Италијански фудбалски клубови пред банкрот


 

Фудбалските клубови Киево и Новарасе наоѓаат пред банкрот.

Клубот од Верона не успеа да се регистрира за наредната сезона во Срија Б, а исто така, тоа не му појде од рака ни на клубот Новара, кога се во прашање натрпеварувања од понизок ранг.

Сите клубови во Италија пред почетокот на сезоната мора да докажат дека се финансиски стабилни за да се спречи да банкротираат во текот на сезоната.

Според извештаите кои пристигнуваат од Италија, жалбите на двата клуба ќе бидат одбиени.

Доколку Киево не успее да се регистрира, местото на неговата екипа ќе го заземе Козенца која лани испадна од Серија Б.