Десет години затвор за полицскиот специјалец што уби момче за време на полициски час во Тирана


 Судот во Тирана денеска осуди поранешен полицаец на десет години затвор за убиство на младо момче за време на патрола во време на полицискиот час, воведен поради пандемијата на коронавирусот иако обвнителството бараше двојно повисока казна. Судот во Тирана го осуди Невалдо Хајдарај, поранешен припадник на албанската специјална единица „Шќипоња“, за „убиство со пречекурување на …

Десет години затвор за полицскиот специјалец што уби момче за време на полициски час во Тирана Read More »

Италијански фудбалски клубови пред банкрот


  Фудбалските клубови Киево и Новарасе наоѓаат пред банкрот. Клубот од Верона не успеа да се регистрира за наредната сезона во Срија Б, а исто така, тоа не му појде од рака ни на клубот Новара, кога се во прашање натрпеварувања од понизок ранг. Сите клубови во Италија пред почетокот на сезоната мора да докажат …

Италијански фудбалски клубови пред банкрот Read More »

До крајот на август, 90 отсто од случаите со Ковид-19 во ЕУ ќе бидат од сојот Делта


До крајот на август, околу 90 проценти од сите нови случаи на коронавирусот во ЕУ ќе бидат од сојот Делта. Ова беше објавено денеска во заедничката изјава на Европската агенција за лекови и Европскиот центар за превенција и контрола на болести. „Варијантата Делта е загрижувачка бидејќи таа брзо се шири низ цела Европа и може …

До крајот на август, 90 отсто од случаите со Ковид-19 во ЕУ ќе бидат од сојот Делта Read More »

Притвор за 19-годишник за обид за убиство при семејно насилство во Велес


Oсновното јавно обвинителство Велес донесе наредба за спроведување истражна постапка против лице на возраст од 19 години од Штип за кривично дело – убиство во обид при вршење на семејно насилство. Како што информираат од ОЈО Велес, на 13 јули попладнето осомничениот дошол во Велес заедно со својата вонбрачна сопруга во куќа во која живеел …

Притвор за 19-годишник за обид за убиство при семејно насилство во Велес Read More »

Вчера вакцина примиле 9.393 граѓани, досега вакцинирани 434.450 лица


На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се 434.450 граѓани, соопшти Министерството за здравство. Прва доза вакцина вчера примиле 5.626 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 9.393 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 686.788 дози вакцини, а ревакцинирани се 252.338 граѓани. Со последните бројки 57 отсто од населението над 70 години имаат примено …

Вчера вакцина примиле 9.393 граѓани, досега вакцинирани 434.450 лица Read More »

Повторно ќе се обучуваат попишувачи, добредојдени се веќе обучените


Интензивно продолжуваат подготовките за теренскиот попис, што ќе се спроведе во септември оваа година, информира портпаролот на Владата, Душко Арсовски на денешната прес-конференција. – Пописот во септември ќе се спроведе според највисоките статистички стандарди, нагласи Арсовски. Тој додаде дека Владата е убедена оти сите чинители и граѓаните ја сфаќаат важноста од оваа операција, особено што државата има модерен …

Повторно ќе се обучуваат попишувачи, добредојдени се веќе обучените Read More »

Законот за инспекциски надзор во животната средина на јавна расправа


Во конструктивна дискусија со повеќе забалешки и коментари за подобрување на предлог-текстот, помина денешната јавна расправа по нацрт-законот за инспекциски надзор во животната средина. -Убеден сум дека решенијата кои се нудат во овој закон ќе овозможат надминување на одредени констатирани слабости во функционирањето на инспекциските служби, пред се, во недостатокот на кадар и неговата континуирана …

Законот за инспекциски надзор во животната средина на јавна расправа Read More »

Бранителот на Миле Јанакиески побара ослободителна пресуда за „Организаторите на 27 април“


Политичките несогласувања се одличен простор за злоупотреба на ова дело и како одбрана ќе бидеме упорни и доследни, не да ја задоволиме политиката, туку преку правни факти и релевантни докази да дојдеме до вистината, истакна денеска Александар Новаковски, бранител на обвинетиот Миле Јанакиески, кој во завршните зборови од судењето за „Организаторите на 27 април“ побара …

Бранителот на Миле Јанакиески побара ослободителна пресуда за „Организаторите на 27 април“ Read More »

Буш: Повлекувањето на војската од Авганистан е грешка


Поранешниот американски претседател Џорџ В. Буш го критикуваше повлекувањето на САД и НАТО од Авганистан, нагласувајќи дека цивилите се оставени да бидат „немилосрдно убиени“ од талибанците. – Авганистанските жени и девојчиња неописливо ќе страдаат. Ова е грешка … Тие едноставно ќе бидат напуштени да бидат немилосрдно убиени од овие многу брутални луѓе и тоа ми …

Буш: Повлекувањето на војската од Авганистан е грешка Read More »

Судски совет разреши тројца судии и донесе одлука за пензионирање на двајца судии поротници


Судскиот совет на Република Северна Македонија на денешната 378 седница разреши тројца судии поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција и донесе одлука за престанок на мандат на двајца судии поротници од Основниот кривичен суд Скопје поради навршени 60 години возраст. Разрешените судии времено се одалечени од вршење на судиската функција. Судскиот совет, се …

