, Тетово, Кичево, Гевгелија и Неготино по еден случај. Како што соопшти Министерството за здравство, регистрирани се и 26 оздравени …

Нови 19 случаи со Ковид-19, 26 оздравени и шест починати Read More »

Градоначалникот на Карпош, Богоев побара поголемо присуство на полицијата на терен и почести патроли


Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев денеска на работната средба од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во Полициската станица „Карпош“, по повод донацијата од општината на два мопеди за работа на терен на полициските службеници, побарал поголемо присуство на полицијата на терен, почести патроли за сузбивање на т.н. трки со мотори долж бул. „Партизански …

Градоначалникот на Карпош, Богоев побара поголемо присуство на полицијата на терен и почести патроли Read More »

Филипче: Може да очекуваме пратката со 500 илјади вакцини од „Синовак“ да стигне во следните седум дена


Стигна информација од претставниците на „Синовак“ дека може да очекуваме пратката со 500 илјади нивни вакцини да стигне во следните седум дена во нашата земја. Оставам резерва, гледаме со што се соочуваме, меѓутоа верувам дека ова ќе се оствари, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче. Уште една добра информација е, посочи министерот, дека тоа што …

Филипче: Може да очекуваме пратката со 500 илјади вакцини од „Синовак“ да стигне во следните седум дена Read More »

За работа во недела најмалку 50 отсто поголема дневница, вработените во трговските центри ќе имаат двојно поголема


Дневница зголемена за 100 проценти од основната и слободен ден ќе добиваат работниците во трговските центри, кои ќе работат во недела, бидејќи станува збор за неесенцијална дејност. Останатите работници од дејностите на кои поради спецификата или неопходноста за фунционирање на државата ќе им биде дозволено да работат во недела ќе добиваат дневница зголемена за најмалку …

За работа во недела најмалку 50 отсто поголема дневница, вработените во трговските центри ќе имаат двојно поголема Read More »

МВР: Нема да функцинира системот за прием и издавање на лични документи во Скопје од 11 јуни од 16 часот до 15 јуни до 20 часот


Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, ги информира граѓаните дека поради надградба на системот за лични документи, од  11. 06. 2021 година (петок) започнувајќи од 16 часот, заклучно со 15. 06. 2021 година (вторник) во текот на целиот работен ден до 20 часот, нема да биде во функција системот за прием и издавање …

МВР: Нема да функцинира системот за прием и издавање на лични документи во Скопје од 11 јуни од 16 часот до 15 јуни до 20 часот Read More »

УЈП правела техничко доусогласување, ќе се исплатат и останатите средства од „Мој ДДВ“ за првото тримесечје


Вкупно 313.473 граѓани заклучно со вчера добиле поврат на ДДВ за првото тримесечје од годинава со што се реализирани 392.105.912 денари. Како што рече денеска директорката на УЈП, Сања Лукаревска, исплатен ќе биде и останатиот мал процент средства. -Останат е уште мал процент да се врати назад кај корисниците на апликацијата „Мој ДДВ“ зашто имавме …

УЈП правела техничко доусогласување, ќе се исплатат и останатите средства од „Мој ДДВ“ за првото тримесечје Read More »

Има 659 неевидентирани лица, а Управата не знае ни колку постапки се во тек


Вкупниот број на неевидентирани лица кои што се внесени во евиденција согласно Законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени, според податоците добиени од Управата за водење на матични книги изнесува 659 лица. Од нив се доставени 211 Барања за упис во посебната матична книга, што значи, ако го споредиме со вкупниот број на …

Има 659 неевидентирани лица, а Управата не знае ни колку постапки се во тек Read More »

Мафијашко убиство во Валона, крвна одмазда или пресметка на нарко групи


 Приморскиот град Валона, синоќа, кусо по полноќ повторно го вознемири убиство од мафијашки тип, пренесува Топ чанел. Пред вратата на неговиот дом убиен е Шкелзен Велај (42), кон кого напаѓачите рафално испукале најмалку 30 куршуми, од кои 15 завршиле во неговото тело. -Настанот се случил во населбата „24 Мај“, а Велај бил застрелан со „Калашников“ …

Мафијашко убиство во Валона, крвна одмазда или пресметка на нарко групи Read More »

Три деца повредени во сообраќајка во Неготино


 Три деца пешаци биле повредени синоќа во сообраќајна незгода во Неготино. Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски денеска информираше дека сообраќајката се случила околу 21 часот на главната улица ,,Маршал Тито”, во централното градско подрачје. – Сообраќајната незгода била помеѓу  „фолксфаген поло“  со неготински регистарски таблички   управувано од 35-годишник од неготинско село и  три  деца …

Три деца повредени во сообраќајка во Неготино Read More »

Милевски: За една година ги донесовме најважните стратешки документи за локалната самоуправа и регионалниот развој кои се усогласени со политиките на ЕУ


Заедничкиот консултативен комитет меѓу Северна Македонија и Европската Унија е значаен форум преку кој разменуваме знаење и искуство на патот на интегрирање во Унијата. Го преживеавме на нозе разочарувањето од одлагањето на преговорите и продолживме со несмален интензитет да работиме на реформите. Сметаме на вашата поддршка, затоа што вие знаете колку посветено работиме на градењето …

Милевски: За една година ги донесовме најважните стратешки документи за локалната самоуправа и регионалниот развој кои се усогласени со политиките на ЕУ Read More »

За февруари и март 181 работодавач не исплатиле плати на 753 вработени


До 31 мај 2021 година плата на своите вработени не им дале вкупно 181 работодавач кои добиле финансиска поддршка од државата за февруари и март. Од нив, 157 не исплатиле плата за еден месец, а 24 за двата месеца. Како што соопшти денеска директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска, не се исплатени 753 …

За февруари и март 181 работодавач не исплатиле плати на 753 вработени Read More »

Над 10.600 слободни места за прва година студии на УКИМ во 2021/2022


На факултетите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во прва година додипломски студии во учебната 2021/2022 година се слободни вкупно 10 678 места. Според Конкурсот што го објави УКИМ, во квотата редовни, кои се финансираат од буџетот на државата, има места за 5247 студенти и тие ќе плаќаат школарина од 200 евра. За редовни кои ќе …

Над 10.600 слободни места за прва година студии на УКИМ во 2021/2022 Read More »