Судски совет разреши тројца судии и донесе одлука за пензионирање на двајца судии поротници Read More »

Уште 18 нови случаи со Ковид-19


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 2.798 тестирања, а регистрирани се 18 нови случаи со Ковид-19: Скопје – 11 , Тетово – 6 и Свети Николе – 1. Регистрирани сe седум оздравени пациенти од: Скопје – 3, Битола, Струмица , Кичево и Берово – по 1. Не се регистрирани починати …

Уште 18 нови случаи со Ковид-19 Read More »

Немало набавки во четири очи, туку набавки без оглас поради итноста, тврди Филипче


Министерот за здравство Венко Филипче, во врска со наодите од извештајот на Државниот завод за ревизија, денеска изјави дека не се работи за набавка во четири очи, туку дека станува збор за набавки за коишто немало оглас, бидејќи било кратко времето да се стигне до потребната опрема или материјали. – Ги прочитав вчера насловите во …

Немало набавки во четири очи, туку набавки без оглас поради итноста, тврди Филипче Read More »

(Видео) Бура во Баварија: Поплавени подруми, луѓето бегаа од дома


Во Баварија во округот Хоф, прогласена е вонредна состојба поради силна бура проследена со грмотевици и обилни дождови. Баварскиот Црвен крст јави дека итните служби не можеле да одговорат на сите повици со оглед на тоа што голем број луѓе повикале помош. Но, додаваат дека ќе дадат сѐ од себе да стигант секаде каде што …

(Видео) Бура во Баварија: Поплавени подруми, луѓето бегаа од дома Read More »

Од почетокот на годинава над 100 милиони евра странски инвестиции во државава


Од почетокот на оваа година во Технолошките индустриски развојни зони се потпишани нови договори со вкупен обем на инвестиции од 65 милиони евра, а вкупно на ниво на држава износот на странски инвестиции е над 100 милиони евра, информира на денешната прес-конференција владиниот портпарол Душко Арсовски. На новинарско прашање колкави се очекувањата да достигнат бројките …

Од почетокот на годинава над 100 милиони евра странски инвестиции во државава Read More »

Општина Аеродром ќе поставува фотоволтаици и ќе компостира биоотпад


Општина Аеродром денеска го промовираше Јавното претпријатие за развојни проекти и првите два проекта за фотоволтаични термални системи и за управување со органски отпад. Целта за формирање на ова претпријатие е реализација на проекти во рамки на стратегијата „Аеродром – прва општина со европско знаменце“. Како што информира в.д. директорот, Владимир Стевков, станува збор за …

Општина Аеродром ќе поставува фотоволтаици и ќе компостира биоотпад Read More »

Обвинение за Миле Јанакиески и за двокатните автобуси – штетата е 4,77 милиони евра


Поранешниот министер за транспорт, Миле Јанакиески, доби уште едно обвинение, овој пат за набавката на двокатните автобуси во Скопје. Истрагата за оваа набавка од 2008 до 2010 година покрена поранешното Специјално јавно обвинтелство, а сега Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по истражната постапка поднесе обвинителен акт до Кривичниот суд за …

Обвинение за Миле Јанакиески и за двокатните автобуси – штетата е 4,77 милиони евра Read More »

Момче и девојка се обесија во Штип поради недозволена љубов


Двојна трагедија го потресе штипскиот регион, откако момче и девојка поради недозволена љубов во рок од 24 часа си ги одзедоа животите со бесење. Дваесет и пет годишното момче се обеси вчера на локалитетот „Баргала“, а утринава и неговата 21-годишна девојка од селото Аргулица. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврдува дека утринава во 9.20 часот …

Момче и девојка се обесија во Штип поради недозволена љубов Read More »

Претрес во Прилеп, пронајдени оружје и муниција


Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи од ОВР Прилеп, по добиена судска наредба извршиле претрес во дом и други простории во село Житоше кај И.А.(43), при што се пронајдени и одземени едеб пиштол „Роси“ калибар 22 милиметри, пет куршуми 22 милиметри, 12 куршуми калибар 7,62 х 25 милиметри, еден сигнален пиштол и една …

Претрес во Прилеп, пронајдени оружје и муниција Read More »

Ќе се носи нов закон за градење, стариот бил премногу пати менуван


Ќе се донесе нов закон за градење за кој веќе е изработена нацрт-верзија и во тек се консултации со стручната јавност. Во него, меѓу другото, се предвидува скратување на постапките за издавање на актите за градење со воведување обединета постапка за сите видови акти, укинување на прекумерниот број позитивни мислења и согласности за градење, како …

Ќе се носи нов закон за градење, стариот бил премногу пати менуван Read More »

(Во живо) Завршни зборови на одбраната во случајот „Организатори на 27 април“


Одбраната и обвинетите во случајот „Организатори на 27 април“ денеска во Основниот кривичен суд во Скопје даваат завршни зборови. Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, поранешните министри за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски. Тие се товарат дека сториле …

(Во живо) Завршни зборови на одбраната во случајот „Организатори на 27 април“ Read More